Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаБитиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски плановиЕдинствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови, оцени пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.Тој предупреди дека Владата за неполни десет месеци понуди три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува значително повисок од првично планираниот, а средствата за капитални инвестиции се намалуваат. „Во рок од десет месеци имаме три буџетски конструкции и едно исто раководство кое постојано ни објаснува дека сè се одвива според планот. Изгледа дека единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови. Народот одамна рекол: „Двапати мери, еднаш сечи“. А оваа Влада, изгледа, прво сече, па потоа мери колку погрешила. И така трипати. Само што цената на секоја погрешна мерка ја плаќаат граѓаните, а не оние што ја направиле“, истакна Битиќи. Тој посочи дека првично планираниот буџетски дефицит од 39,239 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, со јулскиот ребаланс се зголеми на 46,264 милијарди денари или 4,1 процент од БДП, а со октомврискиот останува непроменет. Истовремено, капиталните расходи се намалуваат од 45,879 на 40,124 милијарди денари, односно за 5,755 милијарди денари, додека со вклучување на посебната компонента КАПЕФ, намалувањето на вкупната капитална компонента достигнува околу 6,3 милијарди денари. Според Битиќи, ваквата прераспределба го потврдува предупредувањето на Фискалниот совет дека дополнителниот дефицит практично повеќе не е наменет за зголемување на капиталните инвестиции, туку за покривање на тековните расходи. „Во јули го браневте зголемувањето на дефицитот со аргументот дека обезбедувате дополнителни средства за капитални инвестиции. Тоа беше главното развојно оправдување за поголемиот фискален јаз. И доаѓаме до суштинскиот пресврт. Капиталните инвестиции се враќаат речиси на почетното ниво, но дефицитот останува за седум милијарди денари поголем од првично планираниот. Во јули се задолжувавме повеќе за наводно да инвестираме повеќе. Во октомври инвестициите се намалуваат, задолжувањето останува, а Владата продолжува да зборува за развој“, нагласи Битиќи. Осврнувајќи се на развојните приоритети, пратеникот од СДСМ укажа дека со ребалансот се намалуваат средства од основниот буџет за малите и средните претпријатија, технолошко-индустриските развојни зони, странските инвестиции, рамномерниот регионален развој, енергетиката и образовната инфраструктура. Тој предупреди и на нестабилните приливи од странски директни инвестиции, кои од 218,6 милиони евра во првиот квартал на 2026 година се имаат сведено на 18,7 милиони евра во вториот квартал. Дополнително, додаде дека расходите за пензии растат, но нивното номинално зголемување не гарантира и поголема куповна моќ, додека растечката зависност на пензискиот фонд од буџетските трансфери отвора прашања за долгорочната одржливост на системот. „Каматите, за разлика од капиталните инвестиции, имаат една голема предност: тие не зависат од способноста на Владата да реализира проекти. Доаѓаат редовно, дури и кога развојот доцни, во овој дел нема промашување“, рече Битиќи, укажувајќи дека расходите за камати изнесуваат 21,094 милијарди денари, што е повеќе од половина од планираните капитални расходи. Тој предупреди дека јавниот долг, кој на 30 јуни достигна 10,726 милијарди евра, до крајот на годината може да надмине 11 милијарди евра, и побара од министерката за финансии да објасни како дополнителните најавени задолжувања се третираат во официјалната евиденција на јавниот долг. Битиќи побара од Владата и конкретен план за подмирување на доспеаните, а неплатени обврски на јавните субјекти, кои во јуни достигнаа 42,66 милијарди денари, како и поголема транспарентност за тоа кои обврски се опфатени со ребалансот. Според него, државата не смее да ја загрозува ликвидноста на компаниите со одложување на сопствените плаќања, вклучително и навремениот поврат на ДДВ. На крајот од обраќањето, пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи порача дека зад буџетските ставки стојат работници, пензионери, млади и компании што очекуваат стабилна и одговорна држава, нагласувајќи дека вистинската цена на лошото буџетско планирање се плаќа со пропуштената можност за развојот што нема да го оствариме, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСубару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили Субару се збогува со боксер автомобилите во Европа. Од 2028 година ќе продаваат само електрични автомобили. Субару ќе ги повлече сите модели со мотори со внатрешно согорување од европската гама до крајот на 2027 година. Брендот, кој со децении се карактеризираше со боксер мотори и погон на сите тркала, треба да им понуди на европските клиенти исклучиво електрични автомобили од 2028 година. Одлуката ја потврди германското претставништво на Субару за списанието Auto Motor und Sport. Промената ги вклучува и бензинските и хибридните модели, па така Outback, Impreza, Crosstrek и Forester во нивните сегашни верзии постепено ќе исчезнат од понудата. Нивното место ќе го заземат електричните модели развиени во соработка со Тојота. Прв што ќе си замине е бензинскиот Outback Повлекувањето започнува со Outback, чија сегашна верзија со 2,5-литарски атмосферски боксер мотор од 169 КС треба да ја напушти европската понуда подоцна оваа година. Во 2027 година, Impreza, Crosstrek и Forester ќе следат со дволитарски e-Boxer хибриден погон со 136 КС. Ова ќе го остави Subaru во Европа без дизајнот на моторот што стана еден од неговите заштитени знаци. Сепак, ова не е глобално збогување со boxer: брендот продолжува да развива вакви погони за други пазари, меѓу другите во комбинација со целосен хибриден систем. Европските регулативи ги зголемуваат трошоците Како причини за промената, Subaru ги наведува европските ограничувања за просечните емисии на CO₂ и барањата за безбедносни системи и системи за помош на возачот. Прилагодувањето кон тие правила ја отежнува хомологацијата и продажбата за помалите марки на автомобили. За Subaru, кој продава релативно малку автомобили во Европа, инвестирањето во адаптирање на постојните бензински модели станува сè потешко да се оправда. Затоа тие ќе се фокусираат на електричната понуда. Три електрични модели ја преземаат понудата Според сегашниот план, европската понуда од 2028 година ќе се состои од Solterra, Uncharted и E-Outback. Сите три модели се технички поврзани со автомобилите на Тојота: Solterra со bZ4X, Uncharted со C-HR+ и E-Outback со bZ4X Touring. Subaru официјално го најави електричното трио во јули 2025 година, тогаш како проширување на гамата на постојните модели со боксер мотори. Особено го истакна подобрениот погон на сите четири тркала, подолгиот досег и побрзото полнење. Интересно е што името Outback ќе остане во Европа дури и откако бензинскиот модел ќе исчезне.Тагови: Субару Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу. Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани. Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија. Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата. Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено. Која е уапсената градоначалничка? Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација. Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште. По изборите, таа одби да поднесе оставка Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво. По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет. Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа. Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаНова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштолДенеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков. Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје. За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле. Осомничен е дека користел пиштол за стартување Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед. Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето. Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани. Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите. Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата. Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter