3И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола
ФудбалЛеао: Не сакам да седам на клупата, но Фонсека носи одлукиНе сакам да седам на клупата, но Фонсека носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам. Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао проговори за односите со тренерот на Милан, Пауло Фонсека. Во саботата, крилниот напаѓач ја прекина серијата од десет натпревари без гол за „Росонерите“ постигнувајќи гол во ремито (3:3) со Каљари. Португалецот нема стандардно место во стартниот состав. -Ова се случува во текот на сезоната, немам ништо против него [Фонсека], исто како што тренерот нема ништо против мене. Прашањето е решено. Не сакам да седам на клупата, но тој носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам. И кога ќе излезам на теренот давам се што имам за да му помогнам на тимот, изјави Леао. Милан на23 ноември ќе се соочи со Јувентус во дербито на 13. коло од Серија А. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Македонија искачи 29 места на светската ранг-листа за сајбер-безбедностВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59 на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени. Владата донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја усвои Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 со Акциски план и ги зајакна механизмите за координација и реакција при сајбер-инциденти. Со овие мерки се создава посигурна дигитална инфраструктура, подобра заштита на податоците на граѓаните и поголема отпорност на државните системи. Ова е конкретен резултат од реформите и голем чекор кон модерна и безбедна дигитална држава, во интерес на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаДУИ: Продолжува измамата на НЕ-ВРЕДИИ партијата Алтернатива сè уште фигурира како активен политички субјект во Централниот регистар.Документите откриваат уште еден скандал: раководството на Алтернатива го сменило претседателот на партијата без да ги информира ниту членството, ниту јавноста. Според податоците во Централниот регистар, претседател на Алтернатива е Зекирија Бериша, шеф на кабинетот на министерот Беким Сали. Кога е избран Зекирија Бериша за претседател? Кој партиски орган ја донел оваа одлука? Зошто промената била чувана во тајност? Дали членовите на Алтернатива знаат кој правно ја раководи нивната партија? Имаме скандалозен и, најверојатно, невиден случај: една партија го менува претседателот во официјалните документи, а овој факт го крие од граѓаните и од сопственото членство. БЕСА продолжува да постои со Билал Касами како претседател. Алтернатива продолжува да постои со Зекирија Бериша како претседател. Таканареченото „соединување“ го имаат само за конференции и пропаганда. Партиите, претседателите, печатите и интересите продолжуваат да функционираат одделно. Не-вреди е измама од темел до врв. ДУИТагови: ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИ Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контролаЈавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача иницијативата „И здравје и работа“.Од иницијативата посочуваат дека заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните не смеат да се спротивставуваат на економскиот развој. Напротив, современото и одговорно рударство подразбира високи еколошки стандарди, примена на современи технологии, континуиран мониторинг и силна институционална контрола. „Никој не треба од јавноста да бара слепо да верува во кој било рударски проект. Но, исто така, никој не треба да бара од јавноста да верува во обвинувања кои не се поткрепени со стручни анализи и релевантни докази. За секој проект треба да зборуваат фактите, техничката документација, научните проценки и законските процедури“, велат од „И здравје и работа“. Од иницијативата нагласуваат дека секој рударски проект мора да биде подложен на сериозна и независна проценка. Прашањата поврзани со водата, воздухот, почвата, управувањето со отпадот, безбедноста и рекултивацијата се легитимни и неопходни, но нивните одговори треба да произлезат од стручни анализи и институционални процедури. Од „И здравје и работа“ сметаат дека во дебатата не треба да се занемарува ниту економскиот придонес што современото рударство може да го има за државата. „Кога зборуваме за рударството, мора да зборуваме и за неговиот потенцијал да создава нови работни места, да го зголеми извозот, да носи приходи во државниот и локалните буџети и да отвора простор за развој на домашните компании. Секако, ниту една економска придобивка не може да биде оправдување за непочитување на еколошките стандарди. Но, исто така, ниту една претпоставка за можен ризик не смее однапред да биде причина да се отфрли инвестиција без да се разгледаат фактите и стручните проценки“, велат од „И здравје и работа“. Од иницијативата нагласуваат дека критичката јавност е неопходна, но критиката не смее да значи однапред донесен заклучок дека секој рударски проект е опасен, дека секој експерт кој зборува за рударството има скриен интерес или дека секој кој има поинаков став е против заштитата на животната средина. Од иницијативата додаваат дека Македонија не треба да ја сведува дебатата за рударството на изборот „или екологија или рударство“. „Дебатата треба да се води околу тоа дали можеме да имаме рударство кое ги почитува највисоките еколошки стандарди, а истовремено да создава економска вредност за државата и граѓаните. Одговорот треба да го дадат науката, стручната јавност и институциите, а не стравот и политичките поделби“, порачуваат од „И здравје и работа“. Од иницијативата повикуваат на отворена, аргументирана и конструктивна дебата, во која ќе има простор и за критички ставови, но и за мислењето на стручните лица, без нивно дискредитирање или замолчување.Тагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook