Кочо Анѓушев во „Само вистина“

Со воведувањето прогресивен данок ќе имаме поправедно општество.

Не станува збор за некои големи даночни измени, туку за мали измени во даночните реформи кои треба да одат во прилог да се направи поправедно општество, рече вицепремиерот Анѓушев. Со 25 милиони евра не можете да направите чуда во Македонија. Но вие сте го направиле првиот чекор и ќе одредите малку повеќе пари за образованието, градинките, здравството, додаде вицепремиерот.

Тој негираше дека имал кавга со министерот Тевдовски. Имаме еден неформален формат кои се вика Економски совет. На тој состанок ние дебатириме, и некогаш има различни мислења. Но, тоа е далеку од кавга и недоразбирање. На крај се договараме конечно. Во Македонија од ситници се прават големи работи, рече Анѓушев. Во однос на реконструкција на Владата никој освен премиерот нема право да разговара, изјави Анѓушев.

По информациите кои ги демантираше ЕДС дека зеле пари од УЈП за ФЕНИ, Анѓушев изјави дека станува збор за класични лажни вести, тие кои ги продуцираат нив треба да се запрашаат од какви побуди го прават тоа. Ме радува фактот што ФЕНИ е пример за успешно завршен стечај не само во Македонија туку пошироко и во регионот, а вработените денеска работат и земаат плата над 500 евра, сите доверители или најголемиот дел од нив се исплатени.Ги охрабрувам сите кои ценат дека имаат валидни докази да ги приложат,ако не го направат тоа а сега гледаме дека се извинуваат, ќе преземеме соодветни тужби, рече Анѓушев. За ветувањето за 15 % поврат на ддв, за економските политики на Владата, за уставните измени ,случувањата во најголемата опозициска партија и има ли и со кого анимозитет вицепремиерот за економски прашања Анѓушев, но и други актуелни теми погледнете го најновото издание на „Само Вистина“

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб.

Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление на тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра, а и ние. Имаше два дена кога не чувствуваше никаква болка, но тоа повторно се врати вчера“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го истегна зглобот на натпреварот со Ајнтрахт, додека Де Лихт има повреда на лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат дополнителните тестови“, додаде Тухел.

Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење

Вкупно 142 мерки, меѓу кои  52 за непочитување на брзината на движење се изречени во контролите на сообраќајот што вчера ги спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје.

Како што информира МВР, при тоа се изречени и 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест за користење мобилен телефон при возење, шест за управување под дејство на алкохол,...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, какао што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски убиен кај Вејце

Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце.

Мурал со ликот на Бобан Трајковски денеска на пладне ќе биде откриен во центарот на Куманово, во рамките на одбележувањето на 23-годишнината од неговата трагична смрт кај тетовското село Вејце.

Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски - Трендо, Горан и Дејвид, сограѓани на Бобан, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на Трајковски од специјалната единица Волци.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени.

притисни ентер