Курт Кобејн послужил како инспирација за новиот Бетмен (ВИДЕО) - Канал 5

Курт Кобејн послужил како инспирација за новиот Бетмен (ВИДЕО)

Поминаа два месеци откако фановите имаа можност за прв пат да видат како ќе изгледа новиот Бетмен, во режија на Мет Ривс.

Курт Кобејн послужил како инспирација за новиот Бетмен (ВИДЕО)

Во интервју за Empire, режисерот открил неколку детали за тоа како настанала неговата верзија на познатиот суперхерој.

„Кога пишувам, често слушам музика и додека го пишував првиот чин ја слушав Something in the Way на Нирвана. Тоа е лик кој поминал низ голема трагедија и стана осаменик. Почнав да се поврзувам со филмот Last Days на Гас Ван Сант и играјќи си со идејата за измислени верзии на Курт Кобејн кој живее во вила која полека се распаѓа“, рече Ривс.

Откако Кобејн му станал мисла водилка, тоа само ја зацврстило одлуката да го ангажира Роберт Патинсон: „Тој го има ова нешто што ме потсетува на Курт Кобејн затоа што изгледа како рок ѕвезда, но имаш и чувство дека може да биде осаменик“. Тој додаде дека новиот Брус Вејн нема да биде некој што се движи во кругот на познатите и користи скапи играчки, туку лик кој ги прави сите свои уреди со Алфред.

Модели за филмот биле Chinatown, The French Connection и Taxi Driver, а покрај сето тоа, снимател е Грег Фрејзер, кој неодамна работел на филмот на Денис Вилнев, Дина.

Иако Бетмен е млад во филмот, Ривс тврди дека ова нема да биде филм за суперхерои: „Она со што бев поврзан е дека Бетмен не е класичен суперхерој. Ако има супермоќ, тоа е неговата способност да издржи. Тој е многу жив лик и идејата не беше да се направи филм за тоа како станал Бетмен, туку за неговите помлади денови. Да се ​​види сето тоа на нов начин, што не сме го виделе досега.“

YouTube video

Проекцијата на филмот започнува на 4 март 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%

178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија.

178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%

178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија, а усогласеноста на државата со европската Директива за поплави изнесува само 16%, покажуваат податоците од проектот за унапредување на имплементацијата на европската Директива за поплави. Проектот предвидува изработка на мапи на опасности и ризици од десет речни подсливови, кои треба да помогнат во утврдувањето на најзагрозените подрачја и планирањето на мерките за заштита. Паралелно се подготвуваат и измени на Законот и подзаконските акти за води, со цел националното законодавство да се усогласи со европските правила. Проектот предвидува и изработка на план за воведување систем за рано предупредување од поплави, со кој треба да се подобрат координацијата меѓу институциите и навременото информирање на населението.

- Ние веќе ги сработивме амандманите во Законот за води, процедурата е во Министерство за животна. Исто работат на други амандмани за други области и очекувам дека во најскоро време ќе биде законот ставен во процедура, процедура на усвојување.-Татјана Тодоровска проектен директор на Ептиса

-Овие зони со потенцијален ризик се дефинирани, значи, на основа на топографски, географски, хидрогеолошки, геолошки подлоги, информации за претходни поплави и меѓу останатото, значи, сè она што претходно се има случено е евидентирано како зона со потенцијален ризик од поплави во државава. Значи се работи за 178 прелиминарно идентификувани зони. За секоја од овие зони, значи, потребно е, согласно Европската директива, да се изработи проценка на ризикот од поплави.-Драган Ивановски –раководител на технички дел на Ептиса

Црвениот крст има Интервентна единица од 40 членови, составена од медицински персонал, парамедици, лица задолжени за логистика и психосоцијална поддршка. Тимот е обучен да одговори на потребите на населението во првите 72 часа по катастрофа. Интервентната единица е формирана по трагедијата во Кочани, а била ангажирана и при последните поплави во Кичево.

-Интервентниот тим функционира во првите 72 часа откако е случена одредена катастрофа или криза и овој тим поминува различен тип на обуки во текот на годината со цел да биде трениран и подготвен да одговори на потребите на заедницата во услови на катастрофа.-Ивона Ѓорѓиева – член на Интерветна единица Црвен крст

Проектот за усогласување со европската Директива за поплави се спроведува од февруари минатата година, а неговото завршување е планирано до крајот на август наредната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата

Брвеница избира нов градоначалник. Шестмина кандидати се во трка за функцијата на предвремените избори.

Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата

Право на глас имаат над 16 илјади граѓани. Јана Јосифоска го следи изборниот ден во Брвеница.

На колку избирачки места се гласа, дали се се одвива регуларно и каква е излезеноста до сега?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство

Повеќе пациенти, повеќе трауми од стрес, сè потешки последици од семејното насилство врз жени и девојки.

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство

Само за седум месеци годинава, на Клиниката за психијатрија се евидентирани 101 лице со психички стрес поврзан со семејно или партнерско насилство. За споредба, тое речиси двојно повеќе во однос во целата 2025 година кога биле регистрирани 79 вакви случаи. Податоците од анализата ги презентираше професорката Славица Арсова директор на клиника за психијатрија. Најмногу случаи биле евидентирани во март – 27, во април – 23, а во јуни уште 21. Овие бројки временски се совпаѓаат со трагичниот настан во Скопје, кога мајка со своето дете скокна од балкон по долгогодишно семејно насилство.

Жртвите доаѓаат од различни возрасни групи. Просечната возраст е 40 години, но меѓу пациентите има и 19 малолетници, како и 29 лица постари од 60 години а жените жртви се трипати побројни од мажите.

Од Клиниката посочуваат дека овие податоци не се показател дека насилството нужно се зголемува, бидејќи врз бројот на евидентирани случаи влијаат и препознавањето, документирањето и упатувањето на жртвите. Но, статистиката на МВР покажува дека расте и бројот на пријави за семејно насилство.

Од 4.421 пријава во 2022 година, бројката во 2025 година достигнала 5.436 – зголемување од 23 проценти. Минатата година најчесто како жртви биле евидентирани сопруги, родители и поранешни брачни партнери. Регистрирани биле и 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство.

Зад статистиката се луѓе со сериозни психички последици, на кои често им е потребна стручна помош и заштита. Затоа, психијатрите ја нагласуваат потребата здравствените работници навреме да го препознаат насилството, да разговараат со пациентите за нивната безбедност и да ги вклучат надлежните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер