МАЕИ за нов претседател на Албанија го предлага Кимет Фетаху - Канал 5

МАЕИ за нов претседател на Албанија го предлага Кимет Фетаху

 Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, за нов шеф на албанската држава го предлага проф.д-р Кимет Фетаху.

МАЕИ за нов претседател на Албанија го предлага Кимет Фетаху

Според лидерот на партијата Васил Стерјовски, предлогот е доставен денеска до претседателката на парламентот, Линдита Никола, како и до координаторите на пратеничките групи на Социјалистичката партија, Таулант Бала, на Демократската партија, Енкелејд Алибеај, на „Сојуз за промени", Фатмир Медиу и до Месила Дода, координаторка на пратеничката група „За демократија и интеграција".

-Изразувајќи ја највисоката почит кон Вас и институцијата, Собрание на Република Албанија, со ова писмо, партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствена партија која ја претставува македонската заедница во Албанија, дава свој придонес во рамките на консултативниот процес за избор на шеф на државата со кандидатурата на проф.д-р Кимет Фетаху за функцијата Претседател на Република Албанија, стои во дописот.

-Проф.д-р Кимет Фетаху е роден 1955 година во селото Требиште, област Голо Брдо. Тој е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик во Република Албанија. Има завршено универзитетски студии во Народна Република Кина и Албанија, во насоката рударство и збогатување на минерали. Во својата професионална кариера е предавач и раководител на секцијата за збогатување на минералите и долгогодишен член на Научниот совет на геолошко-рударскиот факултет каде што се уште е активен како професор, a се занимава и со широка општествена дејност, се наведува во образложението на предлогот.

Се додава дека е активен во организирањето на Македонците во Република Албанија, особено по падот на диктаторскиот режим, во 1990 година. Во 1991 година тој ја формира организацијата на Македонците од Албанија „Братство", која во 1993 година е преименувана во „Мир", чиј претседател е сè уште. Исто така е директор на Центарот за етнички истражувања во Тирана.

-Проф.д-р Кимет Фетаху даде извонреден придонес во последните 30 години за зајакнување на статусот и правата на македонската заедница и другите етнички заедници во нашето мултикултурно, повеќејазично и мултирелигиско општество, за развојот на цивилното и граѓанското општество. Огромен е неговиот придонес во последните 30 години за зајакнување на статусот и правата на македонската заедница и другите етнички заедници во нашето мултикултурно, повеќејазично и мултирелигиско општество, за развојот на цивилното и граѓанското општество, се наведува во продолжение.

Стерјовски посочува дека Фетаху како аполитичен кандидат и лојален државјанин на Република Албанија, ги исполнува сите критериуми предвидени во Уставот, како личност со потребното достоинство да биде Претседател на Републиката, да биде гарант на Уставот, на правата и слободите на граѓаните, на развојот на демократијата, на правдата за сите, за заштита на уставноста и законитоста, на еднаквоста на сите пред Уставот и законит.

-Врз основа на неговиот личен и професионален интегритет, независноста од политиката и посветеноста во развојот на еднаквоста и рамноправноста на сите пред Уставот и законите, ја бараме Вашата поддршка и поддршката од Вашите пратенички групи за кандидатурата на проф.д-р Кимет Фетаху за Претседател на Република Албанија. Изборот на проф.д-р Кимет Фетаху за претседател на Република Албанија од страна на Собранието на Република Албанија ќе и направи голема чест на нашата земја, дома и во светот, стои во предлог-дописот.

Мандатот на актуелниот претседател Илир Мета завршувана 24 јули а новиот, парламентот треба да го избере до крајот на месецов. Лидерот на владејачките социјалисти и премиер Еди Рама, упати апел до сите политички субјекти и граѓанскиот сектор да достават предлози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи.

Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста на континуираната словачка поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован врз заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми.

За неа, постепената интеграција и пристапот до единствениот европски пазар, европските фондови и заедничките програми, води кон приближување кон ЕУ, но не може да биде замена за полноправното членство.

Таа изрази подготвеност за сестран дијалог со Република Бугарија, во духот на европските принципи и вредности, гарантирани во основачките документи.

Министерот Бланар ја реафирмираше словачката заинтересираност и посветеност на евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и нашата.

Тој силно го поддржа македонско-бугарскиот дијалог, како единствен начин за надминување на проблемите.

Како многупати досега, министерот нагласи дека Словачка е против било какви двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ.

Соговорниците ги истакнаа блиските јазични и културни врски меѓу двете земји, втемелени во делото на сесловенските браќа Кирил и Методиј.

Претседателката изрази длабока благодарност за објавувањето на првиот учебник за изучување на македонскиот јазик за словачките говорители и отворањето на првиот лекторат по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Нитра, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сопственикот на „Пинк“ најави откази- ќе отпушти околу 1.000 вработени

Сопственикот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, објави дека ќе отпушти околу илјада вработени во неговите компании. 

Сопственикот на „Пинк“ најави откази- ќе отпушти околу 1.000 вработени

Одлуката дојде откако, според неговата објава на социјалните мрежи, 150 луѓе во театарот Одеон веќе ги загубија своите работни места, пишува Нова.рс.

„Еден од најтешките денови во мојот живот, полн со емоции, љубов, топлина и разбирање. Ги распуштив сите ансамбли во театарот Одеон, 150 луѓе ги загубија своите работни места. Во целиот систем, ќе морам да отпуштам околу илјада луѓе, поточно од десетина компании кои сè уште не стапнале на „зелената гранка“. Се гледаме, драги пријатели, во подобри времиња! Вашиот Жекс ве сака“, напиша Митровиќ.

Најава за затворање по само една година

Театар Одеон беше отворен во септември 2024 година во центарот на Белград, во просторот на поранешното кино што Митровиќ претходно го купи. Митровиќ првпат објави распуштање на театарот и отпуштања во Пинк на крајот на 2025 година, малку повеќе од една година по отворањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна хеликоптер на ЕУФОР во БиХ- загинаа три лица, 12 се повредени (ВИДЕО)

Воен хеликоптер се урна во градот Горице во близина на Брчко.

Се урна хеликоптер на ЕУФОР во БиХ- загинаа три лица, 12 се повредени (ВИДЕО)

Како што може да се види на фотографиите, хеликоптерот е целосно уништен, а неофицијално, дознаваме дека три лица загинале.

Полицијата на округот Брчко (ПБД), како и противпожарни и екипи на брза помош, веднаш пристигнале на местото на падот на хеликоптерот. Пошироката област била веднаш обезбедена.

Три лица загинаа, а 12 се повредени во пад на хеликоптер во градот Горице во близина на Брчко, потврди Klix.ba. Според директорот на Институтот за јавно здравје на Брчко, Јасмин Механовиќ, еден од повредените е во критична состојба и најверојатно ќе биде префрлен во Универзитетскиот клинички центар Тузла.

Екипи од полицијата на округот Брчко, пожарникари и служби за итни случаи веднаш беа испратени на местото на несреќата. Пошироката област околу местото на падот на хеликоптерот е обезбедена.

„ЕУФОР може да потврди дека денес, за време на рутинска операција во областа Брчко, се случи несреќа во која се урна еден од нивните авиони“, објави мисијата.

Во соопштението се наведува и дека во инцидентот не е оштетена цивилна инфраструктура, имот или возила, како и дека нема повредени цивили.

ЕУФОР, исто така, ги повика граѓаните да не шират непроверени информации за несреќата и да добиваат информации исклучиво преку официјални канали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер