Македонско претставување на 14-тото „La Biennale di Venezia“ - Канал 5

Македонско претставување на 14-тото „La Biennale di Venezia“

Архитектонското Биенале во Венеција со своите тринаесет досегашни одржани настани е една од најпрестижните глобални архитектонски манифестациии, преку која локалните архитектонски сцени од сите меридијани (со)учествуваат во формирањето на светските трендови и текови во архитектурата.

Престојното архитектонско биенале во неколку аспекти се разликува од претходните – неговото времетраење е продолжено речиси двојно – Биеналето е отворено за публика од 7.06.–23.11.2014 г.; отворањето на манифестацијата наместо во септември, како што досега беше вообичаено е поместено за 7-ми јуни; а неговиот куратор - холандскиот архитект Рем Колхас, како што самиот вели овојпат ќе се обиде да го оттргне фокусот од архитектите и да го врати назад кон архитектурата, кон нејзината историја и основните елементи кои го засегаат „секој архитект, секаде и во секое време“.

Во делот на националните претставувања, преку темата „Впивање на модерната 1914-2014“ (Absorbing Modernity 1914-2014), Колхас постави една генерална рамка замислена да ги обедини поединечните претставувања, во која секој национален претставник ќе ја вгради сопствената приказна за 100-те години архитектонски модернизам. Прифаќајќи го предизвикот да одговори на вака поставената тема на 14-тото Биенале, Македонскиот национален претставник – проектот „Наоди“ се насочува кон претставување и промоција на обемното и разновидно наследство на македонската модерна архитектура, видена низ специфичниот пример на архитектонската историја на Скопје. Проектот „Наоди“ е поднесен од страна на ЈУ Младински културен центар од Скопје. Куратор на проектот е Јован Ивановски, доцент на архитектонскиот факултет во Скопје при УКИМ, заедно со колегите-автори Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Горан Мицковски и Александар Радевски; комесар на проектот е Златко Стевковски од Младинскиот културен центар.

Трагајќи низ историјата на градот и низ неговите архитектонски сеќавања од последното столетие, истражувачкиот проект „Наоди“ е насочен кон истражување, документирање и каталогизација на 50 архитектонски реализации од доменот на јавните згради - кои ја илустрираат специфичната историја на архитектонската модернизација на Скопје. Правејќи свесна аналогија со археологијата, истражувањето е насочено кон нивно (пре)откривање и (пре)прочитување, внимателна селекција, вреднување и препознавање на потенцијалот кои овие составни делови на модернистичкиот урбан архипелаг на градот Скопје го поседуваат. Нивното фактографско, но и креативно толкување, недвосмислено води и до прашањето на дефинирање на трајните архитектонски вредности. Во таа насока, истражувањето утврдува дека токму модернистичката архитектонска колекција – производ на неколку дистинктивни модернизациски процеси – е таа која во голема мера го одредува архитектонскиот идентитет на градот Скопје.



Како и неколку пати до сега, Македонското претставување на Венециското биенале ќе биде сместено во рамки на историскиот простор на Арсенале, овојпат во Сала д'Арми (Sala d'Armi).

Македонскиот павиљон е замислен како слободностоечко тело (со димензии 3.33 х 3.33 м во основа и 2.25 м во висина) кое во својата структура претставува состав на повеќе основни (традиционални) изложбени елементи кои обединети во нова целина се доживуваат како една комлексна изложбена „витрина“.

Опишано по еден инверзен редослед, витрината ги содржи следните елементи: на најгорната површина на павиљонот се наоѓа хоризонтална мрежа која го претставува „археолошкиот план“ на централното градско подрачје на Скопје. Оваа површина од околу 4км2 (2х2 км) всушност е и клучното подрачје кога станува збор за серијата последователни модернизации на градот. Горната ортогонална мрежа укажува на присуството и распоредот на различните градски фрагменти, претставувајќи го карактерот на градскиот пејзаж на Скопје како просторна збирка од недовршени и деконтекстуализирани модернизациски визии. Фрагментите, во директна и во преносна (симболичка) смисла, фрлаат сенка врз групата архитектонски модели позиционирани во зоната под нив, поставени врз една правилна ортогонална агрегација од изложбени постаменти. Архитектонските модели, кои се различни во својата материјалност - израз на нивниот материјален карактер, се 'извлечени' од ткивото на градот, односно од тежината на нивните непосредни соседства, нудејќи на тој начин нови читања и нови релации помеѓу нивните различни архитектонски идентитети. Празнината на витрината во која се наоѓаат може да се сфати и како метафора за седиментот на релативно „анонимната“ архитектонска маса која ги опкружува во реалниот контекст. Презентирани на овој начин, самите објекти добиваат ново значење, во смисла на вредни артефакти од една поширока (музејска) колекција.

На надворешната површина на павиљонот, во форма на типолошки и хронолошки есеј, презентиран е хронолошки дијаграм кој ги илустрира педесетте примери, секој од нив релевантен во расветлувањето на модерната архитектонска историја на градот. Внатрешната површина на хронолошкиот дијаграм содржи креативно преработени и колажирани архивски фотографии од селектираните објекти.
Отсуството на заштитно стакло на оваа мета-витрина е свесно – од една страна обезбедува подобра врска на посетителот и изложениот материјал; од друга, метафорички се осврнува кон современата состојба на модернистичкото наследство кое е несоодветно вреднувано, незаштитено и, последователно, изложено на бројни просторни, типолошки и естетски обезвреднувања, заради кои засекогаш исчезнува од ризницата на вредни културни добра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска разговараше со лидерот на листата Студентска листа - Студентите победуваат, Илија Срдановиќ, на кого му ја честиташе победата на листата на парламентарните избори во Србија.

Илија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ

„Приоритет сега е да се конституира парламент и да се формира нова влада без одложување, преку мирна транзиција и со целосно почитување на резултатите од изборите. Србија има место во Европската унија“, напиша Коста на мрежата X, наведувајќи дека имал добар разговор со Срдановиќ, додавајќи:

„Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите што ги побара српскиот народ: владеење на правото, борба против корупцијата и слобода на медиумите.“

На парламентарните избори одржани во неделата во Србија, листата Студентска листа - Студентите победуваат освои 141 место со 53 проценти од гласовите, додека листата Александар Вучиќ - Обединета Србија беше втора со 38,8 проценти од гласовите, или 103 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)

Холандија нема да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2027 година. 

Холандија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)

Холандскиот јавен радиодифузен сервис NPO одлучи да ја повлече апликацијата откако некои радиодифузери и вработени се спротивставија на учеството. NPO изјави дека во моментов немаат доволна поддршка за враќање на натпреварот.

Не успеаја да постигнат договор

Претседателот на одборот на NPO, Јет де Раниц, објасни дека разговарале со издавачите, но не можеле да најдат решение што ќе ги задоволи сите. Иако на почетокот се чинеше дека има поддршка за учество, на крајот се покажа дека не е така.

„Затоа, заклучивме дека е сè уште рано да се вратиме на Евровизискиот натпревар за песна 2027. Со оглед на чувствителноста на темите што се дискутираат, веруваме дека е најдобро засега да се откажеме од учеството“, рече Де Раниц, пренесува холандскиот RTL.

YouTube video

Прво го најавија своето враќање, а сега се откажаа

Одлуката дојде како изненадување бидејќи NPO на крајот на септември објави дека Холандија ќе се врати на Евровизискиот натпревар по едногодишна пауза.

Промената се случи откако телевизиската компанија AVROTROS, која со години беше задолжена за настапот на Холандија на Евровизискиот натпревар, ја предаде организацијата на NPO кон крајот на август.

AVROTROS се спротивстави на враќањето на натпреварот, првенствено поради вмешаноста на Израел и војната во Газа. NPO потоа, и покрај овие приговори, одлучи да ја регистрира Холандија, сметајќи дека Евровизија може да биде можност за поврзување на луѓето преку музика.

Но, по новите разговори со издавачите, одлуката беше променета.

„Мораме заедно да ја преземеме одговорноста“

Директорот на програмата на NPO, Јуре Босман, рече дека разбира зошто учеството на Израел предизвикува дебата и поделби. „Сакаме да испраќаме изведувачи и нивните тимови на Евровизискиот натпревар само ако барем еден издавач цврсто стои зад нив. Ова е единствениот начин тие соодветно да ги претставуваат вредностите на музиката, културата, различноста и заедништвото“, рече тој.

Тој нагласи дека одговорноста за учеството не може да лежи само кај изведувачите. „Мораме заедно да ја преземеме таа одговорност. Затоа, по разговорите со Советот на издавачи, одлучивме дека Холандија нема да учествува на Евросонг во 2027 година“, додаде тој.

Иако нема да испратат свој претставник, Холандија сепак ќе го емитува Евровизискиот натпревар. Како и досега, NOS ќе биде задолжена за телевизиското емитување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува

Руските компании се подготвуваат да испратат четврти танкер со дизел гориво од Русија во САД, кој треба да исплови на 28 октомври, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак.

Дизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува

„Во моментов, три брода се на пат кон САД. Очекуваме четвртиот танкер да исплови на 28 октомври“, изјави Новак за новинарите на маргините на 28-от министерски состанок на Форумот на земјите извознички на гас (GECF), објави Интерфакс.

Тој истакна дека општите договори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп се спроведуваат и покрај притисокот од демократите во врска со овие договори.

„Ставот на демократите, кои зборуваат или дури дејствуваат спротивно на интересите на народот на САД, е изненадувачки“, рече Новак.

Демократските сенатори и членовите на Претставничкиот дом на САД претходно испратија писма до поединечни банки и морски пристаништа, барајќи од нив да ја зачуваат документацијата за трансакциите со Русија поради евентуална истрага за договорот за снабдување со дизел од Русија.

Во писмата се наведува дека договорот за снабдување со дизел од Русија може да претставува ризик за националната безбедност на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер