Климатските промени тројно го намалија производството на мед во Кумановско - Канал 5

Климатските промени тројно го намалија производството на мед во Кумановско

 И годинава како и претходните во последната деценија се намалуваат приносите на мед во кумановскиот регион, констатираат пчеларите. 

Климатските промени тројно го намалија производството на мед во Кумановско

Просечниот принос се движи од 10 до 11 килограми мед по пчелно семејство, што е помалку во однос на претходната, кога изнесувало од 12 до 13 килограми. Саемската манифестација што се одржа 18. пат во Куманово, во организација на здружението „Пчела", пчеларите ја искористија да споделат искуства и да се пожалат дека климатските промени им го преполовиле производството.

– Годинава производството е за нијанса послабо, за еден-два килограми, но е во границата на задоволително. Намалувањето на приносите се должи ислучиво на климатските промени, изјави претседателот на здружението „Пчела", Часлав Ристовски. И тој веќе 17 години пчелари и има 52 кошници лоцирани во селото Косматац.

Во екот на пашата, раскажуваат пчеларите, временските услови биле неповолни за пчелите. Во јуни времето во Кумановско беше дождливо, студено со ветрови, што резултираше со ниско производство.

– Но, сè зависи од регион до регион. Има пчелари кои имаат пчеларници поставени на оддалеченост од само три километри, во едниот остваруваат значителни приноси, а во другиот едвај достигаат и до пет килограми по пчелно семејство, раскажува Ристовски.

Микроклимата е многу битна за пчеларите. Се случува посевите да се насадени со медоносни растенија како што е фацелија или медоносни дрвја, еводија, софора, така што приносот е значителен.

– Ние како пчелари може и самите да насадиме медоносни растенија или дрвја и субвенциите да се исплаќаат во време кога ни се потребни во рамки на производството, вели Ристовски.

И покрај постојното органско производство, побарувачката на органски мед е слаба, велат пчеларите, и додаваат дека трошоците за органско производство и стекнувањето на сертификатот се доста високи, иако субвенциите се високи.

Пчеларот Слободан Денковски од Скопје, кој произведува органски мед, вели дека неговиот пчеларник со 120 кошници се наоѓа во месноста Орман, над кумановското село Пчиња, на оддалеченост од три километри од населено место, на далечина од места каде што се насеани одредени култури, фабрики, автопатишта, од сите извори на загадување што можат да влијаат врз квалитетот на медот. Тој појаснува дека сето останато за стекнување серификат е човечки фактор.

– Причините за намалување на производството на мед треба да ги утврдат научниците, но наше мислење е дека климатските промени го земаат својот данок, особено во нашата дејност, вели Денковски.

Пред десетина години самиот произведувал 30-тина килограми мед по пчелно семејство, сега тој просек е паднат на 15-тина килограми. За да има успешно нектарење, мора да има погодни услови, влажност на воздухот, погоден воздушен притисок, силина на ветрот. Пролетните месеци се клучни за нектарење и медобер, а сè зависи и од билките, но ниту една не бара многу дожд, вели Денковски.

Колку е значајна микроклимата за приносите на мед раскажува пчеларот од Куманово, Горан Митевски, кој се занимава со пчеларство десет години и поседува кошници на две локации, во Градиште и Пезово, двете локации многу ретко населени, така што пчелите собираат мед од диворастечки растенија. И тој од искуството од сопственото производство го потврдува негативниот тренд во однос на приносите и, вели, за наши услови приносот може и да е задоволителен, но споредено со европските приноси е катастрофален.

– Микроклимата е многу битна, на пример, на некои места истура дожд, а само три километри подалеку воопшто не врне. Двата пчеларници се блиску, но годинава имав многу различни приноси. Пчеларникот во Градиште е во близина на насад од копар, што позитивно влијаеше на приносите на мед, но битна е и климата. Една година имаше суша, така што билката не лачеше нектар и имав многу ниски приноси, вели Митевски.

Освен цветањето на билките, потребни се и соодветна температура и влага. Кај нас години наназад, појаснува Митевски, токму во мај и јуни има или неверојатни суши или дождови и ниски температури, а често дење високи температури, ноќе ниски, со што се оневозможува активноста на пчелите во однос на преработката на медот.

Од друга страна, ниските приноси на мед не ги загрижуваат младите кои во сè поголем број се зачленуваат во здружението, така што оваа гранка, сметаат надлежните, ќе продолжи да се развива. И државата има понуди како да се развие гранката преку различна поддршка и програма, како што е набавка на опрема, со која вложените средства сто проценти се враќаат.

Од регионалниот центар Куманово на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството информираат дека 2018 година за мерката „50-50" аплицирале 14 пчелари од поширокиот кумановски регион и на сите им се одобрени апликациите.

– Пет пчелари на последниот оглас аплицираа и за мерката „Млад земјоделец" за набавка на пчелни семејства и опрема, што укажува дека има интерес за оваа гранка, изјави раководителот на подрачната единица Куманово, Џабир Рамадани.

Поддршката за пчеларите на државата се движи од 600 до 800 денари во зависност од бројот на кошниците.

Климатски промени има насекаде во светот, велат пчеларите, и значајно е и Македонија да се приклучи кон препораките за засадување автохтони медоносни сорти растенија, кои опстојуваат и кои можат да се справат со климатските промени.

Пчеларите исто така аплицираат и за садење вакви дрвја и растенија преку мерката „50-50".

Покрај климата, многу е важно, сметаат пчеларите, да има организиран откуп на медот. Во соседна Србија, велат кумановските пчелари, нивните колеги се многу поорганизирани, имаат и повеќе опрема и нивниот мед наскоро ќе се откупува од фабрика, па ќе се извезува во западноевропските држави. Ваквиот пример, велат, треба да го следи и Македонија. На овој начин ќе имаат бенефиција и пчеларите, кои ќе добијат повиска цена за произведените количества./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж сее смрт низ Турција- денеска убил осум луѓе, а се уште не е уапсен (ВИДЕО)

Осум лица загинаа денеска во пукотници во три села во централниот дел на западна Турција, според локалните власти.

Маж сее смрт низ Турција- денеска убил осум луѓе, а се уште не е уапсен (ВИДЕО)

Приватната телевизиска станица НТВ објави дека полицијата го бара осомничениот возач на црвениот автомобил, кој го виделе сведоци како бегаат од местото на настанот.

„Осум наши граѓани ги загубија животите, а друг е тешко ранет во вооружен напад во нашата покраина“, објави канцеларијата на гувернерот на Афјонкарахисар.

Инцидентот се случил рано навечер во рурална област во близина на Афјонкарахисар, град кој се наоѓа на половина пат помеѓу главниот град Анкара и крајбрежниот град Измир.

Жртви пронајдени во три села

Две жени со прострелни рани беа пронајдени на патот во селото Јукаритандир. И покрај тоа што беа итно префрлени во болница, двете им подлегнаа на повредите, забележа државната новинска агенција Анадолу.

Уште три тела беа пронајдени во селото Кијир, кое се наоѓа на половина час возење североисток, и уште три во селото Ајазини, уште половина час возење исток, продолжи Анадолу. Друго лице, кое е пронајдено во критична состојба, се бори за живот во болница, додаде агенцијата, без да прецизира каде е ранет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија е поведена истрага против шефот на БИА и министерот за правда на Вучиќ

Српското Јавно обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) покрена постапка против директорот на Агенцијата за безбедност и разузнавање (БИА) Владимир Орлиќ и неколку функционери на БИА, како и против министерот за правда Ненад Вујиќ.

 Во Србија е поведена истрага против шефот на БИА и министерот за правда на Вучиќ

Српското Јавно обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) покрена постапка против директорот на Агенцијата за безбедност и разузнавање (БИА) Владимир Орлиќ и неколку функционери на БИА, како и против министерот за правда Ненад Вујиќ и неколку вработени во тоа министерство, кои се обвинети за кршење на правото на глас и принуда, беше објавено денес.

По поразот на Српската напредна партија (СНС) на изборите на 25 октомври, Србија чека конституирање на парламент и избор на влада, која ќе биде формирана од победничката листа на студентското движење. Втората постизборна недела донесе промени првенствено во медиумите и судството, со бројни апсења на полицајци, банкари, државни функционери и директори на јавни претпријатија, како и поднесување кривични пријави, пренесе Индекс.

Случаи против лидерите на БИА и министерот за правда

Според соопштението на ЈТОК, против Орлиќ (СНС) и Вујиќ и нивните соработници е покрената предистражна постапка, кои се обвинети за кривични дела против изборните права и принуда.

Извештаите се засноваат на сомневања за злоупотреба на службена должност, принуда и кршење на изборните права, во врска со наводната организација на собирање таканаречени „капиларни гласови“ за владејачката Српска напредна партија на изборите на 25 октомври.

Извештаите се однесуваат и на сомневања за незаконски дејствија во рамките на БИА и систематски притисок врз вработените во казнено-поправните установи, кои се под надлежност на Министерството за правда.

Список на осомничени и обвиненија

Покрај раководителот на БИА и министерот за правда во техничкиот мандат, во извештаите се вклучени и директорот на Дирекцијата за извршување на кривични санкции Миле Јандриќ, советникот на министерката за правда Милица Радоњиќ и 60 други именувани лица, вклучувајќи директори и вработени во неколку казнено-поправни установи и окружни затвори во Србија.

Извештајот вклучува и неидентификувани лица кои се опишани во соопштението на ЈТОК како „високи функционери, претставници и активисти на Српската напредна партија“.

Тие се осомничени за заговор за извршување кривични дела, злоупотреба на службена положба, давање и примање поткуп во врска со гласање, неовластено собирање лични податоци, небрежно работење во службата, расна и друга дискриминација.

Истрага и собирање докази

Обвинителството побара од Службата за борба против организираниот криминал при Министерството за внатрешни работи на Србија да ги собере потребните информации, барајќи да се преземат „сите потребни мерки“ за проверка на наводите од кривичните пријави, вклучително и собирање информации од сите пријавени и други лица кои можеби имаат сознанија за злоупотреби.

Дури и за време на изборната кампања, опозицијата, студентското движење и невладиниот сектор посочија сомнежи за намерите и обидите на Српската напредна партија да влијае врз гласачите и врз резултатот од изборите преку притисок, уцена и евентуално купување гласови.

Српската напредна партија ги загуби изборите, според податоците на државната изборна комисија, кои сè уште не се официјално објавени како конечни, а Студентскиот список победи убедливо - 53,01 проценти наспроти 38,98 проценти.

Студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисок врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција. Вучиќ и неговите соработници и сојузници го негираат ова, возвраќајќи со контраобвинувања што ги спроведуваат поддржувачите на победничката Студентска листа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стотици илјади на денешните протести во Франција, дел од јавниот сектор штрајкува (ВИДЕО)

Во Париз и Лион, некои демонстранти денес се судрија со полицијата за време на претежно мирните протести одржани низ целата земја и еднодневниот штрајк на некои вработени во јавниот сектор.

Стотици илјади на денешните протести во Франција, дел од јавниот сектор штрајкува (ВИДЕО)

Во Париз и Лион, некои демонстранти денес се судрија со полицијата за време на претежно мирните протести одржани низ целата земја и еднодневниот штрајк на некои вработени во јавниот сектор, што претставува нов предизвик за претседателот Емануел Макрон.

Најновите протести следеа по серија демонстрации поради трошоците за живот, јавните услуги и лошата состојба на образованието, кои се претворија во најлошите граѓански немири во Франција во последните години.

Министерството за внатрешни работи објави дека досега 270.000 луѓе учествувале во протестите низ целата земја, не вклучувајќи го Париз, каде што главниот протест започна попладне.

„Тоа е само почеток“, рече Софи Бине од синдикатот CGT.

Судири во Париз и Лион

На самиот почеток во Париз имаше празнична атмосфера, додека разновидна група учесници ја пееја Марсељезата, а на улиците беа видени возила слични на оние од карневалските поворки.

Поради еднодневниот штрајк, на кој му се придружија некои работници од енергетскиот сектор и наставници, Ајфеловата кула беше затворена, но немаше поголеми тешкотии во сообраќајот.

Сепак, приближно два часа по почетокот, некои од луѓето на чело на колоната се судрија со полицијата, која употреби солзавец.

Немири во Лион и Рен

Во Лион, полицијата за немири употреби солзавец и тргна во акција против група демонстранти. Некои од нив, облечени во црно и со покриени лица, извикуваа антиполициски пароли.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека луѓе што фрлале пиротехнички средства запалиле пожар во средно училиште надвор од Тулуз во четврток наутро, принудувајќи ги учениците и персоналот да ја напуштат зградата додека пожарникарите го гаснат пожарот.

„Овој вид криминално однесување е апсолутен скандал“, рече министерот за образование Едуар Жефри на X.

Штрајкот во четврток наутро резултираше со намалување на производството на електрична енергија во нуклеарните централи во Франција, а Министерството за образование објави дека учествувале нешто повеќе од 15 проценти од наставниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер