Лидерите на ЕУ подготвуваат голем самит во Прага: Ќе разговараме за саботажата на Северен тек

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за „саботажа“ на гасоводот „Северен тек“ на претстојниот самит во Прага, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Инцидентите се „закана за ЕУ“, напиша Мишел на Твитер по средбата со данската премиерка Мете Фредериксен во Брисел. „Решени сме да ја обезбедиме нашата критична инфраструктура“, напиша тој.

„Оштетувањето на гасоводите не е случајно и мора целосно да се истражи“, напиша Фредериксен на Твитер. Пукнатините се „сериозна ситуација за Европа“, додаде таа.

Европските лидери од повеќе од 40 земји се поканети на собирот во Прага во четврток, пред лидерите на 27-те членки на Европската унија да се состанат на самитот во петок.

Денеска портпаролот на операторот објави дека гасот престанал да тече од гасоводот Северен тек 2, по истекувањето оваа недела што исфрли тони метан во Балтичкото Море.

„Тоа може да значи две работи“, рече портпаролот Улрих Лисек. „Или гасоводот е целосно празен или притисокот на гасот во цевководот и водата надвор достигнаа рамнотежа.

Русија го обвини Западот за истекувањето на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, додека земјите-членки на ЕУ веруваат дека тоа е саботажа.

Нова истрага во случајот со Лиам Пејн: Се трага по неговиот „Ролекс“, кој исчезнал по смртта

Пејачот Лијам Пејн почина во Буенос Аирес на 16 октомври откако падна од балконот на третиот кат од хотелот во кој престојуваше, а полицијата сѐ уште ги истражува деталите околу мистериозната смрт на пејачот.

Таткото на пејачот, Џеф, добил зелено светло да ги пренесе посмртните останки на неговиот наследник во Лондон на 7 ноември, откако биле извршени токсиколошките тестови, и додека семејството го организира неговиот погреб - аргентинската полиција сè уште трага по неговиот исчезнат „Ролекс“ од 30.000 фунти за кој поединци се сомневаат и дека е украден.

Според снимките од безбедносните камери, пејачот го носел непосредно пред смртта.

Надлежниот истражител, пак, не успеал да ги „прочешла“ домовите на тројцата осомничени во случајот со починатиот пејач минатата недела во чие друштво Лиам ги поминал последните часови, забележува локалниот „Ла Насион“.

Хотелот во кој престојувал Пејн затоа повторно ќе биде прегледан, поточно апартманот на пејачот, во случај часовникот „ да бил само пропуштен“ и да не бил украден.

Бебе починало во автомобил -таткото го заборавил и отишол да работи, потоа го барал во градинка

Едногодишно бебе починало на Флорида откако било оставено во автомобил со температури до 37 Целзиусови степени.

Полицијата го пронашла детето неподвижно во задниот дел од автомобилот, а веруваат дека таму го поминало цел ден.

Таткото на детето имал поинаква рутина тоа утро. Морал да го носи детето во градинка, но наутро, пред тоа, закажал во канцеларија.

По средбата, наместо да го однесе синот во градинка, си заминал дома и од станот ја започнал својата нормална работа.

Околу 17:00 часот таткото отишол во градинка да си го земе детето, но таму му било кажано дека никогаш не го донел. Тогаш сфатил што направил, пишува Daily Mail.

Болничарите неуспешно се обиделе да го оживеат детето, но кај едногодишното дете била констатирана смрт на местото на настанот.

„За само десет минути во возило со затворени врати, може да се загрее за 20 степени“, рече главниот службеник за спасување, Линдзи Џуда.

Во тек е обдукција, а додека полицијата соопшти дека истрагата е во тек, не е покренато обвинение.

Според извештајот на Kids and Car Safety, Флорида е втора по Тексас по бројот на смртни случаи на деца во автомобили.

Мадона го остави 37 години помладото момче: Кога завршија патувањата, ја снема возбудата (ФОТО)

Поп иконата Мадона го остави своето момче Акем Морис, 37 години помлад од неа.

Според извор близок до пејачката, парот тивко се разделил кон крајот на октомври, само неколку месеци откако таа ги споделила првите заеднички фотографии како уживаат за време на прославата на четврти јули.

– Мадона со оваа „играчка“ наиде на ист проблем како и со сите нејзини неодамнешни мажи – изјави ексклузивно за DailyMail извор близок до ѕвездата.

- Разликата во години стана проблем - продолжи изворот.

- Тие доаѓаат од различни временски периоди. Кога патувањето низ светот престанало, престанала и возбудата, открил изворот.

Да потсетиме, иако нивната врска неодамна стана позната, Мадона и Акем се познаваат веќе некое време. И двајцата учествувале на снимање за списанието Paper во 2022 година. Заедно го прославија и Денот на американската независност, пишува Daily Mail.

Акем е роден на 2 мај 1996 година во Јамајка и моментално живее во Њујорк. Дипломирал политички науки на Универзитетот Стони Брук, а претходно играл фудбал. Мадона неодамна раскина со 30-годишниот Џо Попер. Пред тоа беше во врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, а претходно се бакнуваше и со 41 година помладиот скејтер Андре Дарнел.

притисни ентер