Конференција: Итна акција за модернизација на регионалниот систем за управување со отпад - Канал 5

Конференција: Итна акција за модернизација на регионалниот систем за управување со отпад

Иако во Македонија Законската регулатива за управување со отпадот е синхронизирана со онаа на ЕУ, земјата уназадува во нејзината примена.

Конференција: Итна акција за модернизација на регионалниот систем за управување со отпад

Иако во Македонија Законската регулатива за управување со отпадот е синхронизирана со онаа на ЕУ, земјата уназадува во нејзината примена – беше заклучено на денешната Конференцијата во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“. Како најдолгорочно решение беше истакната изградбата на Регионален систем за управување со отпад, за што од Министерството за животна средина потенцираат дека средствата се веќе обезбедени, дел со грант од ЕУ,а дел од заем од Европаската банка за обнова и развој. Сепак од делегацијата на ЕУ во земјава велат дека измнатите години земјава не презела речиси ништо по ова прашање.

-Во однос на регулативата не уназадуваме, нашата регулатива е комплетно хармонизирана со онаа на ЕУ и постојано ги следиме сите текови односно целата нова регулатива која се донесува на ниво на ЕУ да ја имплементираме во нашето законодавство. Сепак она што недостасува е имплементацијата на таа регулатива,- Ана Каранфилова-Мазневска, Раководител на сектор за управување со отпад во МЖСПП.

-Ситуацијата е дека скоро целиот отпад во ова земја не завршува само на депониите, туку 30% од него се одлага и во диви депонии, значи насекаде. Се обидовме да ја адресираме ситуацијата веќе во изминатите години, пред околу 8 години кога доделивме финансиска помош за системот за управување со отпад во оваа земја, но морам да кажам дека е постигнато многу малку,- Штефан Худолин - шеф за соработка во делегацијата на ЕУ во Македонија.

По најавите за изгадба на регионалната депонија, Битолчани изглегоа на протест барајки нејзина релокација. Градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски смета дека е потребна поопширна кампања каде на граѓаните би им се објаснило како ќе изгледа депонијата, начинот на нејзината изградба и бенефициите на долгорочен рок и за граѓаните и за животната средина.

-Главната причина е тоа што ние доволно не ги информиравме луѓето за тоа како ќе изгледа овој Центар за управување со отпад, можеби во иднина ќе треба да се позанимаваме во таа насока. Во брзо време ќе тргнеме во офанзива со луѓе кои што се стручни во оваа област како од државата така и од странство, професори, експерти од областа кои што на директен начин на граѓаните ќе им го доловат ова решение кое што ќе значи бенефит за целиот регион,- - Стевче Стевановски – градоначалник на о. Новаци.

На конференцијата беше истакнато и дека е потребно итно затворање на нелегалните депонии и модернизација на инфраструктурата за рециклирање, за што е неопходна координација помеѓу националните и локалните власти, бизнис секторот и граѓаните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексапилната водителка повторно освојува

-Се појави во спортска опрема, а потоа ги истакна своите облини.Сексапилната водителка повторно во центарот на вниманието.

Фото: Сексапилната водителка повторно освојува

Најубавата спортска новинарка во Италија, Дилета Леота, викендот го минува во природа, а својата мала авантура ја овековечи со фотографии.

Како и многупати претходно, нејзините облини беа во преден план...

Позната по своите прекрасни облини, но и по тоа што сака да го истакне своето витко тело, атрактивната Дилета уште еднаш им приреди вистинска глетка на своите бројни обожаватели.

Сепак, овој пат таа одлучи да ја промени локацијата за фотографирање, па фановите уживаа во неверојатни кадри од природата и нејзината убавина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На аукција се нудат речиси 300 лични предмети на Брижит Бардо

На аукција се нудат речиси 300 лични предмети на славната актерка Брижит Бардо, вклучувајќи и необични предмети од нејзиниот дом.

На аукција се нудат речиси 300 лични предмети на Брижит Бардо

Бројни обожаватели на француската филмска икона се собраа во центарот на Париз за да ги разгледаат предметите донесени од нејзините два дома.

Речиси 300 лични предмети на култната француска актерка и активистка Брижит Бардо се ставени на аукција во аукциската куќа „Друо“ во Париз.

Приходот од продажбата ќе биде наменет како за нејзината фондација за заштита на животните, така и за нејзиниот единствен син. Бројни обожаватели на француската филмска икона се собраа во центарот на Париз за да ги разгледаат предметите, кои се донесени од нејзините два дома во Сен Тропе и од нејзиниот стан во Париз.

Делови од нејзиниот дом се верно рекреирани во рамките на изложбениот простор. Аукцијата ја организира аукциската куќа „Милон“, а колекцијата опфаќа предмети од различни периоди на нејзиниот приватен и секојдневен живот.

Меѓу предметите што се нудат на продажба се вклучени дијамантски прстени, религиозни скулптури, класични гитари и механичката машина за пишување на која таа ги пишувала своите писма и својата автобиографија. На аукцијата се нудат и поневообичаени предмети, како што се нејзиниот примерок од „Кама Сутра“, садови за готвење од марката „Ле Крузе“ (Le Creuset), кујнски прибор и запалки.

„Секој предмет на продажбата носи трага од некоја средба, ангажман, момент на среќа или одредена фаза од нејзиниот живот. Тие ја раскажуваат приказната за една жена, а истовремено создаваат легенда“, изјави нејзиниот долгогодишен секретар, Франк Гију.

Посебно внимание привлекуваат нејзиниот велосипед „Пежо“ и два пара кожни балетанки од брендот „Репето“ (Repetto). Бардо, која била школувана балерина, значително придонела за глобалната популарност на овој бренд.

Таа своевремено побарала од производителот да создаде модел на балетанки што би можеле да се носат секојдневно – односно, и надвор од балетската сцена. На аукцијата се нуди и голем број нејзини портрети, вклучително и некои со еротска содржина.

Иако почетните цени за повеќето предмети се под 100 евра, аукционерот Сесил Дипуи очекува дека големиот интерес од страна на обожавателите и љубителите на животни би можел значително да ги зголеми конечните цени.

Брижит Бардо е запаметена како една од највлијателните жени на 20-тиот век. Откако во 1950-тите години стана глобална икона на модерната женственост и на сексуалната револуција, таа се повлече од актерството и се посвети на застапувањето на правата на животните.

Нејзиниот подоцнежен живот беше одбележан и со бројни контроверзии, вклучително и неколку судски пресуди поради јавни изјави за кои беше оценето дека поттикнуваат расна омраза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на минатата недела се отстранети 650 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 650 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.

Во текот на минатата недела се отстранети 650 кубни метри отпад од диви депонии

Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 170 кубни метри отпад од диви депонии.

Воедно, беа подигнати и транспортирани 2700 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови.

Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер