Лепа Брена конечно се пофали со јахтата од 6 милиони евра (ФОТО) - Канал 5

Лепа Брена конечно се пофали со јахтата од 6 милиони евра (ФОТО)

Лепа Брена на Инстаграм објави фотографија од јахтата долга 30 метри, за која таа и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ наводно платиле шест милиони евра, пишува Курир.рс.

Лепа Брена конечно се пофали со јахтата од 6 милиони евра (ФОТО)

Оваа година тие пловеле по Медитеранот со сестрата и пријателите на пејачката. Според српските медиуми, самата пејачка претходно открила дека јахтата има шест спални соби, но досега никогаш не покажала како изгледа целата.

На последната фотографија објавена на Инстаграм, таа позира со сопругот и пријателите пред јахтата и во описот на фотографијата напишала дека ужива на одморот што и бил многу важен.

„Патуваме затоа што патувањето, различноста и далечината се тајните освежувачи на креативноста на нашиот ум“, напишала Лепа Брена. Фотографијата од јахтата ги воодушеви нејзините обожаватели кои и порачаа да ужива.

"Па, тоа е убав брод, не беше само подарок за нашата душа. Сакавме да си дозволиме нешто, бидејќи беше специфична ситуацијата. Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме. Така, имав барем една година пауза и одмор со она што навистина го сакам цел живот - да пловам и да бидам на вода. Сакам море и вода, а сакам и бродови “, рекла пејачката за јахтата во едно од претходните интервјуа за српските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела

Русија и Украина разменија останки на 277 војници убиени во војната.

Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела

Русија ѝ ги предаде телата на 252 загинати војници на Украина, а за возврат ги презеде останките на 25 свои војници, објави белоруската новинска агенција БелТА. Размената се одржа на граничниот премин Новаја Гута во Белорусија.

Договорено обновување на трипартитните мировни преговори

Репатријацијата на останките се случи еден ден откако специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ги заврши разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург. Тие разговараа за обновување на трипартитните мировни преговори, кои беа прекинати уште во февруари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Киев го поддржува американскиот предлог за трилатерални преговори со Москва и Вашингтон. Кремљ објави дека Путин се согласил да ги продолжи преговорите со посредство на САД, веќе следниот месец.

Русија и Украина претходно разменија останки на паднати војници во август и септември. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Буданов, на 2 октомври објави дека повеќе од 26.000 тела и останки се вратени во Украина како дел од репатријацијата, но значаен дел од нив сè уште не е идентификуван.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Том Круз добива награда за животно дело

Признание за исклучителен придонес за филмот, холивудската ѕвезда, актерот Том Круз добива награда за животно дело .

Том Круз добива награда за животно дело

Мегапопуларниот актер Том Круз е добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт, која ќе му биде врачена во април следната година, соопштија денеска организаторите.

Наградата е посветена на зачувувањето и промовирањето на филмот. „Како актер и продуцент, тој внесува извонредна посветеност во сè што прави.

Она што особено го ценам е неговата длабока верба во филмовите и нивната моќ да ги зближуваат луѓето“, изјави Кетлин Кенеди, претседателка на Управниот одбор на Американскиот филмски институт.

Меѓу претходните добитници на наградата на Институтот се Бети Дејвис, Џин Кели, Елизабет Тејлор и Том Хенкс. Круз бил номиниран три пати за наградата на Филмската академија, а минатата година доби почесен „Оскар“ за животно дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер