Концерт на младите руски уметници Андреј и Марија Баранова на „Охридско лето“ - Канал 5

Концерт на младите руски уметници Андреј и Марија Баранова на „Охридско лето“

На програмата на „Охридско лето“ вечер во „Света Софија“ од 21 часот концерт на младите руски уметници, Андреј Баранов на виолина и Марија Баранова на пијано.

Концерт на младите руски уметници Андреј и Марија Баранова на „Охридско лето“
Како што нагласи селекторката на музичката програма на фестивалот, Гордана Јосифова - Неделковска, изборот на уметниците кои настапуваат на „Охридско лето“ е согласно концепцијата на фестивалот покрај големи светски уметници, да им се отстапува простор и на уметниците од помладата генерација.

- Тоа се оние најуспешните, победници на престижни меѓународни натпревари или „ѕвездите што доаѓаат“. Доказ дека оваа идеја е полн погодок се потврди уште во далечната 2000-2001 година кога под циклусот „лауреати“ на „Охридско лето“ настапија пијанистите Денис Мацуев и Николај Лугански - најголемите пијанисти на денешницата, но и пријатели на „Охридско лето“.

На Охридско лето, како победници на престижни меѓународни натпревари имаат настапувано и сега веќе познатите уметници Петр Лаул, Николај Саченко, Александар Лубјанцев, Ана Виницкаја, Јуки Мануела Јанке..., изјави Јосифова - Неделковска, која во 2010 како член на меѓународното жири во Шведска имала можност првпат да го слушне виолинистот Андреј Баранов.

- Не беше тешко да се заклучи дека тој е новата виолинистичка звезда. Во 2012 година тој стана победник на престижниот натпревар „Кралицата Елизабета“, како и натпреварите „Benjamin Britten“ и „Henri Marteau“. Денес Андреј Баранов се вбројува меѓу највпечатливите руски уметници од младата генерација, додаде таа. После неколкуте победи на престижни уметнички натпревари тој гради исклучително успешна меѓународна кариера како солист, камерен музичари педагог. Студираше на Санкт-Петербуршкиот конзерваториум „Римски-Корсаков“ и конзерваториумот во Лозана кај легендарниот француски виолинист Пјер Амуајал. По успешното деби со Санкт-Петербуршката филхармонија во 2005 година тој настапувал во познатите светски сали „Concertgebouw“ – Амстердам, „Bozar“ – Брисел, „Großer Saal Mozarteum“, „Cadogan Hall“ Лондон, „Gewandhaus“ – Лејпциг, „Konzerthaus“ – Берлин, „Tchaikovsky Hall“ во Москва, салите на Санкт-Петербуршката филхармонија. Баранов свирел со најдобрите оркестри како филхармониите од Луксембург, Брисел, Сендаи, Лондон, Санкт-Петербург, оркестарот „MusicAeterna“, Штудгартскиот симфониски оркестар под диригентска палка на Т. Курентзис, В. Петренко, Н. Алексеев, М. Табачник и многу други. Од 2012 година тој е прв виолинист во квартетот „Давид Ојстрах“. Предава на бројни мастер класи ширум светот. Свири на виолината на Страдивари „Huggins“ (1708) позајмена од фондацијата „Nippon Music“.

Марија Баранова уште на десетгодишна возраст почна да свири заедно со својот брат, Андреј Баранов. По победата на Рускиот натпревар на ансамбли „Мазур“ таа ја започна изведувачката кариера, настапувајќи како солист и камерен музичар во Русија, Германија, Англија, Франција, Швајцарија, Монако. Како потврден камерен музичар, Марија Баранова беше прогласена за учесник на најдобриот дует на Академијата во Лозана, најдобар пијано соработник на Меѓународниот натпревар „Балтички ѕвезди“ во Санкт-Петербург и стана лауреат на Меѓународниот натпревар „Марија Јудина“ во истиот град. Во 2010 г., заедно со нејзиниот брат, победија на Маѓународниот натпревар на дуо во Катринхолм (Шведска). Нивните успешни концерти и мастер класи во Лозана со Пјер Амуајал и италијанскиот пијанист и композитор Бруно Канино резултираа со емисиите на Швајцарското национално радио.

На програмата на вечерашниот концерт се дела на Месијан, Бетовен, Изаи, Бритн, Равел, Сен-Санс./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ

Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ .

Холандија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ

Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ оваа година или, наместо тоа, финансиски да придонесе за нивната грижа, објави Европската комисија.

Според предлогот на Комисијата, земјите кои примиле надпросечен број баратели на азил оваа година се Грција, Кипар, Италија и Шпанија, а другите членки на ЕУ треба да им помогнат да го споделат миграцискиот товар, објави NL Times.

Голем број барања за азил се поднесени во Грција и Кипар, додека Италија е прогласена за земја под „миграциски притисок“ поради непропорционално големиот број мигранти кои пристигнале откако биле спасени на море.

Шпанија, од друга страна, се соочи со голем прилив на мигранти ова лето во нејзината северноафриканска енклава Сеута, каде што, според извештаите, десетици илјади луѓе пристигнале по море.

Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска, исто така, во принцип треба да прифаќаат баратели на азил, но овие земји можат да побараат од Европската комисија ослободување или намалување на нивните обврски, наведувајќи го високиот миграциски притисок со кој веќе се соочуваат.

Сепак, Европската комисија утврди дека Холандија, Германија и неколку други земји-членки на ЕУ немаат право да бараат ослободување од обврската за прифаќање баратели на азил.

Комисијата го проценува миграцискиот притисок во секоја земја-членка поединечно, земајќи го предвид бројот на пристигнати мигранти и поднесените барања за азил, како и бруто-домашниот производ (БДП) и населението на секоја земја.

Предлогот на Европската комисија наскоро ќе биде дискутиран меѓу земјите-членки на ЕУ, кои на крајот ќе одлучат за конечниот број баратели на азил што секоја земја ќе мора да ги прифати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“.

„Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата.

Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира

Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети.

„Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата.

„Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата.

Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Филхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис.

Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер