3Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
СветКина ги отфрли обвинувањата на Украина дека ја вооружува Русија: Политичка манипулацијаМинистерството за надворешни работи на Кина ги отфрли обвинувањата на Украина за вмешаност на кинески компании во производството на воена опрема за Русија, нарекувајќи ги „неосновани“.Оваа изјава ја даде портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун како одговор на повикувањето на кинескиот амбасадор од страна на украинското МНР, пишува Укринформ, повикувајќи се на Глобал Тајмс. „Веќе јасно ја кажавме позицијата на Кина за релевантните прашања. Кина цврсто се противи на неоснованите обвинувања и политичките манипулации“, рече портпаролот. „Кинеските компании произведуваат оружје на руска територија“ Како што објави Укринформ, на 22 април, кинескиот амбасадор Ма Шенгкун беше повикан во украинското Министерство за надворешни работи поради наводи дека кинески државјани учествувале во борбите на страната на Русија и дека кинеските компании произведуваат оружје на руска територија. Заменик министерот за надворешни работи Јевхен Перебинис за време на средбата истакна дека доказите за учеството на кинеските граѓани во војната против Украина, како и вмешаноста на кинески компании во военото производство во Русија, предизвикуваат сериозна загриженост и се во спротивност со духот на партнерството меѓу Украина и Кина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно на 7 април изјави дека Украина добила информации дека Кина и доставува оружје на Русија - конкретно барут и артилерија. Кина на 18 април одговори дека не испорачала смртоносно оружје на ниту една страна во војната. Кинеското Министерство за надворешни работи уште еднаш ги отфрли сите обвинувања, нагласувајќи дека тие се политички мотивирани и неосновани.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗеленски на Маск му доделил украинскиот Орден на слободата Претседателот на Украина, Володимир Зеленски му го додели на американскиот милијардер и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, Украинскиот орден на слободата, кој беше објавен со претседателски декрет. Киев истовремено бара согласност од Маск за користење на Starlink на беспилотни летала што работат во Русија. Зеленски ги наведе „придонесите на Маск во заштитата на човечкиот живот и слободата и развојот на односите меѓу народите на Украина и САД“ како причина за доделувањето на наградата. Наградата доаѓа во време кога Украина се стреми да ја прошири употребата на беспилотни летала опремени со Starlink против руските лансери за балистички ракети. Киев се надева дека технологијата би можела да помогне во нарушувањето на способноста на Русија да напаѓа украински градови. Според Зеленски, поширокиот пристап до „Старлинк“ (Starlink) за Украина би можел да ги намали „токму оние способности на кои Русија се потпира за да ја одолговлекува војната“. Маск и понатаму се воздржува од дозволување терминалите на „Старлинк“ да функционираат над руска територија. Лице запознаено со ситуацијата изјави за порталот „Киев индепендент“ (Kyiv Independent) дека Маск смета оти тоа би претставувало „ескалација“ на војната. „Старлинк“ овозможува брза комуникација меѓу украинските борбени позиции и командните пунктови. Кога системот се користи на беспилотни летала, тој може да обезбеди врска што тешко се попречува и не е ограничена од можностите на традиционалните радио-антени. Украинските сили сè почесто користат беспилотни летала опремени со „Старлинк“ над териториите окупирани од Русија, особено на растојанија од 50 до 200 километри од линијата на фронтот. Со овие летала, тие ги напаѓаат руските логистички правци во областите каде што Киев ја интензивираше својата офанзивна кампања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Аеродром отстранува хаварисани возила од јавните површиниОпштина Аеродром продолжува со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место - депо на Општината, со што се ослободуваат паркинг-места и простор што треба да им биде достапен на граѓаните. Инспекторатот продолжува со спроведување постапка за отпадни, хаварисани и возила што се нерегистрирани повеќе од три години. По завршувањето на соодветните постапки, ќе следува нивно отстранување од јавните површини, како и соодветни санкции согласно со Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Одлуката за комунален ред на Општина Аеродром. Истото важи и за камп-приколките и чамците оставени на јавни паркинзи и на други јавни површини. Јавниот простор не смее да биде долгорочно зафатен со предмети и возила што не се во функција. Целта е јасна – повеќе слободни паркинг-места, поголема безбедност, подобар комунален ред и почист и поуреден Аеродром. Апелираме до сопствениците навремено да ги отстранат хаварисаните, отпадните и возилата што подолг период не се регистрирани, како и камп-приколките и чамците. Како Општина ќе продолжиме со засилени контроли и постапување на целата територија на Аеродром. Јавниот простор е на граѓаните и мора да биде достапен за сите. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапиЛиберално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост поради растот на доспеаните, а неплатени обврски на државата, кои на крајот на јуни 2026 година изнесуваат речиси 700 милиони евра.Според податоците на Министерството за финансии, објавени во новата „должничка листа“, доспеаните и неплатени обврски изнесуваат 692,5 милиони евра. Тоа е зголемување од повеќе од 26 милиони евра за само шест месеци, а во однос на март годинава долгот е зголемен за дополнителни 17,5 милиони евра. Се работи се пари кои што им се должат на компании, граѓански организации, јавни институции и други субјекти, од кои само обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор достигнале над 315 милиони евра, што значи дека државата доцни со плаќања кон оние кои секојдневно ја одржуваат економијата во живот. Граѓаните имаат право да знаат зошто државата бара од нив редовно да ги плаќаат своите обврски, додека самата држава создава милионски долгови кон приватниот сектор и институциите. Истовремено, граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци за секојдневното живеење, поскапи услуги и повисоки банкарски трошоци. Додека семејствата внимаваат на секој потрошен денар, државата дозволува да се наталожат стотици милиони евра неплатени обврски, а граѓаните дополнително плаќаат провизии и административни трошоци за да располагаат со сопствените пари. Не може да зборуваме за здрава економија ако државата доцни со плаќањата, јавните претпријатија создаваат огромни долгови, а трошокот за неефикасноста на системот на крајот го плаќаат граѓаните. Бараме Владата и Министерството за финансии јавно да објаснат кои се причините за растот на доспеаните и неплатени обврски и кога и како ќе бидат намирени обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор? Кои мерки планираат да ги преземат за да се спречи понатамошно задолжување на државните компании и како ќе обезбедат финансиска дисциплина во државните и локалните институции; ЛДП смета дека со јавните пари мора да се управува одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните, а не за одржување на неефикасен систем на државни компании и институции. Државата не смее да биде најголем должник, додека граѓанинот е најредовен плаќач. На граѓаните им треба економија во која државата ги плаќа своите сметки навреме, банките не ги оптоваруваат со непотребни провизии, а институциите работат ефикасно и одговорно. Тоа е суштината на либерално-демократската политика - помалку непотребни трошоци, повеќе одговорност и повеќе пари во рацете на граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26