ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека бил „тројански коњ“ во Брвеница, оттаму вратија -„ниедна партија не е сопственик на гласовите“
1ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека бил „тројански коњ“ во Брвеница, оттаму вратија -„ниедна партија не е сопственик на гласовите“
3Сиљановска-Давкова на англиски ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме актуелните предизвици
ФудбалМамиќ замина од потпретседателското место на Хрватскиот фудбалски сојузКонтроверзниот Здравко Мамиќ повеќе не е потпретседател на Хрватскиот фудбалски сојуз, откако поранешниот претседател на Динамо Загреб, реши сам да се повлече од оваа функција.Мамиќ, против кога се покренати кривични обвиненија за злоупотреба на фунцијата прв човек на Динамо Загреб, одлуката за напуштање на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) реши да ја соопшти на јавноста преку соопштение. Во соопштението кое е објавено и на официјалната интернет страна на ХНС, а пренесено од сите хрватски медиуми Мамиќ пишува: „Почитувана хрватска јавност. Како што веќе знаете од јануари оваа година повеќе не сум извршен претседател на Динамо Загреб. Тоа го направив од причина Динамо во кој со години се колнев да може непречено да чекори во иднина. Сега од истите причини и со многу тага заминувам од местото прв потпретседател на Хрватскиот фудбалски сојуз. Не сакам повеќе да бидам причина поради која поединци ќе ги смалуваат успесите на моите колеги од Хрватскиот фудбалски сојуз и Динамо за фантастичните резултати кои веќе со години ги веселат нашите сограѓани. Не сакам моето име да служи како изговор за нанесување на штета на угледот на хрватскиот фудбал кој со својата работа и своите резултати служи за пример. За хрватскиот фудбал ја дадов својата душа и сто свое знаење па се надевам дека ќе продолжи и понатаму со низата на фантастични работи како и досега, за кои ќе зборува целиот свет, тоа им го посакувам од срце. Јас во иднина ќе се посветам на својата приватна ситуација и уверен сум дека ќе ја докажам својата невиност за се што ме теретат. Хрватскиот фудбалски сојуз и Динамо во мене секогаш имаат најверен навивач“. Мамиќ го чека судската постапка во која се тевари за затајување на данок во висина од најмалку 12,милиони куни (околу 1,6 милиони евра), но и дека го оштетил Динамо Загреб за нешто помалку од 116 милиони куни (околу 15,5 милиони евра). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека бил „тројански коњ“ во Брвеница, оттаму вратија -„ниедна партија не е сопственик на гласовите“Победата на кандидатот на коалицијата на ДУИ Аркин Јахиј за прв човек на Брвеница ги скара владините партнери ВМРО-ДПМНЕ И Вреди. Од ВМРО-ДПМНЕ го признаа поразот на нивниот кандидат Стојанчо Радичевски кој загуби со околу 200 гласа разлика и ја обвинија Вреди за „тројански коњ“ која според нив, одработила за ДУИ. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во објава на ФБ од Германија порача дека тие во изборната трка биле сами против сите, со концепт и програма додека противниците, играле на национална карта. Но и покрај меѓусебните прозивки, од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека Брвеница ќе ја има поддршката од Владата, а владината коалиција не е загрозена. -Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена, изјави Манасиевски. Од ВЛЕН, пак, им одговорија дека ниедна партија не е сопственик на гласовите, а граѓаните гласале по сопствена волја и убедување. Од партијата оценуваат дека изборите во Брвеница покажале оти земјата сè уште треба да работи на изградба на инклузивно и граѓански ориентирано општество. - Ниту една политичка партија не ги контролира гласовите, ниту, пак, некоја партија може да полага право на сопственост врз нив. Гласовите им припаѓаат на граѓаните, кои се слободни да одлучат кому сакаат да ја доверат својата поддршка, реагираат од Вреди. Во критиките од ВМРО-ДПМНЕ, кои покрај Вреди за изборниот исход ги обвинија и СДСМ и Левица, лидерот на социјалдемократите Венко Филипче гледа обид од власта за дефокус и повтори дека СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори. -Сметам дека таа тема и тоа што се форсира од ОКГ на ВМРО е само уште еден обид за дефокус, ама нема да можат да направат дефокус со никакви избори во Брвеница, за оваа катастрофа и дебакл којшто го направија, со кој го загрозија целокупниот финансиски ситем во земјава, изјави Филипче. И додека владините партнери меѓусебно се обвинуваа, Али Ахмети, коалициските партнери и поддржувачи синоќа триумфалистички ја славеа победата на Аркин Јахиј во Брвеница. Ахмети во говорот порача дека Брвеница е општина со албанско мнозинство, а Албанците според него биле господари на оваа земја. - Македонија не му припаѓа ниту на Христијан ниту на Бранко Црвенковски, Македонија е татковина на Албанците кои се автохтони. Ние сме државотворци и ние сме господари на оваа земја. Ние преземаме одговорност да ги движиме процесите напред за земјата што ни припаѓа, изјавил Ахмети. Јахиј од ДУИ во Брвеница победи во тесна трка со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Радичевски, а разликата беше само 265 гласа. Според објавените резултати на ДИК, по обработката на податоците од сите 24 избирачки места, Јахиј освоил 4.442 гласа, односно 50,36 отсто од гласовите додека неговиот противкандидат Радичевски добил 4.177 гласа или 47,36 отсто. На изборите гласале вкупно 8.820 избирачи, што претставува излезност од 54,29 отсто, а регистрирани се и 201 неважечко гласачко ливче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен е сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, по 30 часа распитТројца вработени во „Алта банка“ во Србија, меѓу кои и нејзиниот сопственик Давор Мацура, се уапсени под сомнение дека незаконски извлекле околу 383 милиони евра од банкарскиот трезор.Според Обвинителството за организиран криминал, Мацура со помош на директорот на одделението за трезорско работење и уште еден вработен, неовластено влегувал во трезорот и изнесувал пари. При претресите на банката, извршени на 31 октомври и 1 ноември, бил направен и попис на готовината. На тројцата осомничени им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат сослушани пред обвинителството. Случајот го води Обвинителството за организиран криминал кој веќе побара проверка на сомнителните трансфери на пари во странство. Освен работата на банката, банкарскиот скандал отвори сериозни прашања и за одговорноста на Народната банка на Србија. Тамошните експерти оценија дека ненадејниот колапс на банката, која со години бележела забрзан раст, претставува сериозен пропуст на надзорните институции, а Народната банка прескокнала цела низа чекори пред да ѝ ја одземе дозволата. Дел од познавачите, сметаат дека одлуката е политичка. -Првиот чекор од таа контрола е изрекување парична казна за одговорните лица. Ако состојбата не се подобри, се воведува принудна управа. Ако и тогаш состојбата не се поправи, се носи одлука за затворање на банката. Како што е направено сега во Црна Гора, воведена е принудна управа. Народната банка го прескокна сето тоа и одеднаш. Таа одредба, особено решението, е скандалозна. Едноставно кажано, банката е пропадната. Да потсетиме едно клучно прашање дека таа одлука е донесена ден по резултатите на изборите. Кучното прашање е дали НРБ на Србија би ја одземала дозволата за работа ако резултатите од изборите беа други? – Верољуб Дугалиќ, долгогодишен генерален секретар на Здружението на банки на Србија По се погласните шпекулации дека може да биде уапсен, доскорешениот српски претседател, а сега опозициски лидер Александар Вучиќ порачува дека не се плаши зашто како што посочи, бил чист и нема повзраност со какви било финансиски малверзации. -Претседател да апсите? Јас за пари не сум потпишал ништо и не работам ништо. Не можете да најдете ништо од тоа. Не знам дали ме разбирате. Можете да барате дали тој некогаш нешто рекол, трла баба ла... Единствено што можат е да се закануваат и некого да држат во страв. Мене да ме држите во страв со тоа што ќе кажете дека ќе ме уапсите? Тоа е глупава приказна. – Александар Вучиќ, лидер на опозицијата Носителот на листата победничката Студентска листа, Илија Срдановиќ, пак, најави дека идните апсења ќе се спроведуваат исклучиво врз основа на докази за сторени кривични дела согласно законите. Во интервју за српска „Нова“ тој ги повика вработените да се спротивстават на уништувањето на документите во дел од институциите. Најавите следуваат по вчерашното апсење на двајца високи полициски функционери, Марко Кричак и Бошко Секуловиќ, осомничени за злоупотреба на службената положба. Британски „Фајненшл тајмс“, пишува дека „Алта банка“ била најотворена банка за Русите во Србија, а сега е под истрага поради сомневања за префрлање големи суми пари во странство по изборниот пораз на Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова на англиски ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме актуелните предизвициИлијана Јотова е новата претседателка на Бугарија – таа убедливо го победи противкандидатот Андреј Ѓуров со разлика од 343,601 глас, освојувајќи 57,6% од вкупните гласови во вториот круг на изборите. Во своето прво обраќање, Јотова се заблагодари на премиерот Румен Радев за поддршката, но и го обвини Ѓуров , за како што рече, исклучително агресивна кампања против неа. -Би сакала да изразам најдлабока благодарност до „Прогресивна Бугарија“. Почитуван г. Радев, немаше да успееме без вас. Изминатите неколку дена поминаа во целосна мобилизација. Сакам да Ви се заблагодарам што ниту за миг не се поколебавте во вашата поддршка за мене. Исто така, сакам да ѝ се заблагодарам на Бугарската социјалистичка партија, која, како и секогаш, застана покрај мене во оваа исклучително тешка битка. - Илијана Јотова, претседателка на Бугарија -Завршуваме една тешка изборна година, но насоката е јасна.// За нас, овие избори потврдуваат дека правецот што го зазедовме е вистинскиот и нè охрабруваат да спроведеме уште поодлучни и поактивни реформи.- Румен Радев, премиер на Бугарија Во своето обраќање по поразот - Ѓуров кој беше поддржан и од поранешниот премиер Бојко Борисов, изјави дека го прифаќа резултатот но дека ќе биде дел од активната опозиција во државата. -За сите што беа дел од кампањата, за оние што нè поддржаа и веруваа дека постои нов пат за Бугарија – разбирам дека ова предизвикува одредено разочарување, но верувам дека ништо не беше залудно, дека најдоброто допрва доаѓа и дека создадовме навистина цврста платформа врз која можеме понатаму да градиме. - Андреј Ѓуров, кандидат за претседател на Бугарија Честитки за Јотова испрати и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која побара соработка базирана на заемна почит и искрено партнерство. -Во име на македонските граѓани и во мое лично име, срдечно им честитам на претседателката Илијана Јотова и на потпретседателот Кирил Валчев за нивната изборна победа. Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да придонесеме за мирот, стабилноста и просперитетот.- Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија Во својата изборна кампања, Јотова во однос на Македонија ги повтори веќе добро-познатите бугарски ставови. Дополнително, таа најави дека ќе заземе побалансиран став кон Русија, ја повика Бугарија да биде „помалку послушна кон ЕУ„ но и изрази скептицизам за понатамошна бугарска воена помош за Украина. Јотова е првата избрана жена претседател на Бугарија, а до отставката на Румен Радев беше негов заменик-претседател. Претходно во два наврати беше и член на Европскиот парламент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00