СветТрамп се врати на бината и ги исмеа новинарите: Да не бев јас, ќе немаше за што да известувате (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп на одложената вечера на Здружението на дописници од Белата куќа упати остри критики кон медиумите.Американскиот претседател Доналд Трамп на одложената вечера на Здружението на дописници од Белата куќа упати остри критики кон медиумите, но дел од говорот го искористи и за шеги и помирувачки пораки. Церемонијата, на која се слави слободата на медиумите, се одржа три месеци откако првичниот настан беше откажан поради пукањето, пишува Би-Би-Си. Критики, шеги и покана за дебата Иако многу дописници очекуваа Трамп остро да ги осуди медиумите, неговиот говор, кој траеше еден час, доби променлив тон. Понекогаш беше срдечен и помирувачки. Се пошегува дека „вториот пат е секогаш подобар“ и додаде дека ги почитува „повеќето“ од присутните новинари. „Како што реков пред три месеци, претставата мора да продолжи“, рече Трамп. Од друга страна, тој обвини многу присутни дека страдаат од „синдром на растројство на Трамп“ и упати директни навреди кон неколку новинари. Личните напади се проширија и на демократски политичари и познати личности. Во еден момент тој изјави: „Ова е навистина најголемата група луѓе со „синдром на растројство на Трамп“ што некогаш се собрале на едно место“. Trump: This place is the largest group of Trump Derangement Syndrome people ever put together at one time, I suspect. pic.twitter.com/vApkVOWDaS — Clash Report (@clashreport) July 25, 2026 Претседателот се пошегува дека медиумската индустрија ќе пропадне откако ќе ја напушти функцијата бидејќи „нема што да се известува“, потоа облече шапка „Трамп 2028“ и рече дека ќе се кандидира за уште еден мандат. Во говорот, тој исто така ги повика Американците да ја почитуваат слободата на говорот. „Ние не ги решаваме нашите разлики со куршуми, туку со отворена и енергична дискусија. И ниеден пореметен губитник со пиштол никогаш нема да го промени тоа. Не смееме да дозволиме тоа никогаш да се случи“, рече тој. Trump to journalists: When I'm gone, you're all gonna be broke. Your business model is gonna be finished. When I'm not around, you're gonna be broke. There's not gonna be anybody to report on. Nobody gives a damn about anybody else. pic.twitter.com/VVZbXk236j — Clash Report (@clashreport) July 25, 2026 Церемонијата во сенка на нападот Настанот се одржа во значително различни околности од вообичаените. Оригиналната вечера во април беше прекината поради пукањето, а поранешната раководителка на здружението изјави дека „таа нема да дозволи чин на насилство да го има последниот збор“. Новата претседателка на WHCA, Веиџија Џијанг од CBS News, објави дека следната година настанот ќе се врати во хотелот Вашингтон Хилтон, местото на нападот. Во текот на вечерта, Трамп му додели награда на Виктор Гонзалез, агентот на Тајната служба кој беше ранет во април, за неговиот одговор ноќта на пукањето. Осомничениот за нападот, 31-годишниот Кол Томас Ален, е обвинет за обид за атентат врз претседателот. Агентите го совладале непосредно пред скалите што воделе до салата каде што требало да започне вечерата. Поради овие околности, настанот бил значително помал, со околу 700 присутни во споредба со повеќе од 2.000 во април. Безбедносните мерки биле исклучително строги, со блокирани улици околу хотелот и силно присуство на полицијата и Националната гарда. Гостите поминале низ две безбедносни проверки, а во еден момент морале да одат во ред покрај агенти на Тајната служба со пушки. Trump announces he will run for a "fourth" term and dons a "Trump 2028" hat pic.twitter.com/dtgujof2Vs — FactPost (@factpostnews) July 25, 2026 Затегнатите односи со медиумите продолжуваат Односите меѓу Белата куќа и медиумите остануваат затегнати, што се гледа од неодамнешната закана на Трамп да ги одземе лиценците на телевизиските мрежи што не го емитувале неговиот говор за безбедноста на изборите. За време на вечерата, претседателот седел додека новинарите од медиумите со кои е во конфликт, како што се Њујорк Тајмс, Си-Ен-Ен и Волстрит Џурнал, примале награди. Тој стана и се ракуваше со победниците, меѓу кои беше и тимот на „Волстрит џурнал“, награден за известување за врските на Трамп со покојниот финансиер Џефри Епштајн. Меѓу другите гости на вечерата беа министерот за одбрана Пит Хегсет, вршителот на должноста министер за правда Тод Бланш, директорот на ФБИ, Кеш Пател, секретарот за финансии Скот Бесент и министерот за трговија Хауард Лутник.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви праваНепристапни тротоари и бројни пречки во секојдневието – слепите лица и лицата со оштетен вид сè уште се соочуваат со секојдневните предизвици . Не е доволно само да се обезбеди бел стап, туку и обука за безбедно и самостојно движење, вели директорката на „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска. „ Затоа обуката за ориентација и мобилност ја сметаме за еден од основните предуслови за самостојност во таа насока веќе имаме поднесе Иницијатива до Бирото за образованието и заеднички работиме на создавање услови оваа обука системски да стане достапна за учениците со оштетен вид во редовните училишта“, --Александра Јаковчевска. Беира Салифоска од училиштето „Димитар Влахов“ ја потенцира важноста токму на стручната обука: „Правилната употреба на белиот стап се учи со стручна обука, таа вклучува препознавање пречки, користење ориентири, процена на безбедност и совладување на познати и нови маршути. Потребите се менуваат со возраста, па подршката треба да продолжи и кога ученикот преминува во средното образование и почнува почесто да се движи надвор од училиштет“– Беира Салифоска, државно училиште „Димитар Влахов“. Од Сојузот на слепи лица предупредуваат дека и по децении постоење, правата на овие граѓани сè уште не се остваруваат според меѓународните стандарди. Кети Петреска бара законско признавање на факсимилот како начин на потпишување, но и поголема пристапност на јавниот простор, со тактилни патеки, безбедни премини и достапен јавен превоз. Министерката за образование, Весна Јаневска, посочи дека годинава е зголемен бројот на образовни асистенти, што според неа е важен чекор кон поинклузивно образование. „Меѓународниот ден на белиот стап е можност да се потсетиме до каде сме и до каде сме стигнале како општество, во нашата обврска на секое дете да му увозможиме да ги реализира своите соништа, таленти и потенцијали. Оваа учебна година ја почнавме со најголем број на образовни асистенти до сега, ангажиравме 1602 образовни асистенти во основното и 176 во средното образование“- Весна Јаневска. На дебатата во Собранието, по повод Меѓународниот ден на белиот стап, министерот Ѓоко Велковски порача дека Министерството ќе продолжи да работи на подобрување на социјалната заштита, поголема достапност на услугите и создавање еднакви можности за лицата со попреченост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРевизорите откриле сериозни неправилности во работата на Општина Кичево Сомнителен договор од над шест милиони евра за јавно осветлување, речиси еден милион евра за капитални проекти кои воопшто не биле предвидени од годишната програмаСомнителен договор од над шест милиони евра за јавно осветлување, речиси еден милион евра за капитални проекти кои воопшто не биле предвидени од годишната програма, како и побарувања од до граѓани и фирми што останале неплатени со години, дел од нив повеќе од деценија – извештајот на ревизорите за работата на опшитина Кичево за 2024 година, кога со нејзе стопанисуваше Фатмир Дехари, утврди сериозен законски и финансиски хаос. Покрај договорот за осветлувањето, со кој општината била обврзана да плаќа 34 илјади евра месечно во период од 15 години за модернизација и одржување, се истакнува и паркот во с. Зајас од речиси половина милион евра без соодветна документација, а денеска и запуштен. -Јавното приватно партнерство за модернизација на јавното осветлување, кој поради својата значајна финансиска вредност и долгорочно обврски претставува прашање од висок ризик за буџетот. Утврдени се значајни отстапувања во сите фази на постапката, вклучително недостиг на целосна подготвителна документација исто така и слабости во реализација на договорт, што создава финансиски и правни ризици во текот на целиот период на реализацијата на договорот. Одржувањето на системот опфаќа замена на светилки со лед, поставување на дополнителни илјада светилки и поставување на 234 ормарчиња за контрола на истите,- -Марина Блажеска – Пом. главен државен ревизор. Фрапиран од договорот за осветлување бил и актуелниот градоначалник Александар Јовановски, кој вели секој месец стигала фактура за плаќање на нешто што воопшто не соодвествувало со фактичката состојба и без никаков извештај за што и каде се потрошени тие средства. Општината го раскинала договорот. Според тој фамозен договор се наведени илјадници, илјадници сијалици кои треба да се менуваат, се менувале или не се менувале со различни спецификации, искрено не можам да ви кажам што точно е сработено, само можам да кажам дека ништо од тоа што е договорено не соодвествува со фактичката состојба.Презедовме чекори за расчистување на случајот и раскинување на договорот, и на почетокот на овој месец успеавме конечно да го раскинеме и го известивме конзорциумот од четири фирми, едната со седиште во Гостивар, носителот. Во Кичево не била направена ниту ре-проценка на недвижните имоти од 2008 година, па 1340 лица плаќале данок на имот само по 200 денари. Јовановски вели дека процесот на ре-проценка е во полн ек ќе ја опфати целата општина. Дополнително, за 100 телефонски броеви од договор во 2023 година нема никаква документација дека се распределени на вработени и не функционираат, а за тоа се плаќа 10.000 евра годишно. Од скопското обвинителството за Канал 5 посочија дека ревизорскиот извештај е веќе кај нив и дека по истиот ќе се постапува за проверка на наводите. Неофицијално, според информации на Канал 5 и МВР веќе го чешла извештајот. Екс-градоначалникот на Кичево – Фатмир Дехари веќе се соочува со повеќе кривични пријави за злоупотреби во работењето во општината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
ЕвропаПред Европскиот Совет предлогот за квалификувано мнозинство Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот Совет. И покрај евидентата поделеност околу прашањето кое треба во иднина драстично да го ограничи ветото, европските лидери во Брисел имаат два дена да ги доближат ставовите. Основната цел, како што најави шефицата на европската дипломатија е билатералните прашања да останат на страна. -Ќе дискутираме и за процесот на проширување. Навистина е важно да не го билатерализираме процесот на проширување. Ако го гледаме процесот на проширување како таков, Европа е многу мал континент. Всушност, треба да бидеме посилни заедно со оние земји што се во Европа. , изјави Каја Калас, висока претставничка за европска и безбедносна политика. Но, билатералните прашања во Брисел не останаа на страна. Хрватскиот премиер Пленковиќ излезе со список од осум услови за Црна Гора, кои Подгорица треба да ги исполни пред да стане полноправна членка, а се поврзани со хрватските бранители, со имотно-правниот статус на Хрватите во Црна гора и со процесуирање на воени злосторства. Пленковиќ вели досега Хрватска ja имала толеранцијата, што на пример, ја немале Грција и Бугарија кон Македонија. -Го имате примерот со Македонија, која во времето на Самитот во Загреб во 2000 година беше пред Хрватска од институционалниот аспект, пред Хрватска. Тие се уште не ги отвориле преговорите. Постојат две држави, кои од 2005-та до 2026-та ѝ зедоа 21 година иституционално приближување на Македонија во ЕУ. Хрватска не зазеде таков пристап. , изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Црна Гора и денеска во Брисел беше посочена за најнапредна меѓу земјите – кандидатки, а по неа Албанија, Украина и Молдавија, кои наскоро ќе треба да добијат таканаречени патокази за забрзано членство. Унгарскиот премиер Маѓар порача Украина да не се става на брза лента. -Не постои таков датум (за Украина). Ако го погледнеме Западен Балкан, каде што земји чекаат по 15 години да ѝ се придужат на Унијата, така што, таа не е многу блиску до приклучување. Не веруваме во послаби или посилни членства, во пасивни или паралелни членства. Веруваме само во вистинско членство, кое (за Украина) може да потрае 15 или 20 години. , изјави Петер Маѓар, премиер на Унгарија. Еврокомесарката Марта Кос, која неодамна го презентираше предлогот за ограничување на ветото, пред два дена призна дека предлогот не е прифатен подеднакво од сите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook