Муцунски : Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“
Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?
1Муцунски : Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“
2Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?
3Над 38.000 исчезнати по разорните земјотреси во Венецуела, бројот на загинати би можело да биде огромен
МакедонијаМајките земјоделки ќе може да аплицираат за додаток за мајчинство од 9 месециНационалната федерација на фармери соопшти дека се подготвува пилот програма за мајките земјоделки. Тие ќе можат да аплицираат за додаток за мајчинство кој ке трае 9 месеци. – Посебно значајно за нас е што преку интензивната работа на НФФ поддржана од Шведската организација за развој „We Effect“, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансво, креирана е Програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Преку оваа програма ќе им биде овозможено на регистрираните земјоделки користење на надоместок за мајчинство, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање. Ние како организација ќе продолжиме да работиме оваа мерка да биде дел од Закон за трајно решение и исто така, да се најде соодветно решение и за боледувањето на регистрираните земјоделци, нагласи Мојсовска. Таа појасни дека НФФ во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика и Министерство за здравство, формирала работна група што работела во текот на годината за изнаоѓање на соодветно решение. – Во групата, исто така, активно учество зедоа преставници од трите министерства, УЈП, ПИОМ, Фондот за здравствено осигуравње, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Станува збор за проблем што постои 30 години во државата и од 2023 за првпат ќе се пилотира решение, со што земјоделки ќе добиваат надомест за мајчинство поради спреченост за извршување земјоделска дејност поради раѓање. Со една политика, програма се овозможува да се развива земјоделството како професија, ќе се влијае позитивно за зголемување на бројот на регистрирани земјоделки и земјоделци, чија основна дејност им е земјодеството и исто така, ќе се влијае и позитивно на зголемување на бројот на млади фармери и жени фармери сопственички на земјиште, додаде Мојсовска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаАнализата на ДНК на последните неандерталци ги изненади научниците Прогресивното генетско распаѓање често се сметало за една од главните причини за исчезнувањето на најблиските човечки роднини - неандерталците.Сепак, последните неандерталци од Европа им приредиле големо изненадување на истражувачите кои решиле да ги анализираат нивните генетски податоци. „Археолошките, остеолошките и генетските докази сугерираат дека неандерталците живееле во мали групи, но помалку се знае за тоа дали овие групи биле дел од изолирани заедници или припаѓале на поголеми, добро поврзани популации. Густата концентрација на неандерталски локалитети од сличен период во сливот на реката Меза, Белгија, дава ретка можност за проучување на регионалните популации со висока резолуција“, велат истражувачите во студија објавена во списанието Nature, додавајќи: „Генериравме генетски податоци од 27 неандерталци кои живееле пред помалку од околу 52.500 години на 10 археолошки локалитети во Белгија и Франција, вклучувајќи геном со висока покриеност од 45.000-годишна личност од Гоје, Белгија. Покажуваме дека повеќето од овие поединци се потесно поврзани едни со други отколку со други неандерталци во Европа од сличен период. Покрај тоа, некои од овие поединци носат ДНК од неандерталска лоза што претходи на дивергенцијата на доцните неандерталци. Иако овие поединци неандерталците се преклопувале со раните современи луѓе во северозападна Европа од околу 47.000 години..., не наоѓаме докази за проток на гени од современите луѓе.“ Нема инбридирање Како што продолжува да се вели, „тие исто така не покажуваат генетски карактеристики на инбридирање, како што се пронајдени кај неандерталците од Алтај, што сугерира дека тие живееле во поголеми или подобро поврзани групи.“ „Понатаму, генетското оптоварување не се акумулирало со текот на времето, што се аргументира против прогресивното генетско распаѓање како двигател на изумирањето на неандерталците“, наведуваат авторите на студијата. Важен придонес во ова истражување даде примерок од неандерталец откриен на локалитетот Ле Кот во Франција, ископан под раководство на професорката Мари Сореси од Факултетот за археологија на Универзитетот Лајден. Претходните генетски анализи на оваа индивидуа веќе открија неочекуван генетски профил, покажувајќи врски со популациите на неандерталците кои живееле далеку надвор од Западна Европа, соопшти Универзитетот Лајден. Во оваа студија, примерокот од Ле Кот послужил како клучна референца за толкување на новодобиените геноми од Белгија и Франција, како и за реконструкција на историјата на популацијата на последните неандерталци. Заедно, податоците откриваат дека овие последни неандерталски популации не биле единствена хомогена група, туку мрежа од меѓусебно поврзани заедници кои задржале траги од различни предокални лози сè до непосредно пред истребувањето. „Секој дополнителен висококвалитетен неандерталски геном дава извонредна количина нови информации. Наодите презентирани во оваа студија покажуваат колку многу можеме да научиме кога повеќе поединци ќе станат достапни за генетска анализа“, рече професорката Сореси. Според неа, овие наоди истакнуваат колку уште многу треба да се открие за неандерталските популации и нивните социјални врски. „Само што почнуваме да ја откриваме разновидноста и сложеноста на неандерталските популации“. Како што повеќе геноми од локации низ Европа и пошироко ќе станат достапни, ќе можеме да преминеме од проучување на изолирани поединци кон реконструкција на цели заедници, нивните односи и социјалните мрежи што ги поврзувале, рече Мари Сореси. Кои се неандерталците? Homo neanderthalensis (и според некои истражувачи, Homo sapiens neanderthalensis) се поранешни членови на родот Homo, чии фосилни остатоци за прв пат се пронајдени во 1856 година во долината Неандер во Германија, по што се именувани. Некогаш сметани за бавни, сурови и тапоумни роднини на луѓето, неодамнешните истражувања покажаа дека тие биле вешти ловци, изработувачи на алатки и користеле софистицирани техники за да се лекуваат едни со други. Тие исто така се мешале со членови на нашиот вид - Homo sapiens - така што повеќето современи луѓе со потекло надвор од Африка имаат процент на неандерталска ДНК. Неандерталците изумреле пред околу 40.000 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
ТехнологијаБил Гејтс ја откри четвртата професија што ќе ја „преживее“ вештачката интелигенција Бил Гејтс, познат по своите предвидувања за иднината на технологијата, го прошири својот список на работни места за кои верува дека ќе го преживеат подемот на вештачката интелигенција. Откако првично именуваше три професии, сега додаде и четврта. Како еден од пионерите на технолошката ера, предвидувањата на Гејтс имаат посебна тежина. Порано оваа година, објави „Економски тајмс“, тој именуваше три професии кои сè уште би биле потребни во ерата на автоматизација: програмери, биолози и енергетски работници. Сега тој додаде професионални спортисти на таа листа. За време на гостувањето во емисијата на Џими Фалон, Гејтс го објасни својот став: „Знаете, како бејзбол. Нема да гледаме компјутери како играат бејзбол.“ „Нема да ни требаат луѓе за повеќето работи“ Кога водителот го праша дали ќе ни требаат луѓе за повеќето работни места во иднина, Гејтс даде прилично директен одговор, што предизвика низа реакции. „Не за повеќето работи - ние ќе одлучиме“, рече тој, додавајќи дека луѓето сè уште ќе извршуваат одредени задачи, но во многу помала мера отколку што прават денес. „Значи, ќе има некои работи што ќе ги задржиме за себе, но во однос на производството, транспортот и одгледувањето храна, со текот на времето, тие во суштина ќе станат решени проблеми“, додаде тој. Работни места со најголем ризик Во студија спроведена во 2025 година, Мајкрософт наведе 40 работни места кои се „најизложени на најголем ризик“ да станат вишок поради порастот на вештачката интелигенција. Вишиот истражувач во Мајкрософт, Киран Томлинсон, објасни за Скај њуз дека студијата „истражува кои категории на работни места можат продуктивно да користат чет-ботови со вештачка интелигенција, наместо да одземаат или заменуваат работни места“. Сепак, работните места со најголемо преклопување со можностите на вештачката интелигенција се: • толкувачи и преведувачи (98 проценти), • историчари (91 процент), • математичари (91 процент), • лектори (91 процент), • програмери на автоматизирани системи (90 проценти), • писатели и автори (85 проценти), • статистички асистенти (85 проценти), • продажни претставници (84 проценти), • технички писатели (83 проценти) и • новинари (81 процент).Тагови: бил гејтс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски : Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“ Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“ и не беше ни јасен демант, реагира министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во Само Интервју.Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“ и не беше ни јасен демант, реагира министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во Само Интервју, за протекувањето информациии од Софија за семејството на премиерот. Грешки се случуваат, вели Муцунски, а цивилизациски е да се извини тој што греши – особено во случај кога се споделени податоци за сопруга на премиер на Влада на земја членка на НАТО и малолетно дете. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33