Кумуцакос : Каменос со изјавата ги поткопува обидите на владата

Со изјавата дека нема да има решение во разговорите за името Панос Каменос ги поткопува преговорите што се во тек, смета одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.

- Ако ова е изјавата на Каменос, тогаш владата има голем проблем, бидејќи додека преговорите се во тек и додека Коѕијас се наоѓа во Вашингтон и Њујорк за овие преговори, се појавува министерот за национална одбрана и во суштина ги поткопува напорите на владата. Ова е голем проблем, голем проблем што пред себе го има владата и треба да го реши, вели Кумуцакос, во изјава за медиумите, по конференција во Атина, коментирајќи го ставот на грчкиот министер за одбрана.

Во однос на името „Република Илинденска Македонија“, што според соопштението на Нова демократија во петокот вечерта, грчката Влада го разгледуваше како предлог за евентуален договор, а 24 часа подоцна, од кабинетот на Ципрас индиректно го отфрлија. Одговарајќи на прашање на дописничката на МИА од Атина Кумуцакос уште еднаш го повторува ставот на неговата партија против ова име и вели дека ова „не е прв пат што владата е изгубена во превод“.

- Тоа се има случено повеќе пати, дали на дипломатско, дали на економско ниво. Тоа е нивен проблем и јас не можам да го толкувам. Едноставно ќе треба во следните денови да разјаснат која точно е нивната позиција. Во секој случај многу ми е тешко да разберам како грчката Влада прифати, па дури и како предмет на разговор, едно име што има тешка политичка и геополитичка одговорност, односно наследство што е идентификувано со „македонскиот иредентизам“ и со македонската експанзија, вели Кумуцакос и додава дека „прославите на Илинден е моментот кога се отвораат карти на Голема Македонија“.

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај.

Во услови на влошена економско-социјална положба на работниците, единствен гарант се само силни синдикати.

Независни цврсти, добро организирани и меѓусебно координирани синдикати можат да ги штитат и унапредуваат правата на работниците.

Слабо платените работници и други работоспособни граѓани ја напуштаат Македонија. Ваквата состојба е резултат на вкупните лоши политики и негрижата на власта и работодавците кон тие што работат и создаваат нови вредности.

Демократскиот сојуз е прва партија која во МакедонскиотПарламент предложи минимална плата, како што предлагаме и дефинирање на минимална пензија.

Повеќе од јасно е дека е неопходен системски пристап и вреднување на трудот на секој вработен, но без реформи и борба против високата корупција состојбите нема да се променат.

Според Павле Трајанов:

"НАРОДОТ НЕ МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ВЛАСТА МОЖЕ ДА УКРАДЕ"

Демократскиот сојуз ги повикува синдикатите, на претстојните избори да се вклучат во промените.

Демократски сојуз

Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом

Определен е притвор во траење од 30 дена за И.Ј.(37) од Скопје во КПУ Затвор - Скопје, за кого ќе биде изготвена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик. 

Како што информира МВР, полицијата по преземени оперативни мерки и активности вчера го лишила од слобода И.Ј.(37) од Скопје.

При претрес во неговиот дом во Сопиште, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин, семки од растение, три дигитални ваги со остатоци од дрога.

Следува период на променливо облачно време со локален дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.

притисни ентер