Куба се приклучи на Јужна Африка во случајот со тужбата за геноцид против Израел

Кубанската Влада одлучи да се приклучи на спорот што го покрена Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во врска со наводите за наводен геноцид во Газа, објави Радио Хавана Куба.

„Земајќи ги предвид одредбите од членот 63 од статутот на судот, и во строга примена на своите обврски како држава-членка на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, Куба ќе го искористи своето право како трета земја да го претстави нејзиното толкување на нормите на конвенцијата дека Израел флагрантно ги прекршил со своите незаконски дејствија на окупираната палестинска територија на Појасот Газа“, се вели во соопштението на кубанската Влада.

Главната цел на тужбата поднесена пред главното судско тело на Обединетите нации, се додава, е да се запрат злосторствата врз палестинскиот народ како резултат на несразмерната и неселективна употреба на сила од страна на Израел.

Реал Мадрид го купи Хоселу и го испрати во Катар

Реал Мадрид ја активираше откупната клаузула на Хоселу, официјално објави неговиот поранешен клуб Еспањол.

Напаѓачот ја мина претходната кампања како позајмен на „Сантијаго Бернабеу“ и импресионираше со своите игри, постигнувајќи 17 голови во сите натпреварувања и беше клучен за пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Веќе неколку недели е познато дека Хоселу, кој моментално е дел од репрезентацијата на Шпанија на ЕП 2024, речиси сигурно следната година ќе биде дел од катарски Ал-Гарафа. Токму во врска со тоа се и постапките на раководството на Реал Мадрид, бидејќи од „лос бланкос“ ќе инкасираат иста сума од азиските претставници.

Во пракса, тие му прават услуга на играчот, кој имаше сериозна загриженост дека Еспањол може да се обиде да го искомплицира потенцијалниот договор со Ал-Гарафа, поставувајќи им многу посериозни финансиски барања.

„Папагалите“ повторно ќе бидат дел од Ла Лига по една сезона во „егзил“ во второто ниво на шпанскиот фудбал. /МИА

Радев нема да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО

Претседателот на Бугарија, Румен Радев не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, што ќе се одржи од 9 до 11 јули.

Како што објави БТА, одлуката на Радев е поради тоа што тој „не прифаќа некои одредби од рамковните позиции усвоени од Советот на министри, кои се однесуваат на обврските што нашата земја ги презема во однос на војната во Украина“.

Министерскиот совет вчера ги одобри рамковните позиции на Бугарија за Самитот на НАТО. Со истата одлука се предлага претседателот Радев да ја предводи бугарската делегација и да ги презентира прифатените рамковни позиции. По одбивањето на Радев, бугарската делегација ќе ја предводи премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев.

Радев е поранешен генерал и пилот на борбен авион. Тој уште првиот ден ја осуди руската агресија врз Украина, но постојано ја критикува воената поддршка на бугарската Влада за Киев. /МИА

Мартинез ја одби понудата од Саудиска Арабија

 Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез ја одби понудата за трансфер во Саудиска Арабија, објави Скај Спортс. Менаџерот на Аргентинецот со официјално соопштение ја потврди информацијата.

-Лаутаро постигна договор со раководството на Интер да потпише нов договор. Тој е еден од лидерите на тимот. Тој е и капитен. Разговаравме за ситуацијата и тој нема желба да ја напушти Европа, изјави неговиот агент Алехандро Камандо.

Лаутаро за Интер игра од 2018 година. За гигантите од Милано има 282 натпревари и 129 гола. Два пати ја освоил Серија А и Купот на Италија, 3 пати Суперкупот, а играл по едно финале во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Напаѓачкиот играч е дел од репрезентацијата на Аргентина за Копа Америка, откако постигна по еден гол во победите над Канада (2:0) и Чиле (1:0) во групната фаза на натпреварувањето. /МИА

притисни ентер