Десет години по Брегзит,Британскиот премиер денес пристигнува во Брисел, повторно се зборува за пристапување кон ЕУ
1Десет години по Брегзит,Британскиот премиер денес пристигнува во Брисел, повторно се зборува за пристапување кон ЕУ
2МВР: Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата!
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
1Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
МакедонијаМакедонската гранична полиција далеку поефикасна од грчкатаЦелосно различна слика за влез и излез од земјава на граничниот премин Богородица.Додека нервозни туристи од сите земји на евзони со часови чекаат да ја поминат грчката граница, на наша страна нема застој, возилата се пропуштаат за 2 до десет минути. Гледачи кои се јавија во Канал 5, се фрапирани од непрофесионалноста на грчката полиција која креира колона долга и еден километар. Повеќемина револтирани граѓани, кои попладнево се јавија во Канал 5 за да се пожалат на долгите колони од грчка страна и неажурноста на грчките цариници тврдат дека на Евзони се чека повеќе од еден час, додека од македонска страна цариниците и полицајците тековно и без непотребен застој ги пропуштаат возилата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДесет години по Брегзит,Британскиот премиер денес пристигнува во Брисел, повторно се зборува за пристапување кон ЕУНајвисоките претставници на Европската Унија денеска во Брисел ќе се сретнат со британскиот премиер Енди Барнам, во обид да ги подобрат односите десет години по референдумот на кој Велика Британија гласаше за напуштање на Унијата, пренесе ДПА.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и Барнам се очекува да постигнат договор за олеснување на правилата за престој на млади лица во странство, како и за намалување на дел од административните пречки воведени со Брегзит. Ова е втора средба на највисоко ниво меѓу Велика Британија и ЕУ откако земјата формално ја напушти Унијата во 2020 година. Средбата се одржува во период кога Барнам, кој ја презеде премиерската функција во јули, отвори дебата за можноста Велика Британија повторно да ѝ се приклучи на ЕУ. Барнам планираше пред самитот да ги претстави можностите за идните односи на неговата земја со Унијата, но во меѓувреме го одложи тој рок. Поранешниот британски министер за одбрана, Дејвид Лами, предложи враќањето во ЕУ да биде една од клучните точки на изборната програма за следните парламентарни избори што мора да се одржат најдоцна до 2029 година. Сепак, враќањето на Велика Британија во Унијата во блиска иднина се смета за многу малку веројатно. Преговорите за членство во ЕУ можат да траат со децении и бараат едногласна поддршка од сите сегашни земји-членки. Во самата Велика Британија, Брегзит не успеа да ги надмине длабоките општествени поделби, а многумина денес го сметаат за еден од факторите што придонеле за економскиот пад на земјата. Тагови: Велика Британија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМВР: Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата! Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“ – насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници.Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“ – насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, заплашување и принудување на опасни и насилни дејствија. За сериозноста на оваа појава предупредуваат и меѓународните безбедносни институции, меѓу кои и Федералното истражно биро на САД (ФБИ), кое групата „764“ ја поврзува со пошироки нихилистички насилни екстремистички заедници и сродни групи. Апелот има превентивна цел – навремено информирање на јавноста за начините на дејствување на ваквите групи, ризиците со кои се соочуваат децата и можностите за нивна заштита. Како функционира групата „764“? Групата „764“ дејствува преку различни социјални мрежи, апликации за комуникација и платформи за онлајн игри. За воспоставување контакт со потенцијалните жртви, нејзините членови користат платформи како Discord, Telegram, Roblox, Instagram, TikTok, Snapchat, Reddit, X (поранешен Twitter), Minecraft и Fortnite. Најчесто, контактот со децата и младите го воспоставуваат претставувајќи се како нивни врсници или како лица заинтересирани за пријателски или емотивен однос. Откако ќе ја стекнат нивната доверба, започнуваат со манипулации, закани и уцени, со цел да ги принудат да споделуваат интимни фотографии и видеоснимки, да се самоповредуваат, да вршат насилство врз други лица или животни, па дури и да преземаат дејствија кои можат да имаат животозагрозувачки последици. Материјалите што ги добиваат потоа ги користат како средство за дополнително заплашување, уценување и контрола врз жртвите. На кои знаци треба да внимаваат родителите? МВР апелира родителите и старателите да обрнат особено внимание на евентуални промени во однесувањето на децата, како што се: Ненадејни промени во однесувањето, повлекување во себе, страв, вознемиреност или раздразливост; Зголемена таинственост при користењето на мобилниот телефон или компјутерот; Интензивна комуникација со непознати лица преку социјалните мрежи и платформите за онлајн игри; Примање заканувачки пораки, уцени или барања за испраќање фотографии и видеоснимки; Необјаснети повреди, исеченици, гребнатини или други можни знаци на самоповредување; Изразување безнадежност или разговори за смрт и самоубиство. Овие промени не мора да значат дека детето е жртва на ваква група, но доколку се забележат, важно е да не се игнорираат. Потребни се внимателен пристап, отворен разговор со детето и, доколку постои сомнеж за злоупотреба, навремена реакција. Како да ги заштитиме децата? Родителите треба редовно да разговараат со децата за нивните активности на интернет, да покажуваат интерес за тоа со кого комуницираат и какви содржини следат, како и да ги едуцираат за ризиците од споделување лични податоци, лозинки, интимни фотографии и видеоснимки со непознати лица. Особено е важно децата да знаат дека доколку некој ги уценува, заплашува или манипулира со нив, треба веднаш да побараат помош од родителите, старателите, наставниците или надлежните институции. Тие не треба да се чувствуваат виновни или да се плашат да пријават, без оглед на околностите. Пријавете секој сомнеж или случај! Доколку имате сознанија, информации или сомнеж за активности поврзани со групата „764“ или други слични насилни онлајн групи, пријавете ги до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, на електронската адреса: [email protected] Доколку располагате со информации што можат да помогнат во постапувањето, зачувајте ги пораките, корисничките имиња, линковите и другите релевантни податоци. Не стапувајте во конфронтација со лицата кои упатуваат закани и не преземајте чекори со кои би можеле дополнително да ја загрозите безбедноста на детето. Не преземајте и не препраќајте експлицитни материјали во кои се прикажани малолетници. Заштитата на децата од онлајн злоупотреба е заедничка одговорност. Навременото препознавање на опасноста, отворениот разговор со децата и пријавувањето на сомнителните активности можат да спречат сериозни последици и да спасат животи. МВР апелира: Бидете внимателни, разговарајте со децата и пријавете ја секоја сомнителна активност!Тагови: МВР, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ФудбалМакедонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациитеТочно напладне во седиштето на УЕФА во Нион, најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ќе го дознае својот противник во баражот за опстанок во Б сегментот од -Лигата на нациите.Ждрепката во Нион денеска од 12 часот ќе одлучи кој ќе биде противникот на македонската репрезентација во битката за останување во второто по квалитет друштво во Лигата на нациите. Можни противници на црвено-жолтите во Баражот се селекциите на Естонија, Белорусија, Фарските острови и Кипар, кои завршија на вторите позиции во групите од Ц-дивизијата. Баражите за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нации ќе се одржат од 25 до 30 март. Првите натпревари се во периодот од 25 до 27 март, а реваншите се од 28 до 30 март, следната година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook