Лукаревска до младите: Вие сте силата која влече напред, со вас ќе изградиме европска, економски силна држава

Социјал демократскиот сојуз и коалицијата „Можеме" нудат нова македонска развојна економија која  им дава шанса на младите.

Вие сте силата која влече напред, со вас ќе изградиме европска, економски силна држава, им порача Лукаревска на младите, денеска во Ѓорче Петров.

-Во поранешното „Македонско село" формираме „Старт-ап село" („Start-Up Village") кое ќе обезбедува физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка. Го поттикнуваме претприемништвото, шанса за младите да ги реализираат своите бизнис идеи и планови. Овозможуваме основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Ние веруваме дека младите имаат идеи, го отвораме бизнис-секторот, го правиме достапен за сите и повикуваме на натпревар на идеи и конкурентност, рече носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска.

-Обезбедуваме директна поддршка на младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето, продолжува мерката 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. Стапката на невработеност кај младите ја намаливме за 13,3%. Со новата македонска развојна економија овој тренд ќе продолжи, затоа што ги зголемуваме шансите за младите луѓе, рече Лукаревска.

Затоа, на 15 јули гласајте за нова македонска развојна економија, за парите уште повеќе да завршуваат во вашите буџети, за да биде уште подобро за сите. Социјал демократскиот сојуз и коалицијата ''Можеме'', Можеме и уште повеќе и уште подобро.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

Бранителот на тронот Денвер по трет пат подобар од ЛА Лејкерс

Кошаркарите на шампионот Денвер поведоа со 3:0 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава на гостински терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 112:105.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ повторно беше најзаслуниот за триумфот на популарните Грутки над тимот на Леброн.

Јокиќ за 39 минути на паркетот постигна 24 поени, имаше 15 скока и девет асистенции, што значи дека беше на прагот на уште еден „трипл-дабл“ учинок во плеј-офот. На овој начин Нагетси ја остварија единасеттата победа во низа против тимот од Лос Анџелес, а легендарниот Леброн Џејмс за првпат во кариерата загуби десет последователни натпревари против еден тим. Денвер сега е на чекор до конференциско полуфинале, затоа што води со 3-0 во серијата со „езерџиите“. Покрај Јокиќ, во „Крипто центарот“ расположен беше и Арон Гордон кој постигна 29 поени, додека кај Лејкерси, Ентони Дејвис имаше учинок од 33 поени и 15 скока, а Леброн Џејмс даде четири поени помалку.

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата.

Народот не поддржува политика на понижување на Македонија.

Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ.

7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствувале безбеден, криминалот царуваше по улиците.

Народот не сака да живее повеќе во несигурност.

Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот.

Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот.

Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер