Куп пари, скандали, врски со славни личности, брзо возење: - Канал 5

Куп пари, скандали, врски со славни личности, брзо возење:

Како децата на познатите ги фрлија во сенка своите успешни одговори

Куп пари, скандали, врски со славни личности, брзо возење:

Наследниците на јавните личности сè повеќе ги полнат колумните во весниците. Некои се познати по успешната кариера, добрите песни, додека на некои најдобро им оди позирањето во скапа гардероба, скандалите и арогантното однесување.

Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на фолк дивата Цеца, е најпопуларна на социјалната мрежа Инстаграм. Ја следат повеќе од милион луѓе, додека со својот глас и песни успеа да се избори за одлична позиција на естрадата. Како што истакна неколку пати во интервјуата, таа сака да заработува сама и токму тоа добро и оди.

-Веќе 4 години се издржувам сама, воопшто не барав пари од мајка ми. Многу сум среќна, горда сум на тоа. Најмногу заработувам од Инстаграм и годишни договори - изјави во една прилика младата пејачка.

Ќерката на Миле Китиќ и Марта Савиќ, Елена, го наследи својот талент од нејзините родители. Зад себе има неколку хитови, но никогаш не дава интервјуа и изјави во јавноста. На својот Инстаграм се фали со луксузот што го поседува. Често можеме да ја видиме со чанти „луј витон“ во вредност од 5.000 евра, а не í се туѓи ни луксузните автомобили.

Она за што најмногу се шпекулира се бројните естетски интервенции што наводно ги правела.

Софија Шашиќ, ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ, е позната по бројните скандали и арогантното однесување. Едно од нив е секако кога пред неколку години се откажа од својот татко во јавноста. Она што најмногу го погоди пејачот во тоа време беше одрекувањето на Софија и преземањето на презимето на тогашниот очув Аца Лукас. Сепак, овој проблем беше надминат со тек на време. Покрај тоа, таа неодамна беше уловена како вози брзо во „Папарацо лов“. Имено, Софија го позајмила скапиот автомобил на Лукас, а потоа неколку пати помина на црвено додека брзаше низ градот.

Ќерката на Милан Топаловиќ, Хелена, е препознатлива по нејзиниот бурен љубовен живот. Уште попозната од тоа е изјавата на Топалко за нејзините бројни афери: „Гордост на тато“! „Само да беше машко“. Одвреме-навреме, ја гледаме со некое ново момче. Последна во низата е аферата со наводно оженетиот Душан Алексиќ, сопруг на водителката Јелена Димитријевиќ од телевизијата „Хепи“, После тоа, Хелена ги негираше бројните шпекулации истакнувајќи дека тој е среќно разведен човек.

-Муабетите дека сум љубовница се чиста измислица. Нема потреба да се пишува за неговата и за мојата врска, јас својата приватност ја чувам, - рече Хелена.

Но, не беше само тој во фокусот на вниманието кога станува збор за момчињата на Хелена. Списокот е малку подолг, а сè започнува во 2012 година, кога „гордоста на Топалко“ влезе во емотивна врска со негов колега, Јоцо Стефановиќ. Потоа следеа турбулентни односи со тогашниот водител Владимир Станојевиќ, пејачот Слоба Васиќ, учесник во „Парови“ Александар Пожгај, со кого наводно разменувала љубовни пораки. Хелена не го заобиколи ни сегашниот зет на Зорица Брунцлик, пејачот Милош Вујановиќ, како и тенисерот Дамир Џумхур.

Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна, израсна во вистинска убавица, и со своите модни комбинации и изглед секојдневно го привлекува вниманието на јавноста. На неа секогаш може да видите нешта по најнова мода, а многу се зборуваше за торбата на Уна од позната француска марка, која чини околу 1.900 долари. Чантата не би била толку посебна доколку за неа нема список за чекање. Српската блогерка Зорана Јовановиќ, тогаш се пожали дека ова парче и пристигнало по шест месеци откако го нарачала, бидејќи претходно не можела никаде да го најде.

Синот на Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ, Виктор, го сврте вниманието на јавноста со слабеењето. Покрај слабеењето, Виктор одлично се снаоѓа и во приватниот бизнис. Тој има ресторани и фирми со кои раководи, иако претходно беше прилично немирен.

Ќерката на Харис Џиновиќ, Џина, неодамна стана мета на медиумите. Очигледно, таа ја наследи својата убавина од нејзината мајка Мелина и израсна во вистинска убавица. Ја следат 25.000 луѓе на Инстаграм, па не крие дека се забавува со фудбалерот на Црвена Звезда Андреј Ѓуриќ. Покрај ќерката Џaина, Харис и Мелина го имаат и синот Кан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

Илјадници наши сограѓани треба да добијат можност да решат едно од најважните животни прашања: сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства. 

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

За тоа се залагаме со предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, во чие поднесување учествуваат и пратениците на ВЛЕН.

Премногу долго, луѓето работеа со привремени договори и постојана неизвесност. Секојдневно ги извршуваа своите задачи, придонесуваа за работата на институциите, а нивниот статус остануваше нерешен. Зад секој таков договор стои семејство кое сака да знае дали може сигурно да го планира следниот месец, следната година и иднината на своите деца.

Тоа е историски наследен проблем. Наша обврска е да работиме на неговото решавање, наместо да го оставаме на следната генерација политичари.

Затоа го поднесовме предложеното решение за премин во работен однос на неопределено време на лицата што ги исполнуваат законските услови во опфатените јавни институции. Предлогот опфаќа различни форми на ангажман: договори на определено време, договори на дело, авторски договори, ангажмани преку агенции и други договори за извршување работа.

По влегувањето на законот во сила, институциите ќе имаат рок од 90 дена да ги склучат договорите или да ги донесат решенијата за вработување.

Предвидена е и заштита од раскинување на договорите во текот на постапката, освен при повреда на договорните обврски. Целта е луѓето да не останат без сигурност додека се спроведува трансформацијата.

Работното место не е партиска услуга. Платата не е награда за послушност. Никој не смее преку егзистенцијата на едно семејство да ја контролира слободата на човекот. Во минатото партиите си поигруваа со оваа категорија на луѓе, ние од ВЛЕН нема да ја продолжиме таа нечовечка пракса.

Никој не смее да зависи од волјата на партиите. Треба да важат законот, условите за работа и еднаквиот третман.

Како што работевме на решавањето на статусот на вработените во здравствените институции, продолжуваме да работиме и на другите наследени проблеми. Нашата заложба не завршува со поднесување документ. Ќе работиме за усвојување на предлогот и за негово доследно спроведување.

Ги повикуваме пратениците да го разгледаат одговорно и конструктивно. За прашање што ја засега сигурноста на илјадници семејства, потребни се јасни решенија и одговорност кон луѓето.

Политиката на ВЛЕН решава проблеми. Нејзиниот успех треба да се почувствува во сигурноста на семејствата, достоинството на работниците и слободата на секој граѓанин, рече Зекирја Таири од ВЛЕН.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот

Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра.

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашање за предизвиците со енергетската криза истакна дека имаме најниски горива во регионот токму затоа што Владата воведе мерки и интервенираше, а во однос на цената на електричната енергија посочи дека забрзо ќе се демантираат манипулациите на опозицијата, затоа што за време на оваа Влада цената не е покачена, додека во минатата цената на електричната енергија беше покачена за 35 проценти.

„Поврзано со предизвиците во енергетиката, цените на енергенсите и споредбата со земјите во регионот, ако денеска направиме пресек и анализа, тогаш ќе дојдеме до следниве бројки. Кај нас дизел еден литар гориво е 99 денари, следниот позади нас во регионот е Хрватска со 116 денари или отприлика 17% повисока цена, потоа е БиХ со 119 денари, отприлика за 20% повисока цена, исто толку е Словенија, потоа е Црна Гора со 122 денари односно тоа е отприлика 23% повисока цена, потоа е Србија со 124 денари, околу 25%, па потоа доаѓа Грција со 129 денари или 30% и конечно најскапа во регионот е Албанија со 145 денари по литар, тоа е отприлика 46% повеќе отколку тоа што чини литар дизел кај нас. Кај безоловниот 95 октани кај нас е 91 денар, следна е Хрватска со 104 или 14%, потоа е Словенија со 106 или 16%, па потоа е БиХ исто така со 106 денари, потоа е Србија со 109 или 20%, потоа доаѓа Црна Гора со 113 денари или 24%, па Албанија со 117 денари или 29% и конечно најскапа е Грција со 131 денар или 44% поскапо литар гориво безоловен 95 октани од тоа што е кај нас“, појасни премиерот Мицкоски.

Во однос на темата која некои ја наметнуваат во врска со тоа колку гориво може да се купи со платата во Германија, а колку во Македонија, премиерот Мицкоски вели дека суштинското прашање е дали пред почетокот на кризата со просечна плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија, и како што појасни разликата е два пати.

„Велат добро, ајде да видиме колку литри ќе купиме со нашата просечна плата ако ја споредиме платата во Германија и цената на литар. Тоа не е вистинското прашање, тоа е политичко манипулативно прашање. А кое е вистинското прашање? Дали пред почетокот на кризата со просечната плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија? Еве анализата покажува дека денес со просечната плата во Македонија купуваме повеќе литри дизел, отколку пред да почне енергетската криза споредено со Германија. Тоа е суштината. Дали тогаш со просечната плата во Германија купувале 100 литри, а сме купувале со просечната плата во Македонија во тој период 20 литри, сега во Германија се купува 80 литри, а во Македонија купуваме 30 литри. Тоа е суштината и начинот на кој треба да го поставуваме вистинското прашање. Разликата е два пати. Зошто? Затоа што оваа влада интервенираше пред сè во акцизите и во делот на ДДВ, односно за дизел горивата сега е намален од 18% на 10%, а во оној прв бран од крајот на февруари, таму некаде до крајот на мај, почеток на јуни и за безоловниот 95 октански“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека токму затоа и се прави вториот ребаланс на Буџетот, затоа што откако дојде вториот бран на кризата, и откако се имплементираа новите мерки треба да се направи подесување визави реалната состојба во државата.

„Тоа не го направија другите земји во регионот, затоа не прават ребаланс. И ние можевме да оставиме ДДВ од 18%, да не ги намалиме акцизите, сè да си остане исто, тогаш немаше да бидат 99 денари за дизел и 91 денар за 95 октански безоловен, туку дизелот ќе беше над 110 денари како што е во најголемиот дел од земјите во регионот, а безоловниот ќе беше исто така околу 110 денари. Тогаш ќе немаше потреба од ребаланс, ќе имавме суфицит во буџетот, бидејќи ќе ги соберевме парите од граѓаните. Ќе ве вратам во 2022 година, тогаш не се направија мерките навремено и тогаш имавме литар гориво кој беше повеќе од 2 евра и дизел и безоловен 95 октански. Тоа е разликата и затоа ние денеска мораме да направиме ребаланс, токму поради овие мерки кои оваа влада ги донесе. Тоа имплицира во буџетот отприлика недостаток во вредност од горе-доле околу 5 до 6 милијарди денари, тоа е околу стотина милиони евра. Тоа е разликата помеѓу таа влада тогаш и оваа влада денес“, изјави премиерот Мицкоски.

Во врска со цената на електричната енергија премиерот Мицкоски потенцира дека опозицијата ги плаши граѓаните, но забрзо ќе дојде 1 јануари и ќе се стави крај на шпекулациите.

„За електричната енергија бидејќи ги слушам ќе поскапувала, не знам колку, дупло ќе се зголемела, ги плашат граѓаните, еве ќе дојде 1 јануари, и ќе видиме дали цената на електричната енергија ќе поскапи. Така велеа кога беше 2024, па 2025 еве истото го зборат 2026 година и еве досега цената на електричната енергија не се зголеми. Ајде да видиме во минатото да зборуваме периодот 2018-2023 година, 35% е зголемена, кога ќе земете во целост со воведување на блоковите 35%, а сега 2024-2026 година, нула, во услови кога ја имаме најголемата енергетска криза која човештвото ја памети. Тоа е разликата. Ќе дојде декември, ќе излезе Регулаторна комисија со свое толкување и ќе дадат одговор на оваа невистинита шпекулативна комуникација која ја има опозицијата. Тоа што наследивме од минатото е товар за кој треба време да се реши, но дали е подобро, е многу подобро, дали ќе биде подобро, да, ќе биде подобро“, нагласи премиерот Мицкоски, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мамографот во Поликлиниката Букурешт не работи една година

Една година не работи апартот за мамагорафија во поликлиниката Букурешт. Пациентките реагираат дека ги слушаат сите совети за редовни прегледи, но истите им останува да ги направат во приватни ординации.

Мамографот во Поликлиниката Букурешт не работи една година

Од здружението „Хема Онко“ објаснуваат дека бројот на радиолози кои читаат снимки е мал и треба страгетија на самиот медицнски факултет за специјализации за радиолози, бројот на функционални апарати е низок, но систем каде ќе бидат ставени сите снимки на пациентка се уште не функционира.

Канал 5 го бараше првиот човек на здравствен дом Самир Исени, под чија надлежност е поликлиниката Букурешт, но не доби одговор зошто една година не работи апаратот.

Министерот за здравство Клековски ќе провери зошто мамографот не работи.

На Клиниката за онкологија засега ја има потребната терапија, она што нема како лек е астрезол во аптеките. Проблем е производството на лекот и истиот треба да е достапен по 7 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер