ФудбалМакедонските фудбалери на чекор до Мундијалот во КатарНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија продолжува да пишува нови страници во нашата спортска историја. По премиерниот настап на едно Еуро црвено жолтите се изборија и за историското прво учество во еден бараж за пласман на најголемата смотра на фудбалот Светскиот шампионат. Победата над Исланд синоќа од 3-1 ги отвори портите за македонскиот национален тим за учество во мундијалскиот бараж за пласман на првенството во Катар. На патот за бараж фудбалерите на Македонија поставија неколку нови рекорди. По скоро 30 години квалификации оваа генерација на македонски фудбалери обезбеди пласман во еден бараж за светски шампионат со освојување на најголем број на бодови, постигнување најмногу голови и освојување на историското второ место во една квалификациска група. За капитенот Стефан Ристовски овој историски резултат е реален на квалитетот на тимот. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за влез на Европско, за бараж на Светско. Македонија отвора очи на фудбалскиот сввет. Како што напоменав, квалитетот излезе на површина. За среќа имаме одлични играчи кои играат во квалитетни лиги, и тоа ја направи разликата. Денеска Македонија е загушена од разни работи. Мене ми е драго што колку толку овој народ го израдувавме. Оваа соблекувална нема црн бел, нема Албанец – Македонец, има еден дрес и тоа го покажуваме, и мислам дека Македонија заслужено влезе во бараж“,изјави по мечот капутенот Стефан Ристовски. Слично размислува и неговиот партнер во одбраната Алиоски, кој смета дека македонија има што да покаже и во баражот. Во македонска фудбалска репрезентација многу се смени генерално, од стручен штаб, претседател, надвор од тимот и други што работат и се гледа. Не е само ние да играме надвор, и тоа да биде успех. Силата е во заедништвото. Тоа е нешто што недостасуваше пред 6-7 години. Сега мислам дека тука сме кај што треба да бидеме, и секогаш можеме да бидеме подобро, но далеку е Катар, затоа што во баражот ќе ни биде тешко. Но, треба да веруваме во нашиот тим, во нашиот квалитет, истакна Езѓан Алиоски, репрезентативец. Предводникот на тимот Милевски по труимфот над исланд истакна дека никогаш не се сомневал во успехот на нашите нови фудбалски херои. „Би сакал да се навратам малку назад, да се заблагодарам на сите што се заслужни за овој успех, тука мислам на мојот претходник, и сите играчи кои беа дел, а веќе не се во репрезентација. Честитки до играчите, до момците, што и да се каже во моментов е малку не само на денешниот меч, туки и на сите натпревари во циклусот. Го очекував ова. Не би се бавел со оваа работа, ако не очекувам да бидеме успешни, да имаме успешна соработка со момците“, изјави селекторот Благоја Милевски. Најдобрите фудбалери противниците во мундијалскиот бараж ќе ги добие по ждрепката на 26 ноември во Цирих. Во комплицираниот бараж за пат во катар кој ќе биде сличен на плеј-офот од Лигата на нации за пласман на Евро 2020,во друштво на Македонија се и големите Португалија, Шведска, Русија, Полска, Шкотска, два тима од Лигата на нации. Последните 4 селекции ќе бидат познати по вечерашната програма во квалификациите. Баражот во кој 12 репрезентации учесници ќе бидат поделени во три групи, и само победниците на групите ќе играат на Мудијалот во Катар е на програмата во март следната година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Шоу бизЏејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиитеПознатиот британски готвач Џејми Оливер, кој со децении подготвуваше оброци пред милионска публика, го објави своето пензионирање од телевизијата. Оливер вели дека има различни планови за иднината и сака да се врати на своите корени, пишува heute.at. На почетокот на својата кариера, Оливер сакал само да готви, но откако бил откриен од телевизијата, станал глобално познат. Сега, по речиси три децении, тој размислува за потивок живот. „Ме украдоа од кујната за да станам „Џејми Оливер““, рече 51-годишниот готвач во австриската радио емисија Ö3 „Појадок во мојата куќа“. Тој се сети како работел во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“ кога бил забележан од екипа на Би-Би-Си. Набрзо следела емисијата „Голиот готвач“, која му го променила животот. „Чувствувам дека би сакал да се повлечам од јавноста“, отворено рече тој во разговор со водителката Клаудија Стокл. View this post on Instagram A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) Тој сака повторно да се врати на шпоретот Оливер има јасен план за иднината. „Во следните неколку години, имам намера да се повлечам од некои од улогите што ги имав, како што е телевизиската работа“, објави тој. Неговата цел е помалку телевизија и одговорност, а повеќе време за готвење. „Кога ќе наполнам 60 години, сакам да се вратам во кујната на ресторанот и да готвам за 50 луѓе“, објасни тој. Сепак, неговото заминување од јавноста нема да биде веднаш. Оваа година, тој го рестартираше својот синџир ресторани „Џејмис италијанец“, кој банкротираше во 2019 година, со нова локација во Лондон. Тој вели дека банкротот го научил на важни лекции за трошоците за кирија, управувањето со персоналот и важноста на одржливиот бизнис модел. Тагови: Џејми Оливер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветСАД воведуваат нови санкции за Куба- реагираше Марко РубиоСоединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Куба, насочени кон десет субјекти.Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Куба, насочени кон десет субјекти, вклучувајќи членови на кубанската елита, мрежата за транспорт на сурова нафта, државни претпријатија одговорни за увоз и техничка поддршка и добавувачи на кубанската војска со седиште во Кина. „Владејачката елита во Куба ги присвојува енергетските, транспортните и технолошките ресурси на островот за сопствено збогатување, оставајќи го кубанскиот народ да се соочи со прекини на електричната енергија, недостиг и економска стагнација. Марксистичкиот режим во Хавана се потпира на мрежа од државни претпријатија, заеднички вложувања и офшор посредници за да го одржи овој систем во функција“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштението, објави Ројтерс. Како што оцени, Куба продолжува да служи како лансирна рампа за глобална коалиција од непријателски, антиамерикански актери кои се закануваат, шпионираат и заговараат против САД и нивните интереси. The United States will not tolerate subversive communist networks in our hemisphere. The Marxist Cuban regime relies on a web of state-owned enterprises, joint ventures, and offshore intermediaries to keep its systems running, and its foreign backers supply the military equipment that helps sustain the regime’s military forces and enables persistent threats to the American homeland. Today, I'm sanctioning eight entities and two individuals associated with the regime’s financial and shipping network, state-owned import and technical-support entities, and China-based suppliers of the regime's military forces. https://t.co/qDWCDAMtO8 — Secretary Marco Rubio (@SecRubio) November 5, 2026 Рубио додаде дека Министерството за финансии на САД донело одлука со која се овластува воведување економски санкции врз секој странски субјект кој работи или работел во електрониката, производството, поморството и технологијата на кубанската економија.Тагови: куба Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисРафаел Надал на новите снимки ги загрижи фановите: Не се препознава (ФОТО)Последните фотографии од Рафаел Надал (40) привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но овој пат причината не се неговите тениски успеси. Поранешниот шпански тенисер неодамна се фотографираше со навивачка во неговата академија на Мајорка, а се појави и на фотографија со Новак Ѓоковиќ. Многумина забележаа колку многу се променил неговиот изглед, најмногу поради неговата проретчена коса. Некогаш беше познат по својата долга, густа коса За време на неговата кариера, Надал беше препознатлив не само по својата игра, туку и по својата долга, темна коса, која ја држеше под контрола со потење на теренот. Оваа фризура ја носеше особено во првите години од кариерата, но со текот на времето косата почна да му се проретчува. Промените станаа повидливи како што се приближуваше кон триесеттата година. Косата на скалпот стана потенка, а бакенбардите поизразени. Таквото опаѓање на косата може да биде поврзано со андрогена алопеција, наследна форма на ќелавост, но Надал јавно не потврди дека му е дијагностицирана состојбата. Според извештаите, тој имал трансплантација на коса во 2016 година За да го реши проблемот со опаѓањето на косата, Надал наводно имал трансплантација во 2016 година во клиника во Мадрид. Според извештаите на медиумите во тоа време, постапката траела десет часа, а околу 4.500 фоликуларни единици му биле трансплантирани со методот FUE. Станува збор за постапка со која фоликулите на косата се земаат од областа каде што косата е погуста, најчесто од задниот дел на главата, и се трансплантираат во областите погодени од ќелавост. Наводно платил околу 9.000 евра за постапката. После тоа, неговата коса изгледала погуста некое време, што можело да се види на фотографии од 2017 и 2018 година. Сепак, трансплантацијата не спречува понатамошно губење на нетрансплантирана коса, па затоа проретчувањето може да продолжи. Последните фотографии предизвикаа бројни коментари На неодамнешните фотографии, косата на Надал е многу потенка, особено на темето и предниот дел од главата. Фотографиите со навивачката и Ѓоковиќ предизвикаа дискусија за неговиот изглед, а некои корисници на социјалните мрежи почнаа да му даваат совети. „Рафа брате, направи ја таа турска трансплантација на коса“, „Време е да ја прифатиш ќелавоста“ и „Избричи ја и ќе изгледаш многу подобро, како Џејсон Стејтам“, се некои од коментарите споделени на социјалните мрежи. Некои го споредија со Андре Агаси, уште една тениска легенда која се соочуваше со опаѓање на косата во текот на целата кариера. Агаси на крајот одлучи да ја избричи главата, и тој изглед на крајот стана негов нов заштитен знак.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00