Ќерката на претепаната жена во Домот за стари во Пеќ: Не можев да поверувам дека ја тепаат - Канал 5

Ќерката на претепаната жена во Домот за стари во Пеќ: Не можев да поверувам дека ја тепаат

Во Домот за стари лица во Пеќ уапсени се три лица осомничени за физичко насилство врз повозрасна жена и им е одреден 48 часовен притвор.

Ќерката на претепаната жена во Домот за стари во Пеќ: Не можев да поверувам  дека ја тепаат

Две жени се осомничени за физички напад, додека третото лице, кое беше уапсено во текот на денот, е осомничено за „неовластено фотографирање или снимање“.

Ќерката на старица која била физички малтретирана во дом за стари лица во Пеќ, во емотивна изјава вели дека била шокирана од насилството што го доживеала нејзината мајка, пренесува ТВ „Дукаџини“.

Жанет Нура даде детали за тоа што ѝ се случило на нејзината мајка, велејќи дека ја посетувала еднаш или двапати неделно.

Нура наведува дека пред четири дена при посета на домот за стари лица забележала траги на насилство на лицето на нејзината мајка, но дека не можела да поверува дека тоа доаѓа од вработените во Домот.

„Ја посетував барем еднаш или двапати неделно, а пред четири-пет дена видов траги на насилство на нејзиното лице, но не можев да верувам дека во таков дом може да дојде од вработен. Автоматски ја извлеков мајка ми од таму, а сега се надевам дека правдата ќе биде задоволена и случајот ќе се реши. Тоа ѝ се случи на мајка ми, но да не дозволиме да им се случи на другите“, рече таа.

„Да се ​​употреби насилство врз седумдесетгодишна жена... Три сестри, едната ја држеше за раце, а другите ѝ се смееја - тоа е крај на светот. Многу сум потресена“, продолжува Нура. .

Ќерката на злоставуваната жена вели дека ќе стори се што е во нејзина моќ за да се задоволи правдата.

Таткото на медицинската сестра која физички ја нападна постарата жена во Пеќ, Наим Пељај, јавно се извини за постапката на неговата ќерка. Тој во изјава за Клан Косова јавно му се извини и на семејството на Нура од Ѓаковица, велејќи дека објавените видеа длабоко го погодиле него, но и неговото семејство, пренесува Еуроњуз.

Настанот предизвика големо негодување во Косово, особено поради тоа што синот на оваа старица, Таулант Нура, како 17 годишник загинал во 1999 година во близина на Ѓаковица како припадник на ОВК.

„Почитувано семејство и мајка на борецот за слобода, Таулант Нура, благодарение на чија пролеана крв, денес уживаме во слободата. Ја споделуваме вашата болка и сочувствуваме со вас во болката што ви ја предизвика нашата ќерка“, рече Пелај.

„Знам дека поминувате низ тешки времиња, но дозволете ни јавно да се извиниме во име на моето семејство Пељај, од Нови Село кај Пеќ, на вас, на семејството Нура и на целиот албански народ. Со Божја помош, овој случај нема да се повтори. Морално и духовно, ви го должиме животот на вас, семејството Нура од Ѓаковица, за душевната трагедија што ви ја предизвика нашата ќерка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран

Дојран продолжува да го открива своето богато археолошко наследство.

Продолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран

Праисториската наколна населба кај Мрдаја, во Стар Дојран ќе се истражува и оваа година. Според информациите од Националната установа „Завод и музеј - Струмица", археолошките истражувања се реализираат со учество на археолошки тим од оваа институција, предводен од м-р Зоран Рујак, археолог советник кустос, а се поддржани од Министерството за култура и туризам.

Годинашната кампања е насочена кон истражување на праисториската наколна населба на брегот на Дојранското Езеро, со посебно внимание на содржините и просторните габарити на населбата, како и на временската рамка во која се одвивал животот во неа.

- Уште на самиот почеток, истражувањата дадоа непроценливи сознанија со кои животот во населбата започнал многу порано отколку што досега се мислеше. Досегашните сознанија зборуваа дека наколната населба е од доцното бронзено време и преодниот период помеѓу бронзеното и железното време. Со новите истражувања, се појавија докази, за почетоците на животот во населбата, уште во текот на средното бронзено време. Со ова, почетокот на животот во населбата се враќа во првата половина на вториот милениум пред н.е. - се вели во објавата на НУ „Завод и музеј - Струмица".

Според археолошкиот тим, одредени наоди укажале на широка трговска активност со далечните региони, па дури и со бронзанодобската населба на локалитетот Цареви Кули, Струмица. Заедно со неолитската населба на локалитетот Споменикот-Атици, кај Црничани, праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран продолжува да биде место каде што археологијата се среќава со богатото културно наследство на Дојран и Југоисточниот Регион на земјава, велат тие.

Покрај археолошките истражувања на праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран, во тек е и изработка на Основен проект за Музеј на вода, во водите на Дојранското Езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.

Поранешниот англиски фудбалски репрезенативец Андрос Таунсенд (35), кој настапуваше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас и Евертон, доживеа неверојатен инцидент додека се загреваше во Тајланд. 

Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.

Таунсенд се загреваше за време на полувремето од натпреварот меѓу неговиот тим, Прачуап, и Патани. Додека се обидуваше да ја удри топката, тој излезе од просторот предвиден за загревање.

Во тој момент, кон него се движеше валјак за рамнење на теренот, а возачот не го забележа навреме.

-Валјакот го удри Таунсенд во нозете, го собори на земја, а потоа продолжи да се движи преку неговото тело, стигнувајќи сè до половината. Возачот потоа ја запре машината, а соиграчите на Таунсенд веднаш притрчаа да му помогнат. За среќа, Таунсенд помина без сериозни повреди. По инцидентот, тој го продолжи загревањето, па дури и влезе во игра. Тој ја одигра последната минута од натпреварот, во кој неговиот тим, Прачуап, победи со 3–0.

По бизарниот настан, Таунсенд очигледно одлучи сè да претвори во шега. Тој објави видео од инцидентот на социјалните мрежи и се пошегува на сметка на својот поранешен клуб Стоук Сити, познат по својот физички напорен фудбал. „Стоук не беше толку лош“, рече Таунсенд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 година

Сојуз на синдикатите на Македонија  денеска ја објави Синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година.

ССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 година

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 год. која изнесува 68 675,00 денари е зголемена за 757,00 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември изнесува 84 807,00 денари.

Структура на новата СMK за месец септември 2026 година

03. Станарина, вода, електрична енергија 21.754

и греење ( со изнајмен стан 60м2 )

Синдикална минимална кошница вкупно: 84.807 100 %

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер