БалканКосовски полицаец убиен, двајца ранети на северот на Косово Ескалира состојбата на Северот на Косово.. Косовски полицаец е убиен, а двајца други се ранети, откако група масикирани лица отвориле оган врз полициска патрола во општината Звечан..Ескалира состојбата на северот на Косово. Косовски полицаец е смртно застрелан, а уште двајца се ранети рано утрината, откако непознати маскирани лица отвориле оган врз патрола во селото Бањска, општина Звечан. Според косовските власти, се работело за своевидна заседа, бидејќи косовските полицајди дошле да интервенираат на локалниот мост каде биле поставени два камиона. Тогаш кон нив бил отворен оган, по што во текот на целиот ден, во регинот се слушале рафали, како што пишуваат косовските медиуми. Додека косовскиот премиер, Албин Курти, кој нападот го нарече „терористички“ тврди дека вооружени и маскирани лица ја напаѓаат косовската полиција се финансирани од Белград, српските челници засега се воздржуваат од коментари кој стои зад нападите. На вонредната прес-конференција која следеше по седница на косовскиот совет за безбедност Курти објави и фотографи од наводните напаѓачи, кои според косовските медиуми, се кријат во манастирот во селото. Курти соопшти дека вооружената група е под опсада и им порача да се предадат... „Нападите на вооружените групи продолжуваат. Има најмалку 30 тешко вооружени лица кои се опколени од нашите сили и ги повикувам да се предадат. Тие се оние кои ја напаѓаат нашата полиција. Сторителите и нивните наредбодавачи ќе бидат фатени и казнети .Нашите полицајци, откако беа попречени на патот, беа нападнати со различно оружје, вклучително и рачни бомби. Денеска е тежок ден за нашата земја. Го осудуваме овој терористички напад. Злосторството е финансирано од официјален Белград. Ние го штитиме и спроведуваме законот и независно Косово. За попладнево се најавена и пресконференција на српскиот претседател Александар Вучиќ. Од српска страна, досега единствено јавно се огласи собранискиот претседател Владимир Орлиќ, кој кажа дека Курти побрзал да вперува прст кон Србија без точно да се знае што се случило. „Курти, побрза прво да ги обвини Србите, да каже дека тоа е некаква организирана акција и дека тоа го правеле некои професионалци, сигурно во меѓувреме ги легитимирал лично, па знае кои се и што се, значи јасно ви е се. Но, ако зборуваме за тоа кому му одговара насилство, од било каков вид – тоа е исклучиво Албин Курти и тоа сите го знаат. И се што направи во претходните месеци со најбруталниот можен терор што го вршеше врз голиот српски народ, го направи токму затоа што сакаше отворена ескалација и затоа што сакаше да доведе до некакво насилство.“ Во меѓувреме има полициски блокади на сите приоди кон селото Бањска, а тоа ги спречува и лекарите од брза помош да дојдат до домовите на луѓе кои бараат итен медицински третман. „Имавме повик. Не повика човек од Бањска, но не не пушта полицијата да отидеме до кај него. Човекот може да умре во секој момент, а ние не можеме да стигнеме, не знам од каде да одам. “ „Зошто не пуштаат?“ „Не знам, не дозволуваат да поминам.“ Освен косовската полиција и КФОР и ЕУЛЕКС го обезбедуваат влезот на селото Бањска каде утринава беше убиен косовскиот полицаец Африм Буњаку. Премините Јариње и Брњак во правец на Косово се затворени Во меѓувреме осуда со барање за утврдување на фактите и одговорност стигна од претставниците на ЕУ и САД. Според високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во тековните конфликти во околината на манастирот Бањска се загрозени и животи на невини и повика сите да работат на деескалација на ситуацијата. Амбасадорот на САД во Косово Џеф Ховениер пак, порача додека дека мора веднаш да се прекинат нападите, а сторителите да се соочат со правда. Денешните инциденти следат по неуспехот на последната рунда преговори меѓу Вучиќ и Курти во Брисел, кои останаа зацементирани во ставовите околу формирањето на ЗСО и Договорот за нормализација на односите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 15 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и РесенДенеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки. Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти, соопштуваат од НБМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваКим Кардашијан си купи нова куќа под влијание на канабисКим Кардашијан (46) откри дека под дејство на гумени бомбони со канабис, донела прилично скапа одлука. Додека се дружела со семејството и пријателите во Палм Спрингс, решила да купи куќа, која се наоѓа помеѓу имотите на нејзината мајка Крис Џенер и нејзината сестра Кајли Џенер. Сè беше прикажано во новата епизода од реалното шоу „Кардашијан“, пишува Unilad. Пред патувањето, тие земале гумени бомбони со канабис Во петтата епизода од осмата сезона на шоуто, Ким отпатувала со своите пријатели во Палм Спрингс, каде што нејзината мајка Крис Џенер има куќа. На забавата им се придружиле Клое Кардашијан, комичарката Ники Глејзер, актерката Бренда Сонг и комичарката Форчун Фајмстер. Пред да замине со приватен авион, Ким им понудила на другите гумени бомбони со канабис. Клое коментирала во шоуто дека комбинацијата на нејзината мајка и канабис е рецепт за забава. „Ги пробав можеби еднаш или двапати и не можев да престанам да се смеам“, рече Крис. Виде куќа на продажба и доби идеја По пристигнувањето во Палм Спрингс, Ким забележа дека имотот помеѓу куќите на Крис и Кајли Џенер е на продажба. Додека шетаа низ градината на Кајли, таа ги посочи патеките што претходно ги направиле за членовите на семејството да можат да се посетуваат едни со други низ дворовите, без да излегуваат надвор. „Го направивме ова за да можеме да поминуваме низ дворот еден на друг“, објасни таа. Потоа ѝ текна да го купи имотот помеѓу двете куќи и на тој начин да ги поврзе семејните имоти. „Можете ли да замислите само да ги продолжиме патеките низ дворовите? Тоа би било многу забавно“, рече таа. Потоа компанијата отиде на обиколка со количка за голф низ имотот што се продаваше. „Ова дефинитивно е нелегално влегување. Луѓе, не пробувајте го ова дома“, се пошегува Ким пред камерите. Форчун Фајмстер ја поддржа нејзината идеја. „Не знам колку чини, но треба да го купите“, ѝ рече таа. Ким не размислуваше долго, туку веднаш се јави кај агентот за недвижности. Клое потврди дека навистина ја купила куќата За време на разговорот со агентот, Ким објасни како планирала да го финансира купувањето. „Ми понуди иста цена. Ако продадам една за половина цена, ќе бидам блиску до Кајли, а овој поглед е многу подобар“, рече таа. Иако на почетокот сè изгледаше како спонтана идеја за време на дружење, Клое подоцна потврди дека нејзината сестра навистина го купила имотот. „Таа го купи. Навистина го купи. На крајот, сè се среди одлично“, откри таа. Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook