Ќе продолжат ли да сообраќаат приватните автобуси?

И натаму непозната судбината на приватните автобуси во метрополата, договорот кој што имаат со Град Скопје истекува на крајот од годината, па останува дилемата дали од први јануари тие ќе продолжат да сообраќаат. 

Дали ќе се објави нов оглас и под кои успови побаравме одговори од градоначалничката Арсовска, но таа и денеска е недостапна за прашањата на медиумите.

Директорот на „Слободен превоз“, Ленин Јовановски, вели дека се уште немаат контакт со Арсовска во однос на продолжувањето на соработката, но постојат две правни опции, едната е на одреден период да се продолжат постојните договори, а другата е распишување на нов оглас.

-Доколку се оди на нов оглас треба да се земе во предвид краткиот период во кој што истиот треба да биде објавен и реализиран за не дојдеме до еден вакуум простор, односно да автобусите застанат од приватните превозници кои што во моментов покриваат 30% од вкупниот јавен превоз, што би значело комплетен колапс на јавниот превоз во Град Скопје.-Ленин Јовановски – Директор на „Слободен превоз“ – Приватен градски превозник.

Јовановски демантира дека автобусите се стари и оти загадуваат, вели намалена е старосната граница на возниот парк, кој ги исполнува еколошките стандарди. Сепак очекуваат Арсовска да опстои на ветувањето за подновување на возниот парк на приватниците. Граѓаните со поделени мислења, дел задоволни од условите кои ги нудат приватните превозници, други пак укажуваат на мааните. Генерално се сложуваат дека превозот е ненавремен и дека се создава метеж.

Од МВР за Канал 5 велат дека од ноември-минатата година, па досега само во Скопје се напишани 400 казни на јавни превозници. Од понеделникот според информациите голем дел на приватни превозници не сообраќаат бидејќи се испратени на технички преглед. Од 25 контролирани, шест се исклучени од сообраќај поради неисправни кочници и уред за управување. Во денешната акција полицијата казнила 22 возила, меѓу кои има и приватни автобуси, токму поради наведените дефекти.

Арсовска во предизборната кампања најави дека ќе набави нови 250 еколошки автобуси, а исто така кажа дека ќе има субвенции и за приватните превозници, како и подновување на нивниот возен парк.

Фото: Нивес сними спот за новиот хит

Пејачката и актерка Нивес Целзијус (42) претходно го откри малку чудниот текст на нејзината нова песна „Моја пила“, која за многу кратко време влезе во главата на многу обожаватели,

Сега таа ги извести своите фанови дека снимила спот за тој хит.

„Брм, брм! Снимивме видео за Пила!“, напиша таа во описот на објавата на Инстаграм, каде објави три фотографии на кои позира во кроп топ кошулата на која пишува: „Брм, Брм“.

Обожавателите едвај чекаат да излезе спотот на нејзината песна.

После тоа, таа на својата инстаграм приказна објави дел од видеото во кое стои пред автомобилот и држи црево во раката и го прска во воздух.

Да потсетиме, Нивес по објавувањето на стиховите на песните не престана да ги пее на своите објави, а набргу потоа објави дека направила и маички со дел од стиховите. „Маичките се готови“, напиша тогаш Нивес на на Инстаграм.

Извор: Аваз

Реал Мадрид го купи Хоселу и го испрати во Катар

Реал Мадрид ја активираше откупната клаузула на Хоселу, официјално објави неговиот поранешен клуб Еспањол.

Напаѓачот ја мина претходната кампања како позајмен на „Сантијаго Бернабеу“ и импресионираше со своите игри, постигнувајќи 17 голови во сите натпреварувања и беше клучен за пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Веќе неколку недели е познато дека Хоселу, кој моментално е дел од репрезентацијата на Шпанија на ЕП 2024, речиси сигурно следната година ќе биде дел од катарски Ал-Гарафа. Токму во врска со тоа се и постапките на раководството на Реал Мадрид, бидејќи од „лос бланкос“ ќе инкасираат иста сума од азиските претставници.

Во пракса, тие му прават услуга на играчот, кој имаше сериозна загриженост дека Еспањол може да се обиде да го искомплицира потенцијалниот договор со Ал-Гарафа, поставувајќи им многу посериозни финансиски барања.

„Папагалите“ повторно ќе бидат дел од Ла Лига по една сезона во „егзил“ во второто ниво на шпанскиот фудбал. /МИА

Радев нема да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО

Претседателот на Бугарија, Румен Радев не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, што ќе се одржи од 9 до 11 јули.

Како што објави БТА, одлуката на Радев е поради тоа што тој „не прифаќа некои одредби од рамковните позиции усвоени од Советот на министри, кои се однесуваат на обврските што нашата земја ги презема во однос на војната во Украина“.

Министерскиот совет вчера ги одобри рамковните позиции на Бугарија за Самитот на НАТО. Со истата одлука се предлага претседателот Радев да ја предводи бугарската делегација и да ги презентира прифатените рамковни позиции. По одбивањето на Радев, бугарската делегација ќе ја предводи премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев.

Радев е поранешен генерал и пилот на борбен авион. Тој уште првиот ден ја осуди руската агресија врз Украина, но постојано ја критикува воената поддршка на бугарската Влада за Киев. /МИА

притисни ентер