Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
ЖивотКомуналниот отпад по жител во 2020 година 68 килограми поголем од 2016Секој жител во 2020 година создал по 452 килограми комунален отпад, што е раст од четири килограми во однос на 2019 или дури 68 килограми повеќе споредено со 2016 година. Од вкупно создадени 913 илјади тони комунален отпад, околу две третини или 630 тони се собрани и завршиле на депонија. Најмногу произведен и рециклиран отпад е од хартија, покажува Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика за демографските и социоекономските состојби во Република Македонија во 2020 година. Комуналниот отпад го опфаќа отпадот од домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и отпадот од чистењето на пазарите. Севкупно, во 2020 година се создадени 913 033 тони отпад, додека, собрани 630 086. Деведесет и девет проценти од собраниот отпад, како што покажува годишникот, е фрлен во депонија. Останува разликата помеѓу создадениот и собраниот отпад, која изнесува 282 947 тони отпад што не се вбројува помеѓу отпадот кој завршил во депонија. Создадениот комунален отпад за 2020 е помалку од 2019, кога изнесувал 915 943 тони, меѓутоа, повторно има нагорна линија, за разлика од 2016 година, кога изнесувал 796 585 тони. Собраниот отпад, од друга страна, забележува блага пад со 2 398 тони помалку собран отпад за разлика од 2019 кога собраниот отпад изнесувал 632 484. Сепак, забележува пораст во однос на 2016, кога изнесувал 610 227 тони. Фрлањето на собраниот отпад на депонија е процентуално исто во споредба со лани, како и со 2016-та година и изнесува 99 проценти. Најголемо количество отпад пуштено на внатрешниот пазар за 2020 година е во форма на хартија и картон, вкупно 26 308 тони. Следствено, најголемото количество рециклиран отпад за 2020 е хартија и картон во износ од 24 654 тони односно 82 проценти. Пластика пуштена на пазарот има 5 699 тони помалку од хартија и картон, односно 20 609 тони, додека, истата е рециклирана во количина од 6 396 тони, односни 31 процент. Зад нив е стаклото со 11 577 тони оптег на пазарот, а 3 781 тони, односно 32 проценти рециклажа. Количеството дрво пуштено на пазарот во 2020 година изнесува 913 тони, метал 3 918 и композити материјали 3 766. Од нив, дрвото е рециклирано во износ од 527 тони, односно пет проценти, металот 955 тони или 24 проценти, додека, за композитните материјали нема податоци. Во 2019-та година количеството отпад пуштено на внатрешниот пазар изнесува 6 284 тони повеќе од 2020-та, односно 85 718, додека, рециклираниот отпад истата година изнесува 351 тони помалку од 2020-та година, односно 34 229 тони. Севкупно, во 2020 количеството отпад пуштено на пазарот изнесува 79 434 тони, додека, рециклирани се 34 580 тони, што претставува само 43,53 проценти рециклиран дел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter