Коронавирус потврден кај 570 луѓе од 18 градови, од утре нови мерки за ограничено движење

Потврден коронавирус има кај 570 луѓе во земјава, од кои 239 се од Скопје. 

По поминати 24 часа, до вчера во 15 часот беше соопштено за 15 новодијагностицирани и за тројца починати. На Инфективната клиника починаа 40-годишен жител на Кочани и двајца тетовци – на 69 и на 65 години. За спречување на ширењето на заразата, Владата ги заостри мерките за ограничено движење – од утре полицискиот час ќе биде од 16 до 5 часот во работни денови и целодневен во сабота и недела.

Со вчерашниот ден, на Инфективната клиника се хоспитализирани 70 пациенти – десет имаат потешка клиничка слика, осум се на механичка вентилација, a во ГОБ „8 Септември" двајца се на респираторни машини, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција вчера попладне, Инфективната клиника вчера ја напуштиле четворица пациенти, кај кои два контролни теста на коронавирус биле негативни. Оздравени од инфекцијата се и тројца пациенти од Дебар кои беа на домашно лекување и под надзор на локалната болница.

Досега коронавирусот е регистриран кај жители од 18 градови: Скопје, Куманово, Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка, Радовиш, Крушево и Кочани.

Болницата во Битола станува регионален центар, така што таму се пренесуваат инфицираните со КОВИД-19 што беа хоспитализирани во Охрид, а сите тие се од околината на Струга. Во болницата во Штип, пак, има четворица од кои тројца, како што соопшти министерот, се со лесна клиничка слика и во стабилна здравствена состојба.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, кај 18 деца до деветгодишна возраст е потврден коронавирусот и сите имаат лесна клиничката слика и без потреба од подолга хоспитализација.

По смртта на помлад пациент вчера, 40-годишниот граѓанин на Кочани кај кого претходно не биле познати други заболувања, министерот Филипче рече дека иако повозрасните граѓани се повеќе подложни на вирусот, не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти и дека освен белите дробови, КОВИД-19 ги напаѓа сите органи и органски системи.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот соопшти дека на Гинеколошко-акушерската клиника се тестираат сите кои имаат симптоми на коронавирусот и дека е направена целосно изолирана патека за родилките кои се позитивни.

За излекувани од заразата се сметаат луѓето кои имаат два негативни теста на коронавирус. Овој алгоритам, покрај за хоспитализираните, важи и за пациентите на домашно лекување кои се во постојана комуникација со матичните лекари.

Епидемиолозите препорачуваат лицата кои дошле од странство покрај 14-дневниот државен карантин дополнително да поминат уште 14 дена во самоизолација кога ќе се вратат дома затоа што државниот карантин го поминале во колективни центри.

Препораката ја соопшти премиерот Оливер Спасовски кој на заедничката прес-конференција со министерот Филипче ги соопшти новите засилени мерки за ограничено движење и подолготраен полициски час. Тие се воведуваат поради тоа што заразата се шири, граѓаните не ги почитуваат доследно досегашните мерки, има случаи на неодговорно однесување и со оглед на тоа што времето се затоплува и претстојат верски празници.

-Одговорноста на граѓаните не беше на висина на задачата којашто ја имаше секој од нас и многу лесно се преминува преку препораките кои ги даваат стручните лица и затоа ги донесовме и овие мерки за забрана на движењето, односно за зголемено времетраење на полицискиот час, истакна Спасовски.

Новите мерки ќе почнат да важат од утре, 8 април 2020, за целата територија на државата. Полицискиот час наместо во 21 часот ќе почнува во 16 и ќе завршува во 5 часот во работните денови, а во деновите од викенд (сабота и недела) ќе има целодневен полициски час за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Лицата над 67-годишна возраст од утре ќе може да се движат надвор само од 10 до 12 часот од понеделник до петок, а младите до 18 години во работни денови ќе може да излезат од дома само од 13 до 15 часот.

На јавни места се забранува да се движат повеќе од двајца граѓани во групи, освен ако се работи за родител со свои деца кои имаат до 14 години. За земјоделските активности, дозволено е движење во територијата на селата и тоа само за работни потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи. Исклучоци од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници ( ЈЗУ, ПЗУ и матичните лекари), како и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи.

Премиерот Спасовски истакна дека мерките се донесуваат по препорака на Комисијата за заразни болести, Главниот кризен штаб и Светската здравствена организација и дека највисок и постојан приоритет е заштитата на граѓаните и колективното здравје.

-Според експертите, во наредните две до три недели ќе го достигнеме пикот на бројот на заразени од коронавирусот, кој најверојатно ќе биде помеѓу 2000 и 2500 потврдени случаи. Фазата во која влегуваме е веројатно фаза во која ги очекуваме најголемите предизвици. Ова е нова радикална фаза и за стабилноста на здравствениот систем, заштитата на здравствените работници, за индивидуалното и колективното здравје, за економијата и за одржливоста на социјалниот и општествен контекст, истакна премиерот.

Апелираше велигденските и рамазанските празници граѓаните-верници оваа година да ги поминат дома за да се сведат на минимум физичките контакти.

Спасовски посочи и дека Владата врз основа на сите анализи развива стратегии и сценарија што значат и краткорочно и долгорочно планирање. Траењето на пандемијата, рече, не може да се предвиди, но може да се скрати и да резултира со позитивни ефекти со дисциплинирано однесување и со почитување на сите донесени мерки. /МИА

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

притисни ентер