ЛДП: Евролибералите одлучно за почеток на преговори со Република Северна Македонија до крајот на годината

"Северна Македонија постигна неверојатен успех во изминатите две години, претворајќи се од авторитарно општество во отворена демократија."

,,Успесите во решавањето на проблемите со соседите имаат далекусежни последици. Сите ние, вклучително и нашите партнери од Франција од партијата на претседателот Макрон, тоа мора да го поддржиме и да го испорачаме ветеното за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на оваа година. Ќе разговараме со сите ова да се гарантира." Тоа беше заклучокот на претседателот на АЛДЕ Ханс ван Бален, од владеачката холандска Либерална партија на премиерот Марк Руте, за време дебатата на лидерската средба на АЛДЕ овој викенд во Цирих, Швајцарија на која во име на ЛДП учествуваше Емил Кирјас.

Фокус на дискусиите на Советот на партијата на Европските либерал-демократи – АЛДЕ, чиј полноправен член е Либерално-демократската партија, беше најдобириот резултат на Европските либерал-демократи во историјата на изборите за Европскиот парламент. Како водечка сила во третата по големина група во Европарламентот "Обнова на Европа", ќе следи зголемено учество и влијание на АЛДЕ во одлуките кои се носат во Брисел на сите нивоа. Се очекува во текот на оваа недела да се знае кои точно клучни позиции во ЕУ ќе им припаднат на либерал-демократите.

Во рамките на Советот на АЛДЕ, Емил Кирјас оствари повеќе средби на највисоко ниво со цел да се осигура почеток на преговорите до крајот на годината.

Безусловна поддршка на РС Македонија за започнување на преговорите со ЕУ и изразија:

Донеодамнешниот премиер на Словенија а сега министер за надворешни работи Миро Церар, Министерката за социјална политика и лидер на либералите од Луксембург, Корин Каен.

Претседателката на британските Либерал-демократи, Баронесата Сал Бринтон, партијата која на изненадување на сите го освои второто место на европските избори, а моментно води на анкетите во Британија.

На Советот на АЛДЕ Кирјас говореше и со Никола Беер, генерален секретар на германсккте либерали и која се очекува неделава да биде избрана за потпретседател на Европарламентот и со Михаел Линк, поранешн државен секретар во германското МНР и директор на ОБСЕ-ОДИХР, сега пратеник во Бундестагот. Тие искажаа уверување дека на пленарната седница на Бундестагот во септември ќе има мнозинство кое ќе го поддржи предлогот на Европската Комисија за РС Македонија. Во разговорот тој укажа: "Продолжете да работете напорно. Го следиме позитивниот напредок на РС Македонија. Добро е што ЛДП добива позначајна улога во Владата, тоа ќе има влијаните кај нашите пратеници да гласаат позитивно."

И од Данска која до неодамна се спомнуваше како скептична во однос на преговорите овој пат со позитивни пораки пред самитот во октомври. Додека пак европратеникот од Бугарија Илхан Ќучук информираше во рамките на новиот состав на Европарламентот има зголемена заинтересираност за состојбите во Северна Македонија што може да даде дополнителна можност за забрзување на процесот на евроинтеграција.

Со претседалот на црногорските либерали и пратеник во црногорскиот парламент Андрија Поповиќ беше договорено интензивирање на соработката имајќи предвид дека наскоро двете земји ќе преговараат за членство во ЕУ.

ЕУ го заостри визниот режим со Етиопија поради „несоработка“ во реадмисијата на азиланти

Советот на ЕУ денеска реши времено да суспендира одредени одредби од одлуката со кој се регулира издавањето визи за државјаните на Етиопија.  

Со денешната одлука се укинува ослободувањето од обврската за поднесување на доказите што треба да ги достават апликантите за виза, се забранува издавањето на повеќекратни визи и се укинува ослободувањето од обврската за плаќање визната такса за имателите на дипломатски и службени пасоши.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, рокот за одговор на поднесената апликација за виза се продолжува од досегашните 15 на 45 календарски дена.

Ваквата одлука на Советот на ЕУ е донесена врз основа на оценката на Еврокомисијата дека „соработката на Етиопија на полето на реадмисија на нејзините државјани кои илегално престојуваат во ЕУ е недоволна“.

Според ЕК, има недостиг на одговори од страна на етиопските власти во однос на барањата за реадмисија и постојат потешкотии со издавањето на итни патни документи и со организација на враќањето на одбиените баратели на азил.

Одлуката за суспензија е привремена, но нема конкретен краен рок на нејзината важност, туку тој ќе зависи од понатамошната оценка на Комисијата за постигнатиот напредок во соработката за реадмисија од страна на Етиопија.

Европската комисија редовно ја оценува соработката на трети земји во процесот на реадмисија на илегалните мигранти и одбиените баратели на азил. Врз основа на овие оценки, ЕК може да заклучи дека соработката на одредена трета земја при реадмисијата е „недоволна“ и може да ја суспендира одлуката за визна либерализација или да го заостри постојниот режим за издавање визи.

Во случајот на Етиопија, Еврокомисијата процени дека има „особено ниска стапка на реадмисија“ и се издадени мал бројот на патни документи врз основа на барањата за враќање на етиопските државјани во нивната матична земји, што во целост е оценето како „ниско ниво на соработка“. /МИА

Иран ги отфрли шпекулациите дека соработува со Северна Кореја во врска со нуклеарни прашања

Иранското Министерство за надворешни работи денеска по пристигнувањето на севернокорејската деловна делегација во Техеран, ги отфрли шпекулациите за соработка со Пјонгјанг во врска со нуклеарни прашања.

„Делегацијата, предводена од министерот за надворешни економски односи Јун Јонг Хо, отпатува во иранската престолнина минатата недела на економска конференција. Секоја поврзаност со соработка за нуклеарни прашања е „неоснована“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани.

Во Јужна Кореја имаше шпекулации дека за време на посетата може да се разговара за воена соработка меѓу Северна Кореја и Иран.

Двете земји - и двете се соочија со строги меѓународни санкции и изолација на дипломатската сцена поради нивните нуклеарни активности - постојано беа обвинувани за активна соработка, особено во областа на ракетната технологија.

Контроверзната иранска нуклеарна програма е предмет на обновен интерес во последните месеци по избувнувањето на војната во Газа. /МИА

Сиднеј: Тинејџери планирале да купат оружје и да ги напаѓаат Евреите

 Група тинејџери планирале да набават оружје и да нападнат Евреи само неколку дена по нападот врз епископот на Асирската православна црква во Сиднеј, покажа полициската истрага, објавија денеска австралиските локални медиуми.

Петмина тинејџери, на возраст од 14 до 17 години, во четвртокот беа обвинети пред судот во Сиднеј за низа прекршоци, вклучително и заговор за учество или планирање терористички чин.

Полицијата соопшти дека сите тие „се придржувале до религиозно мотивирана, насилна екстремистичка идеологија“ и биле дел од мрежата во која беше и 16-годишно момче обвинето за прободување на епископот на Асирската православна црква Мар Мари Емануел на 15 април.

Според полициските информации доставени до Детскиот суд во Сиднеј, двајцата обвинети разговарале за купување оружје на 19 април, истиот ден кога е обвинет наводниот напаѓач на бискупот, објави весникот News Corp Australia.

Одделот за односи со јавноста на полицијата на Нов Јужен Велс денеска за Асошиетед прес изјави дека не може да ја потврди точноста на извештајот.

Родителите на момчето во интервју за австралиските медиуми изјавиле дека нивниот син бил насилен и дека се сомневаат дека има нарушување од спектарот на аутизам, но додале дека тој не е терорист.

Еј-Би-Си објави дека на нивниот син му се допаѓаат онлајн видеата на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а сликата на профилот на момчето Вотсап е слика на самиот Бин Ладен. /МИА

притисни ентер