Коалицијата „Вреди“ повторно ја актуелизираше идејата за албанска Академија на науките - Канал 5

Коалицијата „Вреди“ повторно ја актуелизираше идејата за албанска Академија на науките

Општините со кои раководат кадри на коалицијата „Вреди“ ќе ja финансираат албанска Академија на науките во земјава, којa очекуваат да добие и институционална форма…

Коалицијата „Вреди“ повторно ја актуелизираше идејата за албанска Академија на науките

Коалицијата „Вреди“ повторно ја актуелизира идејата за албанска Академија на науките и уметностите во земјава– на состанок меѓу нивните четворица градоналници, лидерот на Алтернатива и членови на ова тело, барале начин како таа да стане државна институција. Првиот чекор велат е финансирање од општинските буџети на Тетово, Гостивар, Чаир и Желино, сега очекуваат разбирање и поддршка за академијата да стане установа бидејќи, како што велат, нивната цел не е да предизвикаат етнички тензии или паралелизам во Македонија.

„Ние како коалиција ВЛЕН ја поддржуваме оваа идеја, овој проект, затоа што цениме дека дојдено е време Албанците да бидат претставени соодветно и на академско ниво.“

„Бараме од новинарите, од политичарите, да нѐ гледаат како пријатели, како луѓе кои се бават со научна истражувачка дејност, ние не сме политичка организација. Ние бараме основни работи, општините кирија да ни подмират и патни трошоци.“

За оваа тема Вреди немаат поддршка од коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Официјалниот став од Владата за денешната средба по повод албанската академија, е дека во земјава постои само една единствена институција за науките и ументностите.

„Цениме како влада дека сите политички и општествени чинители треба да имаат една единствена цел а тоа е како да се подобри животниот стандард на граѓаните. Цениме дека во науката не треба да се дава никаков примес, освен за тоа како да се унапреди. Македонија има таква институција, која е наречена МАНУ.“

Албанската академија на науките и уметностите е едно од првите прашања кои Вреди ги отворија откако влегоа во владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Уште тогаш оваа идеја беше експресно отфрлена од премиерот Мицкоски, со став дека веќе постои МАНУ и паралелна научна институција со етнички предзнак не може да се формира. На иста линија се и членовите на МАНУ, појаснувајќи дека во нивните редови веќе има четворица академици Албанци и науката не треба да се етнизира и политизира.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени

Се обидел со голема брзина да ги претекне, ги удрил во задниот дел од возилото и ги исфрлил од патот во дол.

Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени

Се обидел со голема брзина да ги претекне, ги удрил во задниот дел од возилото и ги исфрлил од патот во дол – две лица, 49 и 71 годишен, кои по судирот излетале од автомобилот опел корса, го загубија животот во фаталната собраќајна несреќа која синоќа се случила на автопатот кон Скопје, кај кумановското Агино Село. 65 годишниот скопјанец со Мерцедесот, кој ги удрил, завршил во банкината на неколку метри од местото на судирот.

Токму над мене е автопатот каде што излетала опел корсата и се превртила на покрив, завршувајќи во овој двор, притоа рушејќи ограда за на крај да запре при удар во дрво.

За страотната несреќа, покрај деловите од облеката и обувките на сопатниците во Корсата кои го загубија животот, сведочат и испокршените делови по коловозот и во дворот каде што автомобилот. кој екипата на Канал 5 го затекна додека службите ја отстрануваа од самото место.

Ова е состојбата на Опел Корсата по фаталната несреќа, во која животот го загубија две лица.

По судирот, бројни граѓани од Агино село и полициски службеници веднаш се впуштиле во помош и извлекување на остатите три лица кои ја преживеале несреќеата од автомобилот, а за кратко време дошла и итната медицинска помош. Меѓу повредените има и жена во деветиот месец од бременоста. Сите тројца се пренесени во комплексот клиники Мајка Тереза.

Веднаш по сообраќајната несреќа, возачот на мерцедесот е приведен и во моментов е во притовор во Куманово. Допрва истрагата ќе треба да утврди како точно дошло до судирот.

-Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на ЈО, М.М. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава--СВР Куманово.

Трагичната ноќ не заврши кај Агино Село. 17 годишна девојка загина, а четворица се повредени по сообраќајна несреќа која се случила на патот Битола – Прилеп, кај местото викано „Туланата“. Возилата ги управувале 28 годишник од прилепско Канатларци и 48 годишен жител од Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило и седум годишно дете.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме - Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со директните средби со граѓаните и отчетот за преземената одговорност во Владата и Собранието.

Пред граѓаните во Велес, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека политиката мора да биде во функција на државата и интересот на граѓаните, а не борба за позиции.

„Не влеговме во Владата за фотелји. Влеговме затоа што веруваме дека Македонија може да биде подобро место за живеење и дека државата мора да се гради со работа, морал, одговорност и резултати.“ истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека отчетноста не смее да биде само политичка фраза, туку обврска на секој што ја добил довербата од граѓаните. „Ние не се криеме зад партиски фрази и дневнополитички партиски соопштенија. Она што сме го направиле ќе го покажеме. Она што не сме го направиле ќе го кажеме. А она што останува пред нас ќе го завршиме. Македонија нема време за уште едни изгубени години“ порача претседателот на ЗНАМ.

ЗНАМ е единствената политичка партија во Македонија која по две години пред граѓаните излегува со конкретен отчет за својата работа и резултатите што ги постигнала, без коруптивни скандали, афери и лични интереси зад себе. Со тоа покажуваме дека политиката може да се води поинаку, со работа, одговорност и чесност.

На панел-дискусијата свое излагање за постигнатото во изминатите две години имаа и потпретседателот на ЗНАМ и пратеник, Павле Арсоски, кој се осврна на работата на Собранието и законските решенија, како и потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој говореше за мерките и политиките кои се спроведени за македонското земјоделство и домашното производство на храна.

Димитриевски порача дека за функционерите на ЗНАМ во Владата претстои уште многу работа, но и дека ЗНАМ ќе продолжи да биде политичка сила која ќе поддржи се што е добро за државата, но и ќе биде коректор, и ќе предлага нови сопствени решенија. Исто така ЗНАМ ќе биде отворена и за критики, сугестии и мислења од граѓаните. Затоа што ЗНАМ е формирана од граѓаните за граѓаните. За ЗНАМ Македонија е вредност, обврска и наша заедничка иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц, по изборниот дебекл пред две недели на изборите во Саксонија-Анхалт и во период на зголемен притисок врз германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Мерц го откажа планираното патување во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, а раководството на неговата Це-Де-У вечерва ќе одржи состанок по објавувањето на првите резултати.

Особено неизвесна е ситуацијата за партијата на Мерц во Мекленбург-Западна Померанија, каде последните анкети покажуваат тесна трка меѓу Социјал-демократска апртија и екстремно десничарската алтернатива за Германија, додека Це-Де-У е блиску до изборниот праг од пет проценти. Доколку остане под прагот, партијата првпат би останала без пратеници во покраинскиот парламент.. Во Берлин, пак, партијата на Мерц според анкетите е на второто место за германската левица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер