Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа - Канал 5

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа

СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа.

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа

Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат и СДС и Левица на следните избори, како и успехот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во делот на реализација на Реформската агенда и повлекување на средствата од Планот за раст, го вклучи алармот во двете партии и се здружија заедно во блокирање на реформскиот закон односно Изборниот законик.

Иако Законот беше усогласен со сите забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР, барањата на СДС и Левица не се суштински, туку имаат за цел да направат штета на Македонија во делот на исполнување на Реформската агенда.

Врз основа на тоа, јасно укажавме дека оваа коалиција на Филипче и Апасиев, да поднесат амандмани за корекција на начинот на заокружување на гласачкото ливче, да поднесат амандмани за процесот за поднесување на приговори, да ги повлечат другите демагошки амандмани кои ги поднесоа и заедно сите политички чинители во консензус да го донесеме Изборниот законик.

Единствено што бараме и тоа е нашта црвена линија и беше прифатено, тоа е нашата македонска дијаспора на следните претседателски избори да гласа по електронски пат.

Почитувани граѓани,

Нема да дозволиме СДС и Левица на чело со Филипче и Апасиев, да си создаваат алиби за дебаклот што ги чека на следните избори.

ВМРО-ДПМНЕ не работи по стапките на СДС, во чии редови очигледно им работи Фројд. Тоа што тие би го направиле, нам ни на мисли не ни поминува.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Чакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. 

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош.

Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24.

Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни ра

МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми

Соопштение МВР

Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои претходно успешно ја поминале административната селекција.

Во рамки на административната селекција, меѓу другото, се утврдува исполнувањето на условот кандидатот да има најмалку „добар“ општ успех во двете завршени години средно образование и да не му биле изрекувани педагошки мерки во училиштето во кое ги завршил прва и втора година.

Во конкретниот случај, кандидатот не е повикан на проверка на моторичките способности бидејќи не ја поминал административната селекција, односно не ги исполнил сите услови што се проверуваат во оваа фаза.

По завршувањето на целокупната постапка, кандидатите ќе бидат известени за исходот од селекцијата, а согласно предвидената постапка ќе им биде овозможен и увид во документацијата.

Министерството за внатрешни работи апелира да не се изнесуваат неточни и непотврдени информации пред официјалното завршување на процесот. Селекцијата се спроведува професионално, согласно критериумите од јавниот повик и со еднаков третман на сите кандидати, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

РЕАКЦИЈА НА СДС

Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека Зоран Заев заедно со Венко Филипче ужива на милионската јахта на егејското море.

Следниот пат кога ќе испраќа СДС барање за откупот на пиперката нека ги насочи кон најголемиот откупувач Мамас Ајвар и Зоран Заев. Прашањето кое е непознато од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини?

Едно е сигурно, СДС Заев и Филипче ја мразат Македонија и тажат за секој нејзин успех. Тоа е талогот кој сака да ја убие секоја надеж.

притисни ентер