Кристијано Роналдо се поблиску до договор со Ал Наср - Канал 5

Кристијано Роналдо се поблиску до договор со Ал Наср

Капитенот на Португалија Кристијано Роналдо пред трансфер во саудискиот Ал Наср. 

Кристијано Роналдо се поблиску до договор со Ал Наср

Еден од анјдобрите светски фудбалери во послендите две децении , Португалецот Кристијано Роналдо е блиску до потпис на договорот со богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал-Наср откако во ноември со заедничка согласност го напушти Манчестер Јунајтед, пренесува „Marca“.

Кристијано во моментов по настапите на Мундијалот во Катар е на краток одмор во Дубаи од каде ќе одлета за Саудиска Арабија и ќе потпишедоговор со Ал-Наср. Клубот од Блискиот Исток му понуди на Роналдо две и пол годишен договор со фантастична плата од 200 милиони евра по сезона.

Договорот ќе биде потврден пред крајот на 2022 година, пишува шпанска Марка.

Ал-Наср се надева дека доведувањето на петкратниот освојувач на Златната топка ќе ја стави Саудиска Арабија на фудбалската мапа пред нивната амбициозна кандидатура да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

САД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи мерки

Нов ценовен шок за граѓаните -  од утре за шест денари поскапува дизелот и ќе изнесува рекордни 101 денар за литар. 

СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи мерки

Ова поскапување е директен удар врз ионака осиромашените семејните буџети на граѓаните.

Поскапувањето на дизелот значи поскап транспорт, поскапо производство и на крајот – поскапа храна.

Цените на храната веќе се до плафон. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со кирија, а платите стагнираат.

Половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Овој ценовен бран затоа ќе биде уште потежок

Инфацијата од 2,6% што денеска ја измери статистика, за граѓаните не значи поевтин живот.

Цените веќе пораснаа.

СДСМ постојано ја повикуваше власта да преземе мерки и предупредуваше дека еднаш зголемените цени, потоа нема да се вратат назад.

Тоа и се случи - Цените не се вратија назад.

За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %.

Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена.

На граѓаните не им требаат статистиките и проценти од Мицкоски. Нивната статистика е празниот фрижидер и паричник.

Додека Мицкоски се фали со економски бројки, со некаква трета економија, граѓаните плаќаат поскапа храна, поскапи сметки и повисоки трошоци за живот.

Мицкоски и неговата Влада, наместо мерки за граѓаните, трупаат нови долгови, врз грбот на граѓаните.

За само две години создадоа нов долг од околу 4 милијарди. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра или над 65 % од БДП. Ова не се пари за мерки за граѓаните, ова се пари за криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство

Историска победа за крајната десница во Германија. 

Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство

Алтернатива за Германија убедливо победи на покраинските избори во источногерманската покрајна Саксонија-Анхалт, но остана на само три пратенички места од самостојно мнозинство. АфД освои 43,8 проценти од гласовите и 39 од вкупно 83 места во парламентот во Магдебург повеќе од двојно од резултатот на изборите во 2021 година.

АфД – 43,8% │ 39 места

ЦДУ – 17,2% │ 15 места

СПД – 9,3% │ 8 места

ЗЕЛЕНИ – 8,9% │ 8 места

ЛЕВИЦА – 8,6% │ 8 места

БСЊ – 5,3% │ 5 места

МНОЗИНСТВО – 42 МЕСТА

АфД – НЕДОСТИГААТ 3 МАНДАТИ

За мнозинство се потребни 42 пратеници. Иако АфД остана под таа граница, нејзиниот покраински лидер Улрих Зигмунд го оцени резултатот како јасен мандат за формирање влада и веќе се гледа себеси како иден премиер на Саксонија-Анхалт.

-Овие историски избори не се единствено важни за Саксонија-Анхал, како што напомена Алис, битни се за цела Германија. Затоа сега овој моментум сакам да го искористам да испратам политичка порака до Берлин. Работите ќе се менуваат, тоа е реалноста не само за Саксонија-Анхалт, туку работите од овој успех ќе се менуваат и на федерално ниво – порача тој.

Луѓето многу јасно покажаа дека конечно сакаат политички промени“, истакна претседателката на АфД на сојузно ниво, Алис Вајдел.

-Со освоени 44 проценти од гласовите за АФД наспроти 17 проценти освоени на ЦДУ, можам да кажам дека партијата ЦДУ доживеа изборен дебакал. Резултат кој ќе се одрази и на федерално ниво – изјави таа.

АфД, уште еднаш предупреди дека нема да се откаже од своите клучни програмски позиции. Партија е за драстично ограничување на имиграцијата и построг азил, обновување на односите со Русија и запирање на помошта за Украина. АфД е и за радикална реформа на ЕУ па дури и напуштање на Германија од Унијата.

Но, изборната победа не значи автоматски и власт. Сите големи партии досега одбиваат коалиција со АфД.

Сепак, изборниот земјотрес во Саксонија-Анхалт силно одекна и во Берлин. ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц падна на историски ниски 17,2 проценти, додека АфД првпат е толку блиску до преземање на извршната власт во една германска покраина. Клучното прашање е дали овој успех ќе остане регионален или ќе прерасне во уште посилен подем на сојузно ниво и закана за канцеларската функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер