ЖивотКој ја предаде Ана Франк?Истрага откри кој им кажал на нацистите каде се крие, а тоа го направил за да го спаси своето семејство.Шестгодишната истрага на холандските власти за предавството на Ана Франк го идентификуваше осомничениот за смртта на една од најпознатите еврејски жртви на холокаустот. Нејзиното засолниште го открил еврејскиот нотар Арнолд ван дер Берг, според тврдњата на тимот во кој бил и пензионираниот агент на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Винсент Панкок и околу 20 историчари, криминолози и експерти за анализа на податоци, пренесува Ројтерс. Истражувачите заклучиле дека е „многу веројатно“ Ван ден Берг да го предал семејството Франк за да го спаси сопственото семејство, изјави член на истражувачкиот тим Питер ван Твиск за дневниот весник „NRC њузпејпер“. Како што беше соопштено, идентификувањето на предавникот било со цел да се реши една од најголемите мистерии во Холандија за време на Втората светска војна. Со користење на техники за анализа на голем број на податоци, составена е главна база на податоци со списоци на нацистички соработници, доушници, историски документи, полициски записи и претходни истражувања за да се откријат нови траги. Врз основа на сознанија за местото каде се криела и мотивот за предавство, визуелизирани се десетици сценарија и локации на осомничените за да се идентификува предавникот. Нацистите ја пронашле Ана на 4 август 1944 година, по две години криење. Мип Гис, една од помагачите на ова семејството, го зачувала дневникот на Ана на безбедно место сè додека таткото на Ана, Ото, не го објавил во 1947 година, две години по смртта на Ана во логорот Берген Белсен на 15-годишна возраст. Нејзиниот дневник е прочитан од милиони читатели ширум светот и е преведен на 60 јазици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегналеУбиено е 26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Тагови: Убиство Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter