Ќе има ли сместување во пристоен дом за болната Божурка - Канал 5

Ќе има ли сместување во пристоен дом за болната Божурка

77-годишната Божурка Петрушевска од кумановско село Шупљи камен, која боледува од склероза, ќе биде згрижена во соодветна институција затоа што нејзиното семејство не може да се грижи за неа. Стравувајќи да не избега или пак да не се повреди поради нејзината болест, сопругот на оваа старица ја заклучувал во сопствената куќа додека се грижел за неговите кози и извршувал други домашни обврски.

Ќе има ли сместување во пристоен дом за болната Божурка
Пред неколку дена роднина на оваа баба, за Канал5 раскажала дека Божурка живее во мизерија, беда, чувана во нечовечки услови, а нејзиниот сопруг се однесувал агресивно кон неа. По тоа, надлежни лица од Центарот за социјални работи од Куманово ја посетиле Божурка и утврдиле дека не станува збор за семејно насилство.

- Центарот веднаш излезе на терен и направи увид и посета на домот на Божурка, каде што истата беше затечена во нејзиниот дом неврзана, незаклучена. Тука беше и нејзиниот сопруг Војчо, со кого стручниот тим обави разговор и истиот негира дека некогаш се случувале такви работи како врзување и слично, изјави Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи од Куманово.

Најблиска институција за згрижување на 77-годишаната старица, според Центарот за социјални работи е Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово.

- Ќе добијат одговор од таму, со оглед на тоа дека се работи за лице со натушено здравје дали ќе може Домот за стари лица да ја смести и колку услови ќе има за тоа. Ќе продолжиме да го следиме случајот на Божурка и ќе останеме во контакт со најблиските тоднини на Божурка да им даваме помош и да следиме понатаму што ќе се случува со нив, изјави Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи од Куманово.

Децата на Божурка живеат и работат во Скопје. За нив роднината на оваа старица за Канал5 изјави дека никогаш не ја посетувале. Во разговорот со надлежните од Центарот за социјални работи, ќерката на Божурка кажала дека редовно ја посетувала својата мајка и се грижила за неа. Дури и ги повикала своите родители да живеат со неа и семејството во нивниот дом во Скопје, но поради носталгичноста за Шупљи Камен, Божурка и Војчо ја одбиле. Во истиот разговор ќерката додала дека роднината која јавно зборувала е во нарушени семејни односи со ова семејство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Во петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Состојки за денешниот рецепт:

2 тиквички

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 морков

2 компира

1 домат

1 чешне лук

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

Семејна драма се одвивала вчераутро во скопски Чаир, каде што син го запалил автомобилот на мајка си, а потоа се заканил дека ќе го запали и станот во кој живеат.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

28 годишникот бил лишен од слобода, бидејќи тој по закана дека ќе го запали автомобилот во пет часот наутро го запалил и се заканил дека ќе го запали и станот на неговата мајка.. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти министерството за внатрешни работи...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

По повод Неделата посветена на старите лица, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети Здружението „Моето гнездо“, кое ја спроведува социјалната услуга „Помош и нега во домот“ на територијата на општината. 

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

Услугата, која изминатиот период активно се реализира во Општина Илинден, е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди соодветна грижа и поддршка во домашни услови, поголема самостојност и подобар квалитет на живот.

При посетата, градоначалникот Георгиевски се запозна со досегашните активности на здружението и истакна дека грижата за повозрасните граѓани, како и за лицата со попреченост е еден од најголеми приоритети на локалната самоуправа.

„Со воспоставувањето на услугата „Помош и нега во домот“ овозможуваме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Особено ме радува што оваа услуга веќе активно се спроведува на територијата на Општина Илинден. Ќе продолжиме да вложуваме во развојот на социјалните услуги, бидејќи секој граѓанин заслужжува да има можност за достоинствен и квалитетен живот“, истакна градоначалникот Георгиевски.

Сите заинтересирани граѓани кои имаат потреба од услугата „Помош и нега во домот“ можат да се обратат на телефонскиот број 079 340 473, каде што ќе добијат дополнителни информации за начинот на користење на услугата, која е целосно бесплатна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер