Ковачевски: Макрон како и Фон Дер Лајен кажа дека сега е момент да се донесат потребните одлуки

Интервју со премиерот Димитар Ковачевски.

Во интервју за Канал 5 Телевизија, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски рече дека земјава има силна поддршка од ЕУ и САД и дека сега е моментот за одлука, да се обезбезбеди европската интеграција и европската иднина, информирајќи за средбите коишто денеска ги оствари со Претседателот на Франција, Макрон и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајн во Братислава но и за средбите со високите американски претставници.

-Пораките се многу јасни, имаме силна и недвосмислена поддршка, сега е моментот Северна Македонија да ги донесе потребните одлуки со кои ќе се обезбеди европска интеграција и европска иднина на нашата држава. Сега треба да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување, рече Ковачевски.

Не се разликуваат ниту пораките од другите наши стратешки партнери, меѓу кои и САД, додаде Ковачевски.

-Сенаторот Крис Марфи којшто е еден од сенаторите во американскиот сенат кој е вклучен во надворешната политика на САД, имаше многу јасна порака која порака ако ја погледнете таа не се разликува ниту од пораките на германскиот Канцелар, ниту од пораката на државниот секретар Блинкен ниту од пораките на амбасадорите кои што во нашата држава, вклучително и амерканската амбасадорка. Сега е време Македонија да ги носи одлуките за продолжување на преговорите со ЕУ и зачленување во ЕУ. Апсолутно дека и во САД, меѓутоа и во НАТО и во нашите партнерски држави во ЕУ постои мислење дека во нашата држава сега е моментот кога треба да го направиме исчекорот. Да покажеме сите заедно дека сме партнер и на САД и на ЕУ и на НАТО. И дека оваа Влада тоа го застапува исто како и нашите граѓани. Нашите граѓани секогаш биле на вистинската страна на историјата, дека ние се застапуваме за демократските вредности и интеграција на државата во ЕУ. Пораката беше многу јасна дека оние кои се против таква политика, дека практично нема да наидат на поддршка кај политичарите, дипломатите во државите од нашите стратешки партнери, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски за Канал 5 Телевизија.

Изборот пред нашата земја и партиите е интеграција во ЕУ или изолација, а ние тоа го видовме во периодот од 2006 до 2016 година, тоа ќе се случи доколку не успеат уставните измени, рече во интервју за Канал 5 Телевизија, премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

- Доколку не успеат уставните измени за кои што тие (ВМРО-ДПМНЕ) се залагаат, ние ја гледавме таа ситуација од 2006 до 2016 година, тоа е изолација. Тука не треба да сте некој кој што ќе треба да измисли нешто за да знаете постигнавте. Што после тоа ние го видовме од 2006 до 2016 година кога државата ниту еден милиметар не напредуваше во своите евроатлански интеграции, кога државата беше изолирана, кога државата беше оквалификувана како заробена држава, кога според слободата на медиумите бевме 130 во светот а сега сме 38- ми во светот, кога владеењето на правото беше тотално нарушено. Кога ако ги погледнете рангирањата и на Енономист и на Фридом хаус и на сите други релевантни меѓународни институции бевме да дното, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека поканата за средба со Христијан Мицкоски е веќе доставена до ВМРО-ДПМНЕ.

-Да поканата веќе од мојот кабинет е доставена до ВМРО-ДПМНЕ, до претседателот. Таа средба ќе биде одржана во текот на наредните денови на која ќе разговараме како што кажав за две клучни теми. Првата е одлуките кои што треба да бидат донесени со цел продолжување на евроинтеграциите на нашата држава, односно да обезбедиме глас за Европска Македонија и второ за односите со соседите и за пристапот кој треба да го имаме како држава во однос на градење на добрососедски односи со сите наши соседни држави, рече Ковачевски.

Почна испитувањето на материјалите земени од најопасниот астероид: Ова е ризница со богатство

Лажичка темна прашина и гранули собрани од астероидот Бену, на повеќе од 300 милиони километри од Земјата, пристигна во Природонаучниот музеј во Лондон, каде што научниците се подготвуваат да го тестираат.

100 милиграми од материјалот собран од астероид стар околу 4,6 милијарди години за време на мисијата Озирис-Рекс на американската агенција НАСА стигнале до британскиот музеј, кој ќе се овозможи увид во формирањето на Сончевиот систем, пишува Гардијан.

Леталото на НАСА собрало повеќе од 70 грама материјал од астероидот, но вадењето на неговиот материјал беше тешко поради проблеми со завртките на сондата.

- Ова е извонредно. Ова е како мала ризница која не води до потеклото на Сончевиот систем. Не можам да ги дофатам примероците и да видам што можеме да научиме од нив за раниот Сончев систем - изјави за Гардијан д-р Ешли Кинг, научник кој ќе работи на испитувањето на примероците во Природонаучниот музеј.

„Можеби не звучи како да имаме многу материјал, додаде таа, но ова е доволно за работа и испитување“.

- Ова се 100 милиграми чиста убавина. Донацијата е мала, но доволна. Ова е само една лажичка материјал, но замислете една лажичка шеќер и колку поединечни зрна има во неа. Значи, ќе го проучуваме овој материјал, зрно по зрно. Можеби ни претстои цел животен век - рече проф. Сара Расел, научник од Природонаучниот музеј, Лондон, за Би-Би-Си.

Таа исто така рече дека астероидот содржи минерали слични на глина кои ја задржуваат водата, што може да покаже како Земјата станала планета со вода погодна за живот.

- Можно е астероидите како Бену да обезбедувале хранливи материи подеднакво неопходни за одржување и развој на животот на Земјата - изјави Руселова за Sky News.

Природонаучниот музеј вели дека Бену е „непроменета маса од почетокот на Сончевиот систем“ која дава индиции за потеклото на Земјата, но додава дека астероидот има потенцијал да ѝ наштети на Земјата и се смета за најопасниот астероид во Сончевиот систем.

НАСА има многу повеќе материјали што мисијата Озирис-Рекс ги врати на Земјата на 24 септември, но не се знае точно колку. Овие 100 милиграми се земени од околу 70 грама, кои биле извадени од сондата. Сепак, дел од сондата се уште е недостапен и не е целосно отворен. Се верува дека во него би можело да има уште 200 грама материјал.

Вечерва во Само Вистина дебатираа пратениците Миле Лефков и Мартин Костовски

Костовски: Техничка влада може да се укине за следните избори. Лефков: Не само што изгубивте во Куманово, туку ви се формира и трета партија.

Лефков: Вие сте од Куманово, лидерот ви е од Куманово, не само што изгубивте во Куманово, туку ви се формира и трета партија, вие да се кандидирате за претседател во било која зграда за претседател на куќен совет, ќе изгубите. Вие сте избрани од граѓаните, но за жал никој не ги почитува граѓаните. Кога зборуваме за Премиер Албанец, зборуваме за Премиер на препорака од ДУИ, најкриминалната партија, нема ден да нема скандал поврзан со нив. До кога ќе мафтате со европското знаменце за ваша корист и носите закони што се далеку од европски?

Костовски: Факт е дека конзистентноста и договорите меѓу коалиционите партнери се почитувале и ќе се почитуваат и во иднина. Ние не ретерираме од тоа да има Премиер Албанец, не е важно што е по нациоанлност, важен е квалитетот на личноста и тоа нема да се рефлектира врз рејтингот на СДСМ. Имаме лидер на партијата посветен и ве уверувам дека ќе излеземе како победници на изборите во 2024 година. Техничка влада може да се укине за следните избори, не постои заглавување по лифтови и влечеа луѓе за да гласаат, јас сум задоволен што може да зборувам да нема техничка влада.

Бојан Јовановски е пуштен на слобода

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, дознава Канал 5 од судски извори. 

Неофицијално,причината била лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, е праведна.

притисни ентер