Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
АвтомобилизамЛамборџини го претстави новиот Huracan Tecnica (ВИДЕО)Со оваа комбинација Lamborghini ја комплетира понудата на до неодамна својот најпопуларен модел.Во најновото издание Huracan го имитира поголемиот Sian, што значи само едно - уште повеќе задоволство зад воланот. Верзијата Tecnica се базира на основната верзија на Evo, која се карактеризира со погон на задните тркала. Сепак, моделот сега доби голем број на модификации забележани на поскапите изведби. Изгледот е малку попитом, ако тоа воопшто може да се каже за Lamborghini, но затоа автомобилот добива мотив во форма на Y под секое светло, по моделот на Sian и концептот Terzo Millennio. Страничниот прозорец е обликуван како Essenze SCV12, а 20-инчните тркала се моделирани по моделот на Vision GT. Така сега моторот 5.2 V10 не дава 610 КС и 560 Nm, туку 640 КС и 565 Nm како кај STO верзијата, а со ревизијата на издувот добива уште поатрактивен саундтрак, особено при поголеми брзини. Покрај тоа што споделуваат еднаква моќ, Tecnica и STO имаат сосема поинаков изглед и Tecnica изгледа прилично скромно со некои значајни визуелни промени позајмени од некои од најекстремните понови хиперавтомобили на Lamborghini од ограничената серија. Најголемата новина е задниот дел во форма на карбонски капак на моторот со интеграција на вертикално задно стакло. Издувните топови имаат хексагонален пресек, а има време и за редизајн на елементите на каросеријата - фиксен спојлер, браник и дифузер. Фиксниот спојлер е тој што изненадува. Тој е драстично помал отколку во верзијата на WTO, но наводно обезбедува дури 35% повеќе потисок на задната оска во споредба со основната верзија на Evo. А вагата покажува помалку, точно 10 килограми во однос на основниот модел, па сега Huracan тежи 1379 килограми. Перформансите на Tecnica достигнуваат 100 km/h за 3,2 секунди, но уште поголем напредок се чувствува во свиоците, потпомогнати од вртливата задна оска, системот за векторирање на вртежниот момент и системот за контрола на динамиката на возилото LDVI (Lamborghini Dinamica Veicolo Integrata). Цената не е позната, но се знае дека првите примероци на патот и/или патеката ќе пристигнат до крајот на годината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаПожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, битолско33 часа непрекинат оган во битолскиот регион во општините Битола, Могила и Новаци. Најтешката битка пожарникарите ја имаа во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Голема помош во селото Лознани бил младиот Алекснадар Чепиговски од село Ивањевци кој со својот трактор орал директо низ пожарната линија и изгаснал голе дел од пожарот. „Јас со мојот трактор влегов директно во пожарот ја имав и прскалката и почнав да гасам. Бев многу внимателен да не настрадам, но она што можев направив и помогнав“, раскажува Александар Чепиговски село Ивањевци. Тимови од од противпожарната единциа Битола, Кавадарци и Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со жителите од селата ги совладаа пожарите. „Пожарите почнаа сите во исто време, може да се дел подмеметнати, дел да се од стрништа. Голема благодарност до жителите кои многу помогнаа со пожарите“, Тони Коњановски градоначалник на Битола. Првиот човек на ДСЗ Стојанче Ангелов објаснува дека вчерашниот ден бил најтежок со пожарите. Активен е пожарот кај скопско Студеничани. „Вчерашниот ден беше најтежок, пожарите во битолско се изгаснати има делови кои се на непристапен терен. Во Студеничани има оган во непристапен терен“, објаснува Ангелов. Едно лице било повредено со изгореници на дланките кое е на домашно лекување. На ниво на цела држава активни се шест пожари, два пожари се под контрола. ДСЗ и ЦУК со апел да се внимава со палење на огнови на отворено, бидејќи е кривично дело. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиењеГостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите.Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена пред малку на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. За да ги уверат граѓаните во исправноста, функционерите пиеја вода од јавната чешма пред општината. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска. Бети, дали со ова конечно се става крај на кризата во градот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: АХВ Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет македонски семејства побарале помош за евакуација поради пожарите во ГрцијаПеколното деноноќие во Сивири заврши, пожарот кој со часови пустошеше на популарниот прв крак на Халикиди е ставен под контрола, но се уште, постои ризик од разгорување поради силниот ветер. Огнот кој вчера доцна попладнето молскавично се прошири во шумскиот предел во Сивири, принуди на евакуација илјадници туристи и од околните летувалишта, меѓу кои и многу Македонци. Семејство од Скопје кое било сместено во Посиди, 10 километри од главното жариште, за Канал 5 сведочи за хаосот кој настанал кога им стигнале пораките за итна евакуација. -Бевме сместени во Посиди и добивме пораки на телефон итно да се евакуираме кон Скиони. По пат беше хаотично, од сите страни доаѓаа колони кои се обидуваат да го напуштат кракот кон Солун. Патувавме пет часа за да го напуштиме кракот. , вели скопјанка за Канал 5. Од македонското МНР информираа дека пет наши семејства побарале помош и се евакуирани. Апелираа до граѓаните во случај на потреба да се јават дежурниот телефон на министерството или на електронската адреса (+389 75 268 736 или преку електронската адреса [email protected].) Изгорени се над 3,500 хектари, уништени се куќи и автомобили, а огнот го парализираше копнениот пат вчера, поради што најмалку 500 туристи беа евакуирани од Сивири со бродови. -Ги носиме кон летувалиштето Сани. Колку бродови имате? Имаме повеќе од 15. -Состојбата е неизвесна, многу куќи и автомобили се оштетени. -Внимавајте, таму владее хаос. -Ако не бевме ние самите, се ќе изгореше. , велат жители на Скиони. Со катастрофални пожари се бори и Далмација во Хрватска, а стихијата која синоќа го зафати Омиш локалните жители веќе го нарекоа Огнен Армагедон. Најмалку 15 луѓе се повредени, од кои половината се во критична состојба. Излези од автомобилот. Страшно е. Мене ми се плаче. Ова е катастрофа. Јас сум тука 50 години. Од сите пожари во Далмација, овој е најстраѓниот пожар. 300 пожарникари со 90 возила се обидуваат да го стишат огнот, кој во неврат однесе 10-ици куќи и автомобили и штета која допрва ќе се утврдува. -За жал, голем број куќи се изгорени. Голем број возила и на улиците, и покрај улиците, кои не беа тргнати се изгорени. Голема метаријална штета за нашите граѓани. Освен Грција и Хрватска, со пожари од различни размери се соочуваат речиси сите земји од регионот.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21