Кралица на пластиката – вложила 200.000 долари на операции и ја шокира јавноста - Канал 5

Кралица на пластиката – вложила 200.000 долари на операции и ја шокира јавноста

Самопрогласената „Барби“ во една емисија се опишала како „кукла со ограничено издание“, а признала дека сака дополнително да ги зголеми градите.

Кралица на пластиката – вложила 200.000 долари на операции и ја шокира јавноста

Првата асоцијација за медицинска сестра е бел мантил и беспрекорен изглед. Меѓутоа, што прво би ви паднало на ум кога ќе видите некој кој потрошил дури 200.000 долари на пластична хирургија, козметички третмани, вбризгување ботокс и филери, а по професија е токму тоа?

Австралиската ѕвезда која стана популарна благодарение на учеството во едно реално шоу, Тара Џејн, на Инстаграм ја следат дури 147.000 луѓе.

Таа секојдневно ги информира фановите ширум светот за своите активности и промени во изгледот, но извесно време не се појавуваше во јавноста, не сметајќи ги фотографиите на социјалните мрежи, па нејзината неодамнешна прошетка низ улиците на Мелбурн предизвика општо чудење. Имено, таа во градот се појави во друштво на нејзината мајка со видно изменет изглед, кој, како што многумина се согласија, е уште поконтроверзен од оној што можеше да се види на Инстрагам.

Досега е познато дека само шест пати го оперирала носот, а освен тоа телото ѝ е буквално покриено со тетоважи. Од останатите интервенции најзабележителни се оние на лицето, но и на абдоменот, со оглед на тоа што е очигледно дека отстранила ребра за да постигне ефект на потесен струк.

Самопрогласената „Барби“ во една емисија се опишала како „кукла со ограничено издание“, а признала дека сака дополнително да ги зголеми градите. Сепак, лекарите не ѝ го препорачуваат тоа, со оглед што има „кревка“ градба и тежи само 45 килограми.

Според неа, операциите ѝ ја зголемиле самодовербата и ѝ помогнале да ја покаже својата вистинска верзија.

Таа смета дека е важно жената да ја изрази својата убавина и своите чувства.

Еве како изгледала Тара пред да претера со операциите.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тони Цетински на суд поради афера со лажни потврди за Ковид

Пејачот Тони Цетински се појави денеска во Загребскиот окружен суд, каде што започнува неговото судење како дел од аферата со издавање лажни сертификати за Ковид за време на пандемијата на коронавирусот. 

Тони  Цетински на суд поради афера со лажни потврди за Ковид

Цетински ќе ја презентира својата одбрана на суд по обвинувањата за поткуп и фалсификување документи.

Според УСКОК, Цетински е обвинет дека платил сума пари преку посредник за да се внесат лажни информации за неговата вакцинација против коронавирусот во официјалниот здравствен систем, иако вакцинацијата никогаш не била извршена.

Аферата со лажни сертификати за Ковид

Врз основа на тие фалсификувани записи, му е издаден дигитален сертификат за Ковид од ЕУ, а обвинителството го обвинува дека го користел тој сертификат во најмалку три наврати за да ги заобиколи тогаш важечките епидемиолошки мерки и ограничувањата за движење.

Оваа судска постапка е дел од обемна акција на полицијата и УСКОК, во која учествувале повеќе од стотина лица, вклучувајќи медицински работници, посредници и граѓани кои купиле сертификати. Истрагата откри сложен синџир во кој медицинските сестри и посредниците земале мито, обично во износ од 100 до 500 евра, во замена за внесување лажни информации во регистарот на вакцинирани лица.

Голем противник на мерките за Ковид

Додека повеќето од обвинетите во овој случај претходно се спогодија со УСКОК и прифатија условни казни или општествено корисна работа, Цетински ја отфрли можноста за спогодба.

За време на пандемијата, Цетински беше препознаен од јавноста како еден од најгласните противници на епидемиолошките мерки, задолжителната вакцинација и воведувањето на Ковид-пасови. Во претходните појавувања, пејачот и неговата одбрана ги отфрлија сите обвинувања, нагласувајќи дека ги сметаат обвинувањата на обвинителството за неосновани и најавувајќи дека ќе ја докажат својата невиност во редовни судски постапки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По девет дена спасени двајца работници заробени во тунел во Непал

Две лица беа спасени од тунел од хидроцентрала, девет дена по катастрофалните поплави што го погодија Непал, додека повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

По девет дена спасени двајца работници заробени во тунел во Непал

Спасувачките екипи, со помош на повеќе од 500 инженери, сè уште трагаат по исчезнати, а властите се надеваат дека дел од околу илјада лица кои се водат како исчезнати во шест хидроцентрали преживеале, бидејќи се засолниле во тунелите или работеле во нив за време на поплавата.. Потрагата е отежната од фактот дека поплавите го промениле теренот околу тунелите, донесувајќи големи количини кал и камења. Бројот на жртви во Непал и Тибет надмина три илјади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска ја откажа планираната посета на Србија поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

Пораката од Европската Унија и од Кос е повеќе од јасна.

„Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Марта Кос на X.

Тоа што денеска го кажува Европската Унија е токму она за што СДСМ рeагираше и се случи во Македонија.

Величењето на воен злосторник е неспоиво со европските вредности.

Но, Христијан Мицкоски ги заштити Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по нивните ставови и величењето на Младиќ.

Нема оставки. Нема разрешувања. Нема одговорност.

Мицкоски свесно одлучи да ги заштити.

Сега уште појасно се гледа каде ја води Македонија оваа политика на Мицкоски по рецептот на Вучиќ.

Намерна изолација, далеку од ЕУ, антиевропска кампања и одработување за руската агенда, се нмаведува во партиското сопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер