Линдзи Вон позира во бикини , новиот вереник и ги пофали глутеусите (ФОТО) - Канал 5

Линдзи Вон позира во бикини , новиот вереник и ги пофали глутеусите (ФОТО)

Линдзи Вон ужива на одмор со својот свршеник, канадската хокеј-sвезда П.К. Субан.

Линдзи Вон позира во бикини , новиот вереник и ги пофали глутеусите (ФОТО)

Таа го побара за сопруг на Божиќ, неколку месеци откако беше потврдена свршувачката. Линдзи одлучи да сподели со фановите фотографија од идилата во која ужива, но никој навистина не ја гледа природата околу неа.Ниту нејзиниот свршеник.

„Неверојатни глутеуси“, коментира тој под фотографијата.

Парот ја потврди свршувачката за магазинот Вог.

"Знаев веднаш дека е различен. Но, бидејќи бев порано во брак, многу се воздржував од размислување дека можам да најдам некого со кого би можела повторно да бидам мажена. По неколку месеци дружење, знаев дека е вистинскиот. Тој ме прави среќна , многу е позитивен и полн со енергија “, изјави денеска пензионираната скијачка.

Двајцата се запознале во 2017 година, кога започнале да се дружат. Линдзи беше во брак со Томас Вон од 2007 до 2013 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Магационер бил отпуштен поради наводна кражба на два пара боксерки- сега ќе добие 12.710 евра отштета

Суд во Холандија донесе пресуда во случајот на привремен работник во магацин вработен во Темпо-Тим, на кого ќе му бидат исплатени вкупно 12.710 евра отштета откако судот утврди дека бил отпуштен без основана причина.

Магационер бил отпуштен поради наводна кражба на два пара боксерки- сега ќе добие 12.710 евра отштета

Компанијата го отпуштила поради наводна кражба на два пара боксерки „Келвин Клајн“ од магацинот каде што работел, објави „NL Times“.

Фотографија како доказ

Работникот тврдел дека долната облека ја купил неколку месеци претходно на распродажба на примероци и дека ја имал во чантата бидејќи одел во теретана по работа.

Тој доставил фотографија од јануари како доказ на која носи една од боксерките, објаснувајќи дека се продавале во пакувања од по три.

Темпо-Тим тврдел дека вработениот го прекршил правилото на клиентот дека вработените не смеат да носат или поседуваат облека од „Келвин Клајн“ или „Томи Хилфигер“ на работа.

Компанијата изјавила дека работникот не докажал дека легално ја стекнал долната облека.

Отпуштањето било незаконско

Сепак, судот утврди дека дури и евентуалното кршење на правилата за носење брендирана облека не претставува доволен доказ дека работникот имал намера да украде долна облека од магацинот.

Судот изјави дека Темпо-Тим не дала доволно причини за таков заклучок и утврди дека отпуштањето е незаконско.

На компанијата ѝ беше наложено да му исплати на работникот 6.000 евра за изгубена заработка, 1.550 евра надомест за промена на работното место и 3.000 евра за неоправдано отпуштање, плус повеќе од 2.150 евра за наплата и судски трошоци, како и камата во случај на доцнење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорката на ММФ со предупредување до светот: Не можеме повеќе да одложуваме

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост .

Директорката на ММФ со предупредување до светот: Не можеме повеќе да одложуваме

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост бидејќи се соочуваат со последиците од ширењето на вештачката интелигенција, високите долгови и војните на Блискиот Исток и Украина.

- Не можеме повеќе да ги одложуваме неопходните мерки - ги имате алатките, сега покажете мудрост да ги користите - рече Георгиева во говорот во Сингапур, во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок следната недела, пренесе АП.

Таа предупреди дека прекумерниот долг е се поголем товар и за богатите и за земјите со ниски приходи, кои треба да изберат помеѓу инвестирање во јавната благосостојба и отплата на долгот во услови со високи каматни стапки.

Георгиева укажа и на ризиците поврзани со брзиот раст на инвестициите во вештачката интелигенција (АИ) и изградбата на центри за податоци.

Според неа, инвестициите во вештачката интелигенција би можеле да го надминат релативниот обем на трошоци за железници, електрични мрежи и телекомуникациски системи.

Георгиева ги повика земјите да влијаат на јавната потрошувачка и, доколку е потребно, да ги зголемат трошоците за задолжување за да ја контролираат инфлацијата, притоа да ги заштитат најранливите.

Таа укажа и на потребата од регулирање на вештачката интелигенција, обука на работници, пофлексибилен пазар на трудот, поттикнување на претприемништвото и зајакнување на енергетската безбедност.

Според неа, брзиот развој на вештачката интелигенција особено им користи на земјите со силни технолошки сектори, притоа заобиколувајќи многу други земји и со тоа дополнително ја продлабочува економската нееднаквост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зоран Доревски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју гостува д-р Зоран Доревски, автор на книгата "Скопски атентат".

Зоран Доревски во „Само интервју“

31 година од неуспешното убиство на Претседателот Глигоров, зошто по 3 децении не е обелоденета целосната вистина?

Книгата дава индиции и анализа на податоци - се знаат ли мотивите, нарачателот и извршителите?

Можеа ли службите да го превенираат настанот?

Што се случува во пост-атентаторска Македонија?

Утре интригантно Само Интервју со Гоце Михајлоски и Зоран Доревски веднаш по централните вести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер