Лавров: Eвакуација на руската Амбасада во Пјонгјанг е само предлог

Прашањето за евакуација на руската Амбасада во Пјонгјанг засега е само предлог од Северна Кореја, а Москва ја проверува ситуацијата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Лавров, кој е во посета на Ташкент, појасни дека таквиот предлог за евентуално евакуирање на персоналот се доставени до сите амбасади во Пјонгјанг.

- Мошне сме загрижени поради зајакнувањето на тензиите - нагласи тој и додаде дека Москва сака да ги разбере причините за тоа решение.

- Русија сакаше да дознае дали прашањето за евакуација на Амбасадата е предлог или решение. Ни беше кажано дека е предлог. Уште еднаш повторувам, со оглед на тоа дека во овој случај се испреплетуваат многу фактори, меѓу кои и такви поврзани со другите учесници во шестстраните преговори - нагласи Лавров.

Во шестстраните преговори со Пјонгјанг учествуваат Кина, Русија, САД, Јапонија и Јужна Кореја.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер