Македонската книжевност на Саемот на книгата во Белград - Канал 5

Македонската книжевност на Саемот на книгата во Белград

Ден на македонската книжевност и издаваштво ќе се одржи денеска напладне на штандот на Република Македонија на 58. Меѓународен саем на книгата во Белград, кој трае од 20-ти до 27 октомври.

Македонската книжевност на Саемот на книгата во Белград
Комесар на претставувањето на македонската издавачка продукција годинава во Белград е Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ која подготви и најобемна презентација досега на Белградскиот саем. Во Хала 2А на 30-ина метри квадратни НУБ изложува над илјада наслови од околу 20 издавачки куќи од Македонија по нивни избор, како и публикации на научните установи - МАНУ, Архивот на РМ и националните институти за македонски јазик, историја и за фолклор.

На македонскиот штанд ќе бидат претставени капиталните литературни проекти на Владата на РМ - „130 тома македонска книжевност“ (кој е дополнет со уште пет тома), досега објавените 145 наслови од „Ѕвезди на светската книжевност“, едицијата „Нобеловци“, како и избор од стручна литература од проектот за превод на странски учебници кои, на саемот во Белград, ќе ги промовира академик Влада Урошевиќ.

Ќе се обрати директорот на НУБ Миле Бошески, ќе биде претставен и фестивалот Струшки вечери на поезијата, за кој ќе зборува неговиот директор Мите Стефоски. Настанот ќе биде збогатен со поетско читање со учество на Славе Ѓорго Димоски, Владимир Илиевски и Јовица Тасевски-Етернијан.

НУБ подготви каталог на англиски јазик во кој се застапени 40-ина репрезентативни македонски поети и прозаисти од сите генерации. Покрај извадоци од нивни дела и биографски податоци, каталогот содржи и адреси од авторите за заинтересираните странски издавачи присутни на Саемот во Белград да може да ги контактираат за соработка и превод.

Сите книги што ги носи во Белград, по завршувањето на саемот НУБ ќе му ги предаде на Националниот совет на Македонците во Србија, кој потоа ќе ги донира во училиштето „Гоце Делчев“ во Качарево кај Панчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарски навивачи славеа фашизам среде Милано: Да ја спасиме Европа (ВИДЕО)

Навивачите на унгарскиот клуб Ференцварош го прославија фашистичкиот лидер од Втората светска војна, Бенито Мусолини, на главниот плоштад во Милано. 

Унгарски навивачи славеа фашизам среде Милано: Да ја спасиме Европа (ВИДЕО)

Со транспарент на кој пишуваше „Мора да ја спасиме Европа“, навивачите на унгарскиот клуб поздравија со својата десница. Тие се нарекуваат Зелени Чудовишта, а имаа и маички со ликот на Бенито Мусолини на нив. Тие истакнаа и транспарент против правата на ЛГБТ лицата.

Патем, Унгарците се многу добри во Лигата на Европа

Ференцварош е едно од најголемите изненадувања на Лигата на Европа оваа сезона. Унгарскиот клуб го победи Милан со 2:0 на Сан Сиро во четврток и по четири кола има максимални 12 бода. Тимот од Будимпешта победи во сите четири натпревари, постигнувајќи 11 гола и прими само три, а заедно со Бенфика и Борнмут е единствениот со 100% учинок.

Ференцварош со тоа продолжува одлична европска сезона во која сè уште не загубил натпревар. Неговите резултати се резултат на промените што ги воведе тренерот Балаш Борбели во текот на летото, а унгарските медиуми во своите тактички анализи истакнуваат неколку причини за неговиот успех.

Тој го наследи Роби Кин, поранешен репрезентативец на Ирска и напаѓач на Тотенхем. Ференцварош е еден од најтрофејните унгарски клубови и редовен учесник во европските натпреварувања, но резултатите од оваа сезона покажуваат дека може да се натпреварува со противници од многу посилни лиги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затворени се гласачките места на Нов Зеланд- мртва трка меѓу лабуристите и националната партија

Избирачките места се затворени на парламентарните избори во Нов Зеланд, а прелиминарните резултати покажуваат тесна трка меѓу двете најголеми политички партии, Лабуристичката партија и Националната партија.

Затворени се гласачките места на Нов Зеланд- мртва трка меѓу лабуристите и националната партија

Избирачките места се затворени на парламентарните избори во Нов Зеланд, а прелиминарните резултати покажуваат тесна трка меѓу двете најголеми политички партии, Лабуристичката партија и Националната партија, кои имаат речиси еднакви шанси да ја формираат следната влада, а конечниот исход во голема мера зависи од помалите партии и коалициските разговори.

Избирачките места се затворија во 19 часот по локално време, а со преброени 35 проценти од гласовите, Лабуристичката партија освои 29,87 проценти, а Националната партија 29,36 проценти, според Изборната комисија.

Зелената партија освои 14,06 проценти, АКТ 10,54 проценти, а Нов Зеланд Прв 9,35 проценти.

Партијата на можности освои 5,42 проценти од гласовите, надминувајќи го прагот од пет проценти потребен за влез во парламентот, додека Те Пати Маори имаше 0,60 проценти.

Според проекциите, Националната партија би можела да освои 42 места, а Лабуристите 36, додека се очекува Зелените да освојат 17 места, партијата ACT 13, а партијата Нов Зеланд Прв 11 места.

Партијата Opportunity би можела да освои седум места, а Te Pāti Māori пет.

Според изборните аналитичари, токму помалите политички субјекти би можеле да бидат клучни во формирањето на следната влада, бидејќи двете најголеми партии изгубија дел од својата поддршка од помалите партии за време на кампањата.

Од 1996 година, Нов Зеланд спроведува мешан пропорционален изборен систем, според кој гласачите гласаат за политичка партија и кандидат во нивната изборна единица.

Парламентот има 71 место, кои се пополнуваат со избор на кандидати во изборните единици, додека најмалку 49 места се распределуваат врз основа на гласовите на партиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун.

Функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и не се потврдени дали имаат фактичка основа и на тој начин создаваат недоверба кај граѓаните.

Креирање страв, ширење лаги и манипулации се дел од политичката стратегија на СДС со цел да остварат некој политички поен плус, а со тоа свесно и прават штета на државата.

Случајот со Алта банка не смее да биде предмет на дневнополитички манипулации, ниту пак финансиската сигурност и довербата на граѓаните да се користат за собирање евтини политички поени. Затоа институциите мора да постапат.

Го повикуваме Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, за делото саботажа, каде што стои:

„Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години“.

СДС со држењето на прес-конференции пред виталните државни институции како што е Народна банка и нејзино секојдневно обвинување гледаме основи за ваквото дело, затоа што свесно и со умисла сакаат да предизвикаат штета на државен орган, правно лице, како и на штедачите, односно македонските граѓани.

Ова не е првпат СДС и Филипче да отвораат теми со драматични најави и обвинувања.

Слични политички дебати имаше и околу договорот со Обединетото Кралство каде СДС велеше дека ќе дојдат мигранти, ИПАРД-програмата, извештајот на Томас Вајц, исплатата на пензиите, унгарскиот кредит, водата во Гостивар, а сега и со Алта банка.

Јавното обвинителство мора да одговори на едно едноставно прашање, дали во оваа држава секој може без одговорност да пласира тврдења што можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните и да ја нарушат довербата во финансиските институции?

Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира.

ЈО мора да постапува по закон. Молкот не смее да биде одговор, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер