Ќе има ли консензус и околу новиот статус на СЈО?

Заев и Мицкоски на лидерската средба вечерва ќе ја кројат судбината на СЈО. Новиот предлог закон за обвинителството на Катица Јанева е една од главните причини за средбата во Владата. 

Мицкоски на средбата доаѓа откако пред неколку дена за дел од медиумите посочи дека според него, СЈО не ги исполнило очекувањата, а кажа и дека остануваат на ставот јавниот обвинител да се бира на предлог од опозицијата. Премиерот Заев пак во неколку наврати кажа дека очекува законот за СЈО да биде донесен со консензус.

За носење на новото законско решение со кое се регулира статусот на СЈО потребно е 2/3 мнозинство, за кое од владејачкото мнозинство кажаа дека се уште го немаат обезбедено. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во емисијата Само Вистина посочи дека предлог законот дава можност за автономија на СЈО.

Со новиот закон се предвидува СЈО во иднина да биде дел од ОЈО, задолжено да гони висок профил на корупција и криминал и да биде надлежно за гонење на избрани или именувани функционери. Оние истраги и предмети за кои ќе нема надлежност ќе ги преземе редовното обвинителство.

Клучната новина во законот е тоа што СЈО ќе добие надлежност да продолжи да ги води и предметите што ги отвори по јуни 2017-та, кои беа оспорени со начелното мислење од Врховниот суд. Но, во овие истраги СЈО нема да може да ги користи бомбите како докази.

Носењето на законот за СЈО ќе влијае и врз текот на преговорите со ЕУ, бидејќи е дел од пакетот реформски закони кои се неопходни за позитивна препорака од ЕК.

Новак Ѓоковиќ бил на преглед во Ургентниот центар во Белград

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ претпладнето бил на лекарски прегледи во Белград.

Како што пренесува „Информер“, Ѓоковиќ денеска околу десет часот наутро бил во Ургентниот центар, каде му била извршено скенирање на главата.

Во таа прилика, според истиот извор, Новак тајно бил примен во споменатата болница, каде биле извршени прегледи на главата, но не се знае какви се резултатите од прегледот.

Истиот извор наведува дека Новак бил расположен, па излегол да ги пречека вработените кои сакале да ја овековечат средбата со него со сувенир фотографија.

За потсетување, Новак се здоби со повреда на главата по мечот против Корентано Муте во Рим, кога додека даваше автограми, од трибините падна метално шише и го удри во главата.

Со такси лани превезени 14 341 000 патници

Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои

12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Со 1 556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

ДЗС споделува податоци и за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин, 2 752 тони дизел и на 2 239 тони автогас.

Атентарот испукал неколку куршуми во словачкиот премиер Фицо (ВИДЕО)

Полицијата веднаш го уапсила осомничениот за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Тој со неколку истрели е ранет во стомакот и градниот кош и моментално е во критична состојба.

На социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како полицајците го соборуваат осомничениот на земја и го апсат.

Не е познат идентитетот на напаѓачот, но медиумите јавуваат дека се работи за постар маж.

Веднаш е евакуирана зградата на Центарот за култура пред која беше ранет Фицо.

притисни ентер