Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
1Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
МакедонијаКоцевски: Доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, Ѓорѓиевски е надлежен и тоа може да го пријави Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави, вели Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави, вели Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан дали Обвинителствот ќе постапува по допрен глас по изјавите дека имало злоупотреби во јавните претпријатија. Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека Јавното обвинителство и досега така постапувало, и „доколку навистина има злоупотреби“, ние „стоиме на располагање“. -Во однос на изјавите на градоначалникот дека Јавното обвинителство треба по допрен глас, само ќе кажам дека тој како градоначалник доколку има докази е надлежен и тоа може да го пријави на надлежните органи, да ги донесе тие документи, евентуално што го има, во Јавното обвинителство. И, досега Јавното обвинителство, така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму и доколку навистина има злоупотреби, ние немаме проблем, стоиме на располагање, изјави Коцевски. Прашан до каде е истрагата за директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Коцевски рече дека постапката е во тек и не може да каже детали. - Постапката е во тек, не можам да кажам детали. Она што ќе биде актуелно и интересно за јавноста, ќе добиете информации од нашата инфо служба, рече Коцевси. Во однос на случајот со поткупот за ИПАРД фондовите и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека имаат индиции и за други злоупотреби со овие фондови, Коцевски рече дека секоја предистрага е тајна и дека во овој момент не може да споделува повеќе детали. -Овој предмет се водеше неколку месеци и го истражувавме. Дадовме наредби и успеавме да се обезбедат докази и сами знаете имаше неколку обвинети, за кои се започна и истражна постапка. Притворот е определен за неколку обвинети. Ќе видиме понатаму што, во овој момент не можеме ништо да кажеме и споделуваме детали околу таа постапка, рече Коцевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети. Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети. Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот: https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената базаПатнички авион од типот „Ербас“, кој летал од Даблин (Ирска) кон Рим (Италија), бил пренасочен кон воена воздухопловна база во северна Франција, откако била пријавена закана со бомба. Оваа информација во четвртокот ја потврдија од кабинетот на францускиот премиер, наведувајќи дека ситуацијата се следи. Засега нема официјални информации за тоа кој ја упатил заканата, дали при прегледот на авионот е пронајдено нешто сомнително, ниту пак кога леталото би можело да го продолжи своето патување. Како што пренесува „Еуроњуз“, по пренасочувањето на авионот, надлежните француски служби спровеле безбедносни процедури. Инцидентот во Франција се случи само неколку дена откако четири патнички авиони на летови до Полска, Шпанија и Бугарија беа цел на слични закани. Сите авиони слетаа безбедно и не беа пронајдени експлозивни направи. Британската влада ги окарактеризира претходните извештаи како „злонамерни лажни закани“. Два извештаи се однесуваа на летови до Варшава. Авионот на компанијата „SAS Scandinavian Airlines“, кој леташе од Копенхаген, слета нормално на аеродромот Шопен. Една писта беше привремено затворена додека безбедносните тимови го проверуваа авионот. Втората закана се однесуваше на авионот на компанијата „LOT Polish Airlines“, кој леташе од лондонскиот Хитроу. Авионот беше пренасочен кон аеродромот Модлин наместо кон аеродромот Шопен, кој исто така беше привремено затворен за време на безбедносната проверка. Во Шпанија беше активиран протокол за итни случаи откако беше пријавена бомба на лет на „Рајанер“ од Манчестер кон Мурсија. Авионот слета безбедно, а припадници на Граѓанската гарда го прегледаа леталото. Откако не беа пронајдени експлозиви, протоколот за итни случаи беше укинат. Четвртиот случај беше забележан на лет на „Виз ер“ од Бергамо кон Софија. Бугарските служби го прегледаа авионот по слетувањето во главниот град, а според соопштението од Министерството за внатрешни работи, авионот пристигнал без инциденти.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил 46 годишен скопјанец доби кривична пријава од секторот за компјутерски криминал за дело повреда на авторско право и пиратерија на видео материјал.46 годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook