Македонската репрезентација се подготвува за меѓународен турнир за кошаркари до 14 години

Македонската кошаркарска репрезентација до 14 година од петок до недела (13 - 15 јануари) ќе биде домаќин на Меѓународен турнир на кој ќе учествуваат и соодветните селекции на Романија, Бугарија и Косово.


Овој Меѓународен турнир е дел од проектот на ФИБА „Заедно до М-16“, кој Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го започна пред точно една година. Во јануари во 2016 година низ повеќе селективни тренинзи во Скопје, Битола, Струмица, и други градови низ Македонија стотина млади кошаркари тренираа под будното око на најдобрите тренери за млади категории во нашата земја.

- Овој проект веднаш го покажа својот бенефит и донесе одлични резултати. Македонската селекција за кошаркари до 14 години постигна солидни резултати на неофицијалното европско првенство во Бол Словенија, а имаше и одлична низа на победи против врсниците од неколку врвни тимови од Турција. На гостувањето во Турција беа победени екипите на Галатасарај, Фенербахче Анадолу Ефес...)

Ваквите резултати ни даваат добра сатисфакција за вложувањето во најмладите категории и секако размислуваме за дополнително надградување и зголемена посвета токму во овој сегмент од кошарката. Секако и понатаму наш главен приоритет ќе остане создавање на предуслови за добивање на идни сениорски македонски репрезентативци, преку што поголема усовршување на младинските селекции, е ставот на МКФ за овие турнири.

Проектот на МКФ и ФИБА продолжува и оваа година, а токму со Меѓународниот турнир во Скопје започнуваат активностите на федерацијата во 2017 година.

Камениот мост во Скопје целосно запуштен од институциите

Камениот мост – наместо симбол на Скопје, тоне во агонија. 

Поранешниот грациозен поглед, сега е обраснат со гранки и секаква вегетација. Сводовите се посебна приказна, несовесните и натаму си ги користат како тоалети од каде се шири непријатна миризба, засилена од топлото време, некои ја изразуваат и својата „уметност“ на нив, а од страната на „чаршијата“ се користат и како паркинзи.

На целиот поразителен амбиент се додава и „живата музика“ што е распространета по Камениот мост, па чувството е повеќе како да пешачите во некоја земја од третиот свет, наместо среде Европа во Скопје.

Барем попладнево, најмногу од оние кои го преминаа Вардар преку овој мост беа туристи кои велат, дека ваквите објекти во нивните држави се третираат како светост.

Скопјани велат дека ваквата ситуација покажува и на негрижата на иснтитуциите, но и на несовесноста на граѓаните.

Се изгуби и вечерната магија на камени мост која ја даваше осветлувањето, бидејќи голем дел од светилките не работат. Град Скопје распиша и тендер за илуминација, но истиот заглави во институциите.

Од конзерваторскиот центар велат дека не може да се дозволи секој да работи на објект од толку големо значење, а избраната фирма, не поседува проектант со законски определената лиценца.

Што се однесува до грижата и состојбата на Камени мост, од конзерваторски велат имаат ингеренции само да направат увид и да ги известат надлежните инспектори, уверуваат, дека состјбата е единствено во надлежност на градот.

Одговор на прашањата побаравме и од Град Скопје, најавија одговори кои не пристигнаа до подготовката на прилогот.

Франција ги претстави предлозите за намалување на тензиите меѓу Израел и Хезболах

Во изминатите шест месеци, напоредно со војната во Појасот Газа, Израел и либанскиот Хезболах секојдневно разменуваа оган од двете страни на границата.

Француските власти денеска им презентираа предлози на либанските власти со цел да се намалат тензиите меѓу Израел и проиранската милитантна група Хезболах, изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне, додавајќи дека официјален Париз се обидува да посредува меѓу конфликтните страни.

„Имавме неколку предлози до либанската страна. Имаме околу 20.000 Французи во Либан за кои војната во 2006 година беше особено драматична, меѓу другото, и затоа соработуваме со Либан“, рече Сежурне во пресрет на состанокот во Ерусалим со израелскиот министерот за надворешни работи Израел Кац.

Сежурне рече дека основата на францускиот предлог е да се обезбеди спроведување на резолуцијата 1701 на ОН. Хезболах рече дека нема да влезе во конкретни разговори додека не дојде до прекин на огнот во Појасот Газа, каде што војната меѓу Израел и Хамас влезе во седмиот месец.

Во изминатите шест месеци, напоредно со војната во Појасот Газа, Израел и либанскиот Хезболах секојдневно разменуваа оган од двете страни на границата. /МИА

Откриени над 200 килограми канабис на грчкото пристаниште Игуменица

Со помош на куче откривач на дрога, во камион што пристигнал од Италија на грчкото пристаниште Игуменица, крајбрежната служба на Грција открила речиси 210 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, кучето Влад ја открило дрогата спакувана во 193 најлонски кеси со вкупна тежина од 209 килограми и 820 грама.

Возачот, 60-годишен грчки државјани бил уапсен и ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Камионот со траект, на Игуменица пристигнал од Италија. /МИА

притисни ентер