Други спортовиКумановецот Бајрам Мамутовски, освои златен медал на балканско првенство во боксМаксим Димитриевски денеска организираше свечен прием за боксерот Бајрам Мамутовски.Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска организираше свечен прием за боксерот Бајрам Мамутовски (17) од боксерскиот клуб „Куманово 84“ кој неодамна освои златен медал на балканското првенство за јуниори и младинци кое се одржа во Валчеа, Романија. На средбата градоначалникот Димитриевски му честиташе на Мамутовски за освоениот златен медал, кој младиот кумановец го освои во категорија до 48 килограми во конкуренција на 120 боксери од 14 држави. -Му честитам на младиот Мамутовски. После подолг временски период Куманово повторно се закити со меѓународен медал, посакувам успех. Благодарност до клубот и уште еднаш да имаме олимписки медали, изјави Димитриевски. Тој повика и на поддршка од компаниите и кажа дека градот отсекогаш имал потенцијал за овој спорт. -Тренирам пет години со тренерите Самет Салиевски и со Мухамед Алија. Задоволен сум од успехот на балканското првенство. Очекувам успех и во Хрватска и на светско и сонот на секој боксер да се натпреварувам на олимпијада, изјави младиот Мамутовски. Самет Салиевски, селектор и тренер објасни дека Мамутовски со 5:0 ги победил натпреварувачите од Молдавија и Романија. Салиевски се заблагодари за досегашната соработка со општината и градоначалникот. -Се надеваме на успех и на европско првенство и светско. Очекуваме Мамутовски достојно да ги одбрани боите на Куманово и на државата, изјави Салиевски. Димитриевски кажа дека етапно се реконструира спортската сала каде тамошната боксерската сала е реконструирана. Во наредната фаза се очекува и внатрешно уредување. Во моментов, боксерите за тренинг ги користат училишните спортски сали, приватни теретани за кои пак плаќа општинскиот сојуз на спортови за најдобрите спортисти. Муратовски годинава освои сребрен медал на меѓународен турнир во Бања Лука, а беше прогласен за најдобар боксер на турнир во Лесковац и на турнирот „Мирослав Петровиќ“ во Куманово. Тој е актуелен првак во државата во неговата категорија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Градежништвото забележа историски раст од 22 проценти во вториот кварталГрадежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22%.Градежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22% што покажува дека капиталните проекти се работат со силна динамика и станува основен двигател на економијата, изјави вицпремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре посебен режим на сообраќај во СкопјеНа 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ .На 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на приодите кон арената и булеварот „Илинден“. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕкономијаГодишна инфлација од 2,6% во август, на месечно ниво инфлацијата изнесува 0,4%2,6 проценти изнесува инфлацијата во август на годишно ниво, додека во однос на јули трошоците за живот се зголемиле за 0,4%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголем месечен раст има кај рекреацијата, спортот и културата – 3,1 процент, потоа кај рестораните и услугите за сместување – 2,5 проценти, додека храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,5 проценти. Намалување има кај транспортот за 0,8 и кај облеката и обувките за 0,3 проценти. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши засега не најавува нови мерки, но вели состојбата со цените постојано се следи од ДПИ, а доколку се утврдат неоправдани поскапувања на прехранбените производи, вели дека Владата ќе ги употреби механизмите што и стојат на располагање. - Сите механизми што ги имаме, административни механизми што ќе ги имаме на располагање ќе ги употребиме. Ако има девијантно однесување или ако има зголемување на цените на прехрамбените производи од страна на трговците без економско оправдано, како сме постапиле во минатиот период, така ќе постапиме и во наредниот период.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд Во меѓувреме, под лупа ќе биде ставен другиот крај од синџирот - откупот на земјоделските производи. Министерството за земјоделство неделава ќе побара проверка од Комисијата за заштита на конкуренцијата за состојбите со откупот на пиперката, оризовата арпа, вранецот и други производи. Ќе се утврдува дали меѓу откупувачите има недозволено усогласување, злоупотреба на пазарна моќ или нефер трговски практики. Дурмиши вели дека нема лични сознанија за картелско здружување меѓу откупувачите, но очекува санкции доколку се утврдат прекршувања. - Многу добро постапиле што ја известиле Комисијата за заштита на конкуренцијата и врз основа на тие информации Комисијата врз основа на законските рамки ќе излегува на терен и ќе прави контроли и ќе ја провери ситуацијата. Ако е стварно така, исто како минатиот пат како што реагиравме кога се здружија картелски четири најголеми трговци во нашата земја и им напишавме нели казни за тоа здружење што го направија и нормално дека влијаеле во пазарот.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд Инаку, на годишно ниво, најголем раст на трошоците има кај алкохолните пијалаци и тутунот – околу 9,4 проценти, а потоа кај рекреацијата, спортот и културата – 8,7 проценти. Повисоки трошоци во однос на август лани има и кај образованието, рестораните и услугите за сместување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter