Малинов: Бугарија нема да ги запре испораките на руски гас за Македонија, Грција и Србија - Канал 5

Малинов: Бугарија нема да ги запре испораките на руски гас за Македонија, Грција и Србија

Извршниот директор на бугарската државна компанија Булгартрансгаз, Владимир Малинов, за БНТ изјави дека иако Русија ја прекина испораката на природен гас за Бугарија, нема да го запрат транзитот на руски гас за Македонија, Грција и Србија.

Малинов: Бугарија нема да ги запре испораките на руски гас за Македонија, Грција и Србија

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Малинов, Бугарија започнала преговори со Турција за обезбедување рута за снабдување со природен гас како алтернативна рута.

Булгартрансгаз е подготвен да го наполни бугарското национално складиште за гас во Чирен до крајот на летото и на есента. Малинов рече дека вчера е направено уште едно тестирање на гасната врска меѓу Бугарија и Грција и се се одвива според планот, така што интерконекторот ќе биде завршен до крајот на јуни, иако самиот Булгартрансгаз нема да биде негов оператор.

Заклучно со 15 мај има 113 милиони кубни метри гас во складиштето во Чирен, што претставува околу 21 отсто од техничкиот капацитет, додаде Малинов.

Започнало полнењето на бугарското складиште за гас и дневно се танкираат околу 1 милион кубни метри гас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбраната

Четири дена пред трагедијата во Пулс била договорена координирана акција за дрога, алкохол и малолетници, потврдил на денешното рочиште против 13-те полициски службеници, сведок на одбраната.

Ново рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбраната

Секторскиот состанок се одржал на 11 март со началникот на СВР Штип на кој била издадена наредба за координираната акција , сведочел на рочишето поранешниот началник на ОВР Пробиштип .

Екс началникот сведочел дека од началничката од Кочани му биле побарани професионалци и лица на ниво на задачата, а дека ниту тој ниту анагжираните полицајци од Пробиштип немале информации во кои угостителски објекти ќе се извршува акциската конртола.

Според неговото сведочење, заради лошите искуства акцијата била со усна а не со писмена наредба. Мегу ангажираните полицаји бил и Тоше Тодоровски, кој загина кобната ноќ во Пулс.. Сведок пак кој бил гостон во дискотеката изјавил дека забележал како еден од еден од обвинетите полицајци помагал во текот на ноќта, а дел од обвинетите биле надвор. Гостинка која пристигнала по два часот ноќта сведочи дека откако Панчо алармирал за пожарот се упатила кон излезната врата, каде заради преголемата гужва бил искршен и гипс картон, но и стакло на вратата. Таа изјавила дека таму паднала и се заглавила.. Се сеќавам дека се обидуваше да ме извлече лице во униформа – изјавила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Професорка во Австралија сексуално злоставувала двајца средношколци, оди во затвор

Поранешна професорка во средно училиште во Сиднеј е осудена на 15 месеци затвор за сексуални дејствија во кои биле вклучени двајца ученици.

Професорка во Австралија сексуално злоставувала двајца средношколци, оди во затвор

Тејла Ли Брејли денес се појави пред Окружниот суд во Парамата откако се изјасни за виновна по четири обвиненија, објавува „Канбера тајмс“.

Обвиненијата се однесуваат на прекршоци извршени во текот на 2024 година, кои вклучуваат сексуални дејствија со двајца тинејџери, како и користење на телекомуникациски услуги за испраќање и пристап до материјал што прикажува злоупотреба на деца.

Судијката Елизабет Рајан изјави дека начинот на кој Брејли ја издал довербата меѓу професорката и нејзините ученици заслужува затворска казна.

„Ваквите прекршоци нанесуваат огромна штета на довербата што мора да постои помеѓу семејствата и образовниот систем“, изјави судијката Рајан.

„Поради тоа, единствената соодветна казна е затворска“, додаде таа.

Детективите првично ја уапсија Брејли во август 2024 година, во едно училиште во Сиднеј.

Ученик: Го напуштив училиштето од срам Во тоа време, таа беше обвинета за сексуално вознемирување и за одржување сексуални односи со лице под посебна грижа.

Откако беше пуштена на слобода со кауција, таа повторно беше уапсена помалку од две недели подоцна. Притоа, таа беше обвинета за дополнителни сексуални дејствија во кои бил вклучен уште еден тинејџер.

На суд беше изнесено дека Брејли била таа што прва стапила во контакт со еден од младите мажи. Судијката прочита изјава за влијанието врз жртвата, подготвена од еден од тинејџерите, при што истакна дека нејзините постапки оставиле длабока трага кај учениците.

„Тој напиша дека чувствува срам и дека морал да го напушти средното училиште пред да го заврши 12-то одделение – што одговара на нашата четврта година во средно училиште – токму поради тој срам“, изјави судијката.

„Тој пател од несоница и бил прогонуван од трауматични сеќавања. Рече дека никој од неговите пријатели од училиштето веќе не разговара со него. Се чувствувал како тоа да е негова вина“, нагласи таа.

Судијката се осврна и на писмата од членовите на семејството на обвинетата, во кои се наведува дека поради овие кривични дела, 32-годишната жена останала без брак, работа и углед. Таа, исто така, изнесе детали од психолошката проценка доставена до судот. Во извештајот се наведува дека на Брејли ѝ е дијагностицирано биполарно растројство и дека, најверојатно, се наоѓала во манична фаза во моментот кога биле извршени делата.

„Во јули 2024 година, г-ѓа Брејли направи ужасни грешки. Таа ја искористи својата положба како наставничка за да ја злоупотреби довербата на две млади лица“, изјави судијката. Брејли ќе стекне право на условен отпуст на 24 април 2027 година. Судијката, исто така, наложи нејзиното име да биде внесено во полицискиот регистар на сексуални престапници во Нов Јужен Велс, во траење од 15 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата.

Хоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата, чија цел е унапредување на системот за управување со квалитетот на воздухот.

Хоџа истакна дека борбата против загадувањето бара системски пристап, сигурни податоци и координирано дејствување на сите надлежни институции.

Во рамки на проектот се подготвени нацрт на новиот Закон за квалитет на амбиентниот воздух, осум нови подзаконски акти, како и национални планови за квалитетот на воздухот и контрола на загадувањето за периодите 2027–2031 и 2027–2037 година.

Проектот придонесе и за унапредување на мониторингот на загадувањето, подобрување на инвентарите на емисии и јакнење на институционалните капацитети.

„Нашата одговорност е податоците и законските решенија да ги преточиме во поефикасни политики и подобар квалитет на воздухот. Продолжуваме да работиме на системски решенија што ќе придонесат за заштита на здравјето на граѓаните и почиста животна средина“, порача министерот Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер