Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
ЖивотМакедонски средношколци со работни искуства во ПортугалијаПомеѓу работата за време на викендите за нив беа организирани и две екскурзии, каде им се пружи шанса да се прошетаат низ некои од градовите и да се запознаат со убавините, културните знаменитости и традиции на Португалија.Ноемвриска вечер во големата сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес, се е совршено подготвено за свечениот настан – доделување на сертификатите на учениците кои беа вклучени во проектот „The sky is the limit“ што се реализира во рамки на Еразмус + програмата на ЕУ во соработка со Националната агенција за образовни програми и мобилност. Во рамки на проектот, 20 ученици од ова велешко средно стручно училиште, 21 ден беа во Португалија, каде секојдневно по неколку часа во смена, половината од нив работеа во компанија и половината во хотел и секојдневно стекнуваа нови искуства и практики. Помеѓу работата за време на викендите за нив беа организирани и две екскурзии, каде им се пружи шанса да се прошетаат низ некои од градовите и да се запознаат со убавините, културните знаменитости и традиции на Португалија. На паноата во салата на училиштето беа изложени фотографии од нивниот тринеделен престој во Португалија. Учесниците гледајќи ги, се присетуваа на работата во хотелот и компанијата и прекрасно поминатите екскурзии и што се’ таму посетија, а воедно ги запознаа и нивните другари кои не беа со нив. Во тие рамки на белото платно им прикажаа и видео материјал од фотографии и снимки од проектот. Проектот ги обучи и учениците и наставниците Преку проектот ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес имаше можност да спроведе три групи на мобилност. Две групи беа за мобилност на ученици од Угостителско-туристичката и Електро-машинската струка во времетраење од три недели – од крајот на октомври до почетокот на ноември. Третата беше за мобилност на наставниот кадар во времетраење од една недела. Во текот на летниот распуст пред почетокот на учебната година, сите мобилности беа спроведени со партнери од Португалија. За време на престојот во Португалија, комуникцијата се одвиваше на англиски јазик, а учесниците научија нови работни методи кои ќе бидат особено корисни за нивните идни кариери, информира Весна Стојанова Богоевска, директорка на училиштето. – Целта на проектот беше да се обезбеди обука и развој на учениците и наставниците, нагласува Стојанова-Богоевска. Појаснува дека во мобилноста на наставен кадар биле опфатени четворица професори од училиштето кои следеле структуриран курс за обука на тема „Интегрирање на ИКТ алатките во наставата /обуката /училницата“. – Еднонеделната обука им овозможи на учесниците-наставници од нашето училиште да се запознаат со вештини и способности за пристап до online ресурси, применување ИКТ вештини во нивните наставни области, креирање на флексибилни и приспособливи наставни програми, како и употреба на странски јазик и подобрени комуникациски вештини, појаснува Стојанова Богоевска. Посочува дека во рамки на проектот се фокусирале на максимално и транспарентно вклучување на учесници од помалку привилегирани средини, како и на зголемување на свеста за глобалните еколошки прашања. Пракса во хотел во Апулија и компанијата „„Ferreirolux“ во Барселош Како што информира координаторот на проектот, професорот Марјан Панов, во мобилноста за угостителско-туристичката струка биле вклучени 10 ученици кои имале можност да работат во хотел. Тие таму ги примениле сите свои дотогаш стекнати знаења и искуства, а воедно ги усовршиле професионалните вештини. – Преку оваа меѓународно реализирана практична обука, нашите ученици-учесници се стекнаа со многу соодветни практични знаења и искуства од работа во реална средина во една европска земја.Тие беа вклучени во секојдневна работа 21 ден по една смена во хотелот „Apulia Praia Hotel “во Апулија, Португалија, појаснува професорот Панов. Во мобилноста за електротехничката и машинската струка биле вклучени исто така 10 ученици кои реализирале реален производствен процес односно работна пракса во партнер – компанијата „Ferreirolux“ во Барселош. – Учениците имаа можност да ги покажат во пракса своите дотогашни знаења, а имаа и можност да стекнат нови работни вештини при производниот процес на елементи и уреди за осветлување. Со помош на оваа мобилност ги надградија своите знаења и ги усовршија своите компетенции со што можат да бидат конкурентни на европскиот пазар на труд, потенцира професорот Панов. Учесниците задоволни од стекнатите знаења и работни искуства Ученичката во четврти клас во електротехничката струка Марија Коцевска е среќна што била дел од овој интересен проект. -Се запознавме со една нова поинаква средина многу поразлична од нашата и оддалечена многу километри од нас. Таму разговаравме на англиски, но времето беше кратко, па успеавме да научиме само по некој збор на португалски, како на пример облигадо, што значи благодарам како и уште по некој збор, на пример како се поздравува, појаснува Коцевска. Таа со останатите девет ученика од групата на електротехничка и машинска струка одела на пракса во фирмата „Ferreirolux“ во Барселош, каде работеле едната група во прва смена од 9 до 12 часот, а втората од 14 до 16 часот, по што се менувале наизменично. – На работа одевме со автобус. Таму од елементи изработувавме готов производ уреди за осветлување, подготвени за продажба. Имавме пријатна работна атмосфера и гостопримливи домаќини од кои научивме многу нови работни вештини и знаења и се здобивме со едно прекрасно работно искуство. Бевме и на екскурзии, каде видовме интересни знаменитости и градови. Затоа ги охрабрувам сите ученици кои не биле досега, да се вклучат во вакви и слични интересни проекти. Преку нив ќе запознаете нови луѓе, нови пријателства и нови интересни места, порачува Коцевска. Ангелче Стојчевски од машинската струка е задоволен и од двете екскурзии, што биле организирани за време на викендите. – Во Прага немавме многу време да прошетаме, само два часа, бидејќи беше премногу врнежливо. Во Порто следниот ден беше убаво времето па цел ден шетавме и се запознавме со бројните културни знаменистости, се шетавме и другарувавме. Имавме и убав португалски ручек, се’ на се имавме прекрасни доживувања и бевме среќни што имавме можност сето тоа да го видиме и доживееме, вели Стојчевски. Александар Андонов од угостителско-туристичката струка, кој заедно со останатите девет свои соученици работеле во хотелот „Apulia Praia Hotel“ во Апулија, им порачува на сите ученици да се вклучат во вакви и слични Еразмус + проекти бидејќи преку нив можат многу да научат и да стекнат нови пријателства и искуства. Тој вели дека главниот готвач на хотелот бил воодушевен како го подготвиле традиционалното македонско тавче гравче и познатите велешките „пишии“. – Тоа многу ги фасцинира и ветија дека ќе ја посетат Македонија, вели Александар. Професорот во машинската струка Илија Танев во изјава за МИА, за овој проект вели дека целта ја оствариле пред се со едукација на учениците. – Учениците стекнаа едно поголемо искуство од една европска држава. Во фирмите каде беа на пракса добија голема пофалба. Директорот на Еразмус + проектот односно на „Мобиле Пренс“ искажа пофални зборови за сите вклучени во проектот, а посебно за македонските учесници, вели Танев. Тој потенцира дека нивните ученици и претходно имале стекнати практични знаења и вештини во две од најуспешните фирми во земјава „Брако“ и „Маркарт“, каде одат на пракса и работат на современи машини, исто како што има во земјите од ЕУ. Директорката Весна Стојанова Богоевска им порачува на сите оние ученици кои аплицирале, а не успеале да учествуваат, како и на сите оние што планираат да аплицираат, дека небото не треба да им биде граница и секогаш да си поставуваат се’ повисоки и повисоки цели. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook