Мадрид бара појаснување од Kаталонија – Прогласивте независност или не?

Мадрид и Бареселона во дипломатски клинч. Дали вчерашниот настап на Каталонскиот лидер значело прогласување независност или не... Шпанскиот премиер Рахој бара Каталонија да се изјасни за Мадрид да може да ги одреди наредните чекори.. Рахој уште еднаш се закани дека ќе го активира механизмот од уставот, со кој ќе ја преземе контролата врз североистичниот регион..

Каталонската независност се претвора во дипломатски игри без граници. Официјален Мадрид сега чека појаснување дали синоќешниот настап на каталонскиот претседател Пучдемон значело прогласување независност или не. Тој смислено создава конфузија, изјави шпанскиот премиер Маријано Рахој по денешната вонредна владина седница, која уследи по информациите дека шпанскиот сенат веќе ги почнал подготовките за укинување на автономијата на Каталонија, но оти прво се чека јасен одговор од лидерот на североисточниот регион.

- Одговорот од г-дин Пучдемон ќе ги одреди нашите следни чекори во наредните неколку дена, вклучувајќи ги и сите мерки што би можеле да ја активираат уставната клаузула што дозволува наметнување директна власт на Мадрид во регионот. Пред евентуалното активирање на членот 155 од уставот, сакаме да им понудиме на граѓаните јасност и сигурност, кои ги бара прашање од ваква важност, изјави Маријано Рахој, премиер на Шпанија
А, во Каталонија помешани чувства - и радост и солзи меѓу илјадниците граѓани, кои синоќа на плоштадот во Барселона во живо го следеа обраќањето на нивниот лидер.
- Многу сум разочаран, зашто очекував независност тука и сега, вели жител на Барселона
- Неодлучноста е најлошата работа што ни се случува во услови кога компаниите и банките си заминуваат, ние само чекаме, вели жителка на Барселона
- Нашиот претседател е интелегентен. Тој ќе ја следи стратегијата на Словенија за прогласување независност, по што ЕУ ќе не признае за неколку недели, вели жителка на Каталонија
Во тоа до вчера сакаше да верува и каталонскиот лидер, кој на општо разочарување на околу два милиони Каталонци, кои што гласаа за отцепување, одлучи да тактизира и да прогласи таканаречена суспендирана независност. Тој прво ја потпиша декларацијата, но потоа ја стави на чекање, за како што рече, да му даде предност на дијалогот.
- Го повикувам парламентот да ја суспендира декларацијата за независност, за во наредните недели да започнеме дијалог, без кој не е можно да се постигне решение. Ова е потребно не само да се намалат тензиите, туку и да се обезбеди јасната заложба на народот на Каталонија, изјави вчера Карлес Пучдемон, претседател на Каталонија

Аналитичарите оценуваат дека Пучдемон со овој маневар се обидува да добие поголема автономија и поголема контрола врз своите финансии. Од друга страна, премиерот Рахој останува вкопан на линијата на законскиот фронт и досега не се помести ниту милиметар кон евентуални преговори.

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Универзитетот Колумбија и упаси десетици лица

Синоќа полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот колумбија упадна  во универзитетската зграда Хамилтон Хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитетот е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Претседателот на сад Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, и порача дека насилното заземање на зградите не е мирен протест, и оти тоа е погрешно“.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер