1Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово
Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
Шоу бизЌерката на Синди Крафорд тврди дека врз неа бил извршен егзорцизам (ФОТО)Актерката Каја Гербер откри дека нејзината мајка, супермоделот Синди Крофорд, како дете организирала егзорцизам врз неа.Гербер за прв пат јавно проговори за тоа во подкастот „Mitch Churi Chat Show“, каде што беше гостинка со колегата Греам Кембел, пишува Entertainment Weekly. Необично искуство од детството За време на разговорот за соработката со продуцентот Рајан Марфи, Гербер рекла дека нејзината мајка Синди Крафорд ѝ дала света вода за снимањето на серијата „American Horror Story: Double Feature“. „Ми кажаа дека сум била опседната како дете“, објасни таа, додавајќи дека целиот свој живот се чувствувала како да е „прогонувана од духови“. „Се чувствувам како да привлекувам суштества од друга димензија на многу опуштен начин“, објасни таа. Кога директно ја прашале дали навистина е извршен егзорцизам врз неа, Гербер одговорила потврдно. „Дали знаете како го изведоа? Свиреа диџериду над мене, така изгледаше“, откри таа и појасни дека станува збор за традиционален австралиски абориџински дувачки инструмент. Иако не даде повеќе детали, таа ја потврди автентичноста на настанот. „Навистина се случи. Никогаш не зборував за тоа“, заклучи таа. Нова улога во серијата „The Shards“ Гербер моментално глуми во новата серија на Рајан Марфи „The Shards“, базирана на истоимената книга на Брет Истон Елис од 2023 година. Во подкастот, таа истакна дека нејзината улога во серијата била „сон“. „Пораснав со „Glee“, гледав сè што правеше Марфи, дури се вратив и на „Nip/Tuck“. Навистина ја следам целата негова кариера и сè што создава ми изгледа совршено“, рече таа за соработката со познатиот продуцент. Серијата „The Shards“ се одвива во Лос Анџелес во 1980-тите. Таа следи група привилегирани дипломци на елитно приватно училиште кои се соочуваат со прашања за идентитет, пол, љубомора, опсесија и опасностите што се кријат под површината на растењето во Америка. View this post on Instagram A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) За септемвриското издание на списанието „Вог“, Гербер зборуваше за носталгијата за времето пред интернетот, што е евоцирано во серијата. „Гледате „The Shards“ и копнеете по времето кога не сте биле на мобилен телефон, кога можевте да западнете во неволја, а следниот ден да не завршите на интернет“, рече таа. Заедно со Гербер и Кембел, во екипата на серијата се и Хомер Гир, Хејс Ворнер, Еван Рејчел Вуд и Вес Бентли. Тагови: синди крафорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНароден правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во ТетовоПокрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082, Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛТагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветЗеленски: Можна е средба со Русите во МајамиОфицијални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места. „Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“. Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс. „САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали. Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.Тагови: Володимир Зеленски русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42