НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
2НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
1Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
ЖивотКлиматските промени погубни за пчеларите и за останатото земјоделско производство Стотици хектари изгореа во општините Куманово и Старо Нагоричане изминатиов месец. Најпогодени беа селата од козјачијата каде гореше борова, дабова шума, но изгореа и површини во кумановско на повеќе локации. Проценките на штетите почнаа, општините ги испратија комисиите на терен, земјоделците изгубија обработливи површини во пониските рурални средини, претрпеа штета на имоти, изгоре добиток. Изгореа дрвја стари пет децении. Јули, годинава беше најтоплиот месец покажаа мерењата на светски научници. Екологистите се загрижени, а земјоделците најпогодени. Директна штета трпат пчеларите од двете општини кои секоја година имаат сè понизок принос, а за наредната, поради пеплосаните територии стравуваат дека ќе се повтори најлошата 2020 кога не извадија ниту тегла мед по кошничка. Во екот на пашата, раскажуваат пчеларите временските прилики биле неповолни за пчелите. Микроклимата е уште позначајна за пчеларите. Претседателот на здружението „Пчела" Куманово, Горан Митевски вели дека климатските промени директно ги погодуваат пчеларите. Тој пчелари на три локации во Којнаре, Градиште и Пезово. Микроклимата е различна од сите три места што резултира со различни приноси, па така, појаснува Митевски, просечно во Којнаре има еден килограм, во Градиште седум-осум, во Пезово од 11-12 килограми. За среќа вели, медоберот го завршил пред пожарот. – Пожарот го зафати овој дел, Мургашки рид. Доколку се измести фазата на цветање на билките што директно зависи од климата, тогаш имаме намалено нектарење, а со тоа и намален приход на мед. Пчелите ги опрашуваат растенијата, овошките што пак со годините е недоволно. Пчелата сè уште не може да се адаптира на овие страшни климатски промени, појаснува Митевски. Трајче Денчевски има два пчеларници во двете општини Старо Нагоричане и Куманово во Сув Ора и Зебрњак со 170-тина кошници. Приносите последниве четири години се едноцифрени по кошница, но сепак повисоки во Старо Нагоричане. – Според анализите во населено место има бетон, асфалт, за разлика од село каде целиот простор е со зеленило. Низ годините забележав помали приноси во градската средина. Климатските промени имаат влијание врз целокупното земјоделие што придонесува за намалени приноси низ годините, вели Денчевски. Пчеларите велат дека ќе се приклучат на акциите за пошумување не само на медоносни растенија, туку генерално во сите акции кои ќе се организираат од општините или државата. Невладините организации предупредуваат дека климатските промени најмногу ќе ги погодат земјоделците. Елена Николовска од „Еко-свест", посочува дека долгите сушни периоди влијаат врз раноградинарските култури, претходниот месец овоштарниците од ресенско претрпеа штета, претходните години излевањето на реките го преполови родот. – Според анализата за климатски екстреми во земјава направена како дел од CBIT проектот во склоп на Министерството за животна средина, можеме да очекуваме земјата во иднина да се соочи со потопла и посушна клима. Се очекуваат и екстремни бури кои ќе предизвикаат поплави. Наглите промени во времето се тешки да се предвидат, а ова значи огромни штети и загуби за земјоделците. Пожарите како директна последица од климатските екстреми предизвикуваат огромни штети и загуби, како по природните екосистеми така и по локалните заедници. Видовме како стока и житни култури се целосно пеплосани во пожарите кои ја зафатија целата држава овој месец, ова е материјална штета која државата ќе треба да ја надомести, меѓутоа нашата држава не е финансиски подготвена да ги надомести и да се справи со сите овие штети и загуби и ова е случајот со речиси сите земји во развој и неразвиени земји, вели Николовска. Државата, според неа, сè уште нема национален план за адаптација, односно приспособување на ранливите сектори кон овие новонастанати климатски услови со кој треба да се дефинира институционална рамка како и мерки и активности токму за адаптација и на секторот земјоделие. Извршната директорка на „Рурална Коалиција", Лилјана Јоноски пак додава дека токму климатските промени се закана за биодиверзитетот, земјоделските екосистеми и човечка благосостојба. Според истражувањата има помали приноси во растителното производство каде што одредени сорти повеќе или не успеваат на овие простори, а во минатото давале максимални приноси. – Сведоци и на драстично намалување на приносите кај речиси сите земјоделски култури коишто се одгледуваат во државата. Ова намалување до 2025 ќе се движи до десет процени. Климатските промени за земјоделството носат двоен предизвик: од една страна земјоделството мора да ги намалува емисиите на јаглерод диоксид, метан и азот оксид во атмосферата, а од друга страна да презема мерки за адаптирање кон климатските промени чиј ефект е сè повидлив. Тоа ќе влијае и врз креирањето на земјоделските политики и стратегии, како и постепено адаптирање на правилата коишто заедничката земјоделска политика веќе ги има воведено за земјоделците коишто живеат во држави-членки на Европската Унија, а кон којашто се стремиме и ние, потенцира Јоноски. Јоноски смета дека е важно да се работи на свеста кај земјоделците, бидејќи ѝ покрај штетите, мал е процентот на земјоделците кои преземаат мерки за ублажување на климатските промени, сметајќи дека тие се сè уште далеку од нас. – За влијание врз креирањето на политиките освен неколку обиди на поголемите граѓански организации во секторот не може ни да стане збор, па согласно последните трендови во ЕУ и заедничката земјоделска политика, потребата од климатски акции за климатските промени во земјоделството и подигнување на свеста кај земјоделците за потребата од нивна директна акција на терен како и на сите нас станува нужна, рече Јоноски. Потребна е адаптација на ранливите сектори како што е земјоделството кон сегашната состојба сметаат, граѓанските организации. Општините засега немаат законска обврска да изработуваат општински планови за адаптација, но во интерес на локалниот економски развој потребно е да се подготват планови за адаптација. Општина Старо Нагоричане има подготвено стратегија за локален економски развој и за развој на туризмот во кои има неколку мерки кои би ги ублажиле климатските промени. Климата во оваа општина може да се дефинира како умерена со изменето медитерански влијанија, богата е со вегетација која варира од ниски кон високи прегледи и генерално е чиста незагадена средина. – Како рурална општина, населението во Старо Нагоричане се занимава со традиционално земјоделство, сточарство и одгледување на традиционални земјоделски култури. Општината има потенцијал за воведување нови култури, воспоставување модели за производство на органска храна и развој на пчеларството како специфична гранка. Во тој контекст ќе биде важно да се искористат мерките за поддршка на развојот на земјоделството предвидени со Националната стратегија за земјоделство и рурален развој и да се овозможи едукација на населението за воведување нови производи и нов начин на работа, се наведува во стратегијата за ЛЕР. Меѓу стратешките цели на општината е подобрување на руралниот развој, развој на земјоделството, зголемена информираност на земјоделците, аплицирање на домашни и странски проекти, искористување и унапредување на сточарство, на производството на храна. Оттука можат да се црпат идеи за приспособување на целиот сектор земјоделство кон климатските промени. Општина Куманово во моментов подготвува нова програма за рурален развој. До крајот на годинава се очекува да биде подготвена петгодишна стратегија за рурален развој во која ќе бидат опфатени сите рурални средини во општината. Екипи од општината на терен ги согледуваат проблемите со кои се соочуваат руралните средини, подготвена е база на податоци. Ахмет Јашаровски од одделението за локален економски развој од општина Куманово вели дека проблемите ќе се решаваат со поддршка на домашни и странски фондови. – Во стратегијата ќе бидат вклучени релевантни фактори, експерти, кои работат на проблематиката-климатски промени, ќе се земат предвид нивни размислувања. Дури и во моментов имаме податоци дека покрај инфраструктурата, земјоделците од кумановско ги загрижуваат климатските промени. Затоа ќе посветиме внимание на ублажување на овие негативни ефекти врз производството, појаснува Јашаровски. Поради зависноста од временските услови, храната е најмногу погодена од климатските промени. Затоа, организациите предлагаат паметно да се искористи земјиштето за да се обезбеди храна и во екстремни временски услови. Агро-екологијата е пример за искористување на постоечките екосистеми за да се произведе храна, во исто време ја зголемува отпорноста на посевите од наглите топлотни бранови и поплави, кои изминатава деценија станаа сè почести./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКарни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокејКанада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни.Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни пред новинарите. Канада, клучен меѓународен сојузник на Украина во војната против Русија, веќе ја осуди одлуката на Спортскиот арбитражен суд од минатата недела, со која им се дозволува на Русите да се натпреваруваат на настани организирани од Меѓународната федерација за хокеј на мраз. Предвидено е Светското јуниорско првенство да се одржи во периодот од крајот на декември до почетокот на јануари. „Сè додека Русија и Белорусија ја поддржуваат оваа незаконска, неоправдана и ужасна војна во Украина, и сè додека таа трае, ниту еден од тие спортисти нема да се натпреварува за својата земја во Канада“, изјави канадскиот премиер. „Значи, ако прашувате конкретно за Светското јуниорско првенство – Русите нема да бидат таму“, рече тој на телевизиска прес-конференција одржана по завршувањето на самитот во Антигва. Претходно во вторникот, националните федерации за хокеј на мраз на Норвешка, Данска, Шведска и Чешка изјавија дека ќе одбијат да играат против Русија на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи, кое следната година ќе се одржи во Германија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаНов хаос во Грција: Евролигата покрена постапка против газдата на Пана, Јанакопулос! Евролигата покрена дисциплинска постапка против Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откако тој на социјалните мрежи сподели содржина директно насочена кон Олимпијакос и неговиот тренер Јоргос Барцокас.Судирот меѓу двата најголеми грчки кошаркарски ривали со тоа доби нова димензија, а контроверзниот прв човек на атинските „зелени“ повторно се најде во центарот на вниманието. Јанакопулос на своите профили сподели објави и пораки што претходно беа истакнати од навивачите на Панатинаикос за време на натпреварот од Евролигата против Басконија. Нивната содржина се однесуваше на тековната истрага во Грција за сомнежи околу регуларноста на одредени кошаркарски натпревари, при што се алудираше дека Олимпијакос и неговиот тренер би можеле да бидат вмешани во целата афера. Во пораките се спомнуваа наводно местење на натпревари и „валкани пари“, што дополнително ја вжешти и онака напнатата атмосфера меѓу двата табора. Панатинаикос не остана без одговор на потегот на Евролигата, туку реагираше со официјално соопштение во кое го насочи вниманието кон ставовите на својот најголем ривал за случувањата во грчката кошарка. Атинскиот клуб потсети дека Олимпијакос своевремено го оценил изборот на Вангелис Лиолис за претседател на Грчката кошаркарска федерација како „одличен“, притоа забележувајќи дека клубот од Пиреја јавно не реагирал на она што Панатинаикос го нарекува најголем скандал во историјата на грчката кошарка. Останува да се види каква одлука ќе донесат дисциплинските органи на Евролигата и дали Јанакопулос ќе се соочи со последици поради своите објави.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Flydubai“ повторно гo поврзува Скопје со Дубаи и поширокоАвионската компанија „flydubai“ најави повторно воведување летови меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром Скопје (SKP), со што се воспоставува врската меѓу Дубаи и главниот град на Македонија. Линијата до Скопје, која ќе сообраќа три пати неделно почнувајќи од 01 април 2027 година, ќе овозможи патниците да имаат пристап до премиум бизнис-класата на „flydubai“ и до целокупната понуда во економската класа. Обновувањето на летовите кон Скопје го одразува континуираниот фокус на „flydubai“ врз пазарите што имале малку директни врски со Дубаи и врз зајакнување на позицијата на градот како глобален воздухопловен центар. Скопје повторно ќе има корист од директната врска со Дубаи, додека патниците од Дубаи и Обединетите Арапски Емирати ќе добијат лесен пристап до една од најдинамичните и културно најбогатите дестинации на Балканот. Гаит Ал Гаит, главен извршен директор на „флајдубаи“ (flydubai),објаснува: „Поврзаноста е клучен дел од успехот на Дубаи како глобален воздухопловен центар. Со поврзување на пазари кои имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи, во „флајдубаи“ отсекогаш сме верувале дека поврзаноста отвора можности за туризам, трговија и културна размена. Низ годините, поврзавме многу градови кои претходно имаа ограничени директни врски со Дубаи и со поширокиот свет. Враќањето во Скопје ја одразува таа континуирана посветеност“. Исто така, Џејхун Ефенди, виш потпретседател на одделот за комерцијални операции и е-трговија во flydubai, вели:„Европа продолжува да биде важен дел од нашата мрежна стратегија. Обновувањето на летовите до Скопје дава поголем избор и флексибилност на нашите клиенти а воедно обезбедува и атрактивна опција за патување на едно место за туристите, деловните патници и на патниците од македонската дијаспора од Австралија и Азија. Нашите операции ќе почнат со услуга која се одвива три пати недело и уверени сме дека побарувачката ќе расте, бидејќи повеќе клиенти ќе ја искористат атрактивната понуда за застанување во Дубаи, додека се поврзуваат надвор од градот“. Во рамки на партнерството за заедничко користење летови (Codeshare) меѓу flydubai и Emirates, со еднократно застанување во Дубаи преку Терминал 3, патниците кои патуваат за Скопје ќе уживаат во беспрекорен пристап до стотици дестинации во комбинираната мрежа на двата авиопревозници, притоа уживајќи во погодноста на единствена резервација и багаж регистриран директно до крајната дестинација. Патниците што патуваат од Скопје ќе можат, преку Emirates, да продолжат кон дестинации во Австралија, азиските центри како Шангај и Сингапур и кон популарни дестинации во мрежата на Flydubai, вклучувајќи ги Бангкок, Коломбо и Занзибар. Скопје е најновото проширување на растечката меѓународна мрежа на „флајдубаи“ (flydubai), по неодамнешното воведување летови до Бангкок во Тајланд, Бенгази во Либија и Похара во Непал, со што мрежата на „флајдубаи“ сега опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји. Македонија, една од најдобро чуваните тајни на Балканот, служи како порта кон Европа. Од впечатливите пејзажи околу Охридското Езеро и Шар Планина сè до живописната култура на кафулиња во Скопје и богатото отоманско, византиско и европско наследство во регионот, земјата ги комбинира природните убавини, културата и вредностите за патниците кои бараат нови искуства надвор од традиционалните европски метрополи. Посетителите може да ја истражат Старата чаршија со нејзиниот уникатен дух, да преминат преку знаменитиот Камен мост кон плоштадот „Македонија“ и да откријат културни атракции, меѓу кои се тврдината Кале и Спомен-куќата на Мајка Тереза. Патниците кои патуваат меѓу Дубаи и Скопје може да очекуваат удобно патување со модерната и млада флота на flydubai, која се состои од 99 авиони од типот Boeing 737. Патниците во бизнис-класата може да се релаксираат во пространи седишта што се претвораат во рамни лежаи и да уживаат во менија инспирирани од меѓународната кујна, како и во широк избор содржини за забава за време на летот. Во економската класа, патниците можат да уживаат во удобни седишта со избор на бесплатни оброци и содржини за забава во текот на целото патување. Во тек е воведување Starlink во целата флота на flydubai, со што на патниците им се овозможува бесплатен и брз Wi-Fi интернет. Летовите меѓу Меѓународниот аеродром Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром во Скопјe (SKP) ќе сообраќаат три пати неделно, во понеделник, четврток и сабота, со поаѓање од Терминал 3 на DXB. Цените на повратните карти за бизнис класа од Скопјe до Дубаи почнуваат од 3.000 евра а цените за економска класа Lite почнуваат од 580 евра. Цените за повратен лет во бизнис-класа од Дубаи до Скопје почнуваат од 12.500 AED (приближно 187.000 македонски денари), додека цените за економска класа Lite почнуваат од 2.800 AED (42.000 македонски денари). Летовите може да се резервираат преку Flydubai.com, официјалната апликација на Flydubai, Контакт центарот во ОАЕ на (+971) 600 54 44 45, во продажните салони на Flydubai или преку туристички партнери. За целосниот распоред на летови, ве молиме посетете ја страницата flydubai.com/en/flying-with-us/timetable. Од своето седиште во Дубаи, flydubai изгради мрежа од над 125 дестинации, опслужувани од флота од 98 авиони. Од почетокот на своето работење во јуни 2009 година, flydubai е посветена на отстранување на пречките за патување, овозможување слободен проток на трговија и туризам и зајакнување на поврзаноста меѓу различни култури низ својата мрежа која постојано се проширува. flydubai го одбележа својот развоен пат со низа значајни достигнувања: Мрежа со постојан раст: Создадена е мрежа од над 125 дестинации во 56 земји низ Африка, Централна Азија, земјите од Кавказот, Централна и Југоисточна Европа, земјите од Советот за соработка во Заливот (GCC) и Блискиот Исток, Јужна Азија и Југоисточна Азија. Опслужување на пазари со недоволна покриеност: Воведени се повеќе од 100 нови линии до дестинации кои претходно немале директни воздушни врски со Дубаи или не биле опслужувани од национален авиопревозник од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на летови од Дубаи. Ефикасна флота од еден тип авиони: Компанијата оперира со флота составена од еден тип авиони – вкупно 98 летала од семејството „Боинг 737“ (Boeing 737) и тоа: 25 авиони „Боинг 737-800“ од новата генерација (Next-Generation), 69 авиони „Боинг 737 MAX 8“ и 4 авиони „Боинг 737 MAX 9“. Подобрување на поврзаноста: Од почеток на работењето во 2009 година, превезени се повеќе од 137 милиони патници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00