Се вика ЛМ и станува збор за суперлуксузно комбе , какви што Тојота веќе продава на азискиот пазар. Но , ова е нешто поразлично , зашто комбето има сосема поинаков надворешен и внатрешен дизајн од претходниците на Тојота.
Освен целата дигитална опрема низ комбето , има дури и голем фрижидер, ладилник, шкаф за чадори, како и масажни климатизирани седишта.
Секако дека има и звучна преграда за тајни состаноци.
Овој модел сепак нема да се продава во Европа, туку само во Кина и околните земји. Во Jапонија ваков вид превоз е омилен меѓу политичарите и бизнисмените , како и медиумските ѕвезди , кои комбето го заменија за сметка на луксузните лимузини.