Кочијаш камшикува американски туристи (Вознемирувачко видео) - Канал 5

Кочијаш камшикува американски туристи (Вознемирувачко видео)

На социјалните мрежи кружи видео од Даблин, кое предизвикува бурни - и поделени - реакции кај корисниците, а е снимено за време на традиционалниот празник, Денот на Свети Патрик.

Кочијаш камшикува американски туристи (Вознемирувачко видео)

Камерата го „улови“ моментот кога кочијаш камшикува двајца американски туристи, а сето време бара да му платат пари.

Нејасни детали

„Плати сега, уплати ги парите на мојата жиро сметка“, извикал кочијашот, удирајќи ги силно двајцата млади луѓе.

Еден од нив со треперлив глас одговорил: „Имам пари, еве 100 долари, тоа е дополнително“, по што кочијашот продолжил да ги камшикува.

Туристите почнале да се извинуваат и да велат дека „ја научиле лекцијата“, а дури тогаш човекот со камшикот си заминал. Останува нејасно што го предизвикало инцидентот и дали навистина му дале пари на кочијарот.

Поделени мислења

На социјалните мрежи се споменува дека младите се обиделе „да избегаат без да платат“, што не можело да се потврди, пренесува Дејли Меил.

Корисниците на социјалните мрежи реагираа поинаку. Некои веруваа дека туристите „заслужиле камшикување“ доколку се обидат да избегнат да платат.

Други не го одобрија насилството, изјавувајќи дека возењето со кочии во Даблин може да биде скапо и дека возачите се познати по тоа што „не ја почитуваат првично договорената цена“.

Не е познато дали инцидентот бил пријавен во полиција.

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар

Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“, пишува „Си-Ен-Ен“.

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трам се обратила до Катар со иницијатива да купи авион „Боинг 747“ што би се користел како привремена замена за претседателскиот авион Air Force One, што треба да биде испорачан дури во 2027 година, дознава „Си-ен-ен“.

Вредноста на авионот се проценува на околу 400 милиони долари. Трамп претходно тврдеше дека двоспратното летало може да биде „подарок“ од Катар.

По преземањето на функцијата во јануари Трамп побарал побрза замена за претседателскиот авион од планираната испорака на новите модели на Боинг. Со помош на Пентагон и пратеникот за Блискиот Исток Стив Виткоф, била идентификувана можност за набавка на авион од странски клиент — меѓу кои и Катар.

Според изворите, Пентагон понудил да го купи авионот, а разговорите на почетокот биле за изнајмување. И покрај тоа, Трамп јавно го претстави потенцијалниот договор како „гест“ од катарското кралско семејство, кој ќе му служи додека не се испорача новиот Air Force One, а потоа би бил предаден на неговата библиотека.

Белата куќа и катарските власти нагласија дека трансферот ќе биде регулиран преку договор меѓу двете министерства за одбрана, што сè уште е предмет на правна анализа. Авионот, чија вредност се проценува на околу 400 милиони долари, веќе е разгледан од Трамп на аеродромот во Палм Бич.

Повеќе американски демокартски законодавци, но и некои републиканци, изразија загриженост околу етичноста на договорот. Дополнително, трансформацијата на авионот во безбедносно прилагоден претседателски авион би била многу скапа и би траела со години.

Оригинално порачаниот Air Force One што го изработува Боинг се очекува да биде готов во 2027 година — две години пред крајот на вториот мандат на Трамп. /МИА

Поради извртен камион во прекин сообраќајот на експресниот пат од Градско за Прилеп

 Во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат од Градско за Прилеп кон село Дреново поради случена сообраќајна незгода во која товарно моторно возило го попречува патот.

Поради извртен камион во прекин сообраќајот на експресниот пат од Градско за Прилеп

Како што информира АМСМ, сообраќајот се одвива по стариот пат низ село Росоман.

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево одлучија да ги укинат економските санкции врз Сирија, објави високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, јави ДПА.

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија“, напиша Калас на X.

„ЕУ отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години - и ќе продолжи да го прави тоа.“

ЕУ има за цел да игра водечка улога во закрепнувањето и идната реконструкција на Сирија, додаде таа.

Санкциите против поединци и организации поврзани со режимот на поранешниот претседател Башар ал-Асад и оние одговорни за насилната репресија врз сирискиот народ и кршењето на човековите права ќе останат на сила.

Дополнително, ограничувањата за извоз на оружје, како и стоки и технологии што се користат за внатрешна репресија, засега ќе останат на сила.

Земјите-членки на ЕУ уште во февруари се согласија за постепено олеснување на санкциите со цел да се поддржи брзото економско закрепнување во Сирија, како и нејзината реконструкција и стабилизација, потсети ДПА.

Мерките во енергетскиот, транспортниот и банкарскиот сектор првично беа суспендирани до јуни. /МИА

притисни ентер