Љупчо Јаковлески од Бадел Мастерклас за Канал 5: „Пред секое снимање режисерот викаше „потивко“ - Канал 5

Љупчо Јаковлески од Бадел Мастерклас за Канал 5: „Пред секое снимање режисерот викаше „потивко“

Љупчо Јаковлески е еден од четворицата натпреварувачи во шоуто Коктел Мастер – Бадел Мастерклас, кој ја претставуваше Македонија, а воедно го покажа и своето умеење во правење коктели.

Љупчо Јаковлески од Бадел Мастерклас

За себе вели дека е „забавен и добар лик“, а неговиот пристап кон работата е многу едноставен. Ни раскажа дека почетоците му се од времето кога неговиот татко започнал сопствен бизнис, па според тоа може да се заклучи дека професијата всушност него го пронашла.

„За некои луѓе лесно се проценува кој коктел е за нив“

– Откако татко ми отвори бар, сфатив дека таа професија е за мене – ни рече тој.

Во животот го водат два принципа – комуникација и интеракција со луѓето. Исто така тврди дека може да претпостави што би нарачале луѓето кога ќе застанат пред него.

– За некои луѓе лесно се проценува кој коктел е за нив, но има и такви кадешто тоа оди малку потешко – вели тој.

Можеби ве интересира: Ова се четворицата натпреварувачи од Македонија за Коктел Mастер на Канал 5 You Tube

На прашањето дали има направено некој „луд“ коктел, ни одговори дека нема баш таков пример, но дека имал една луда ситуација за Нова година:

– За Нова година направив „космополитан“ во шолја за чај зашто немав повеќе чаши!

Неговата омилена комбинација за коктел дефинитивно е популарна летно време – меша лимета со џин, минерална вода и свежа краставица.

Бидејќи професијата бармен постојано се развива, тој се надева дека и кај нас ќе дојдат тие промени и развој, а со шоуто Бадел Мастерклас тие промени се загарантирани.

Од доживувањата на снимање ја издвојува оваа симпатична ситуација:

– Пред секое снимање режисерот викаше „потивко, потивко“.

Вели дека за него немало тежок предизвик во текот на натпреварувањето Бадел Мастерклас, и се согласи со колегата Вања, дека ова дефинитивно било незаборавно искуство. Им порача на сите заинтересирани да се пријават во Коктел Мастер - Бадел Мастерклас.

– Би ги посоветувал да се пријават без размислување затоа што ова е неповторливо искуство.

Вечерва во 22 часот на „You Tube“ каналот на Канал 5 телевизија погледнете ја втората епизода од регионалнато шоу Коктел Мастер – Badel Masterclass.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер